Јас ништо не осеќам.. Ни гради ме болат ни подуеност имам веќе само огромен апетит што ми е тука секогаш пред да добијам и мокрењето си го имам.. Друго ништо. Се отепав од читање дали е можно да си бремена без симптоми пошто буквално ништо не ми е а мокрењето сигурно некоја преладеност е.. Не се радвам јас овај месец џабе.. На овај ден лани ги видов моите 2 II и на денешен ќе бев со бебче на 4 месеци Нит се водам нит се терам денес...
Не мора да имаш симптоми за да си бремена. Може и ништо да не осеќаш а да си останала. Со среќа да си видеш 2цртки.
Здраво феминки, дали може да ми препорачате нешто на природна база или храна за задебелување на ендометриумот?
Надежта последна умира. И јас треба да не добијам за 8 дена.,ќе се дружиме со чекање,можи па нема да добиеме
Фала за одговорот, јас јадам само по еден бразилски орев на ден, така имам слушнато дека само по еден се јади на ден, незнаев дека може и по 2 - 3. А ќе почнам да јадам и цвекло и ананас.
Со сигурност, верувам во тоа дека сите за брзо ќе постираме слики од позитивен тест Само со верба и надеж се се постигнува. Нема разочарување, одиме сите напред
Утре ќе одам пак за мерење фолекули и ќе ми каже докторот. Најдов инекција ако треба само да ми каже тој. Ние сме си активни деновивесе надевам на позитиврн резултат. Фала ти што ме мислиш
Здраво женски, што мислите за пакетов, и дали треба некој други испитувања освен овие што се понудени .. https://grouper.mk/deal/sante-plus-plodnost
Не ми се верува да е толку попустот. Пишува само 3 дена ама којзнае. Ако оди некоја нека пиши дали е таа цената.