После 4 месеци пробување останав бремена.. вчера дознав дека имам токсоплазма инфекција и бебето мора да се абортира
Провери имуноглобулини, дали ти е свежа или стара инфекција. Ако е стара, не би требало да има влијание врз плодот. Ако имаш мачка, мораш да ја отстраниш, барем додека да имаш бебе.
Софи извини ке ви се вмешам во разговорот, те молам да ми кажеш доколку се сеќаваш каков ви беше спермограмот?? Колку имавте со неправилна форма? Подвижност? И ние мака мачиме со истата дијагноза па да знам колкави се шансите за спонтана бременост?
Ќе ти го пратам во лична порака сега. Јас до сега три пати останав бремена. 1 и 3 слушнавме срцева акција па престана. А вториот немаше ембрион. Се надевам на 4та среќа. @IRBBB леле мила сега се подзамислив и ме фати страв. Ние сме надвор од Мк и само што пред 2 недели си земавме маче. Јас ги обожавам, ама сега се замислив. Голем паничар сум.
Домаќин на паразитот на токсоплазмата е мачката. Го има во фецесот на мачката и може да преживее и неколку години во почва каде што мачка вршела измет. Ако сакаш, чувај си го мачето, ама да немаш апсолутно никаква работа околу средувањето на местото каде што врши нужда мачето. Превентивно, освен тоа, се препорачува убаво миење и лупење на овошјето и зеленчукот, за во случај да биле во контакт со почва заразена со токсоплазма и консумирање на термички добро обработено месо, исто заради превенција самото животно да не пиело вода заразена со овие паразити.
Направив тест, ми се скрши срцето и така.. Планирав демек зедов плата па сум купила нешто да го изненадам со позитивен тест
Кревај глава горе, барем знаеш на што си. Секој ден со нова надеж. Ќе дојде ден кога секого ќе го огрее сонцето што го чекал.
Пустата премисла кога човек ќе прочита нешто. Секако кога и да чистам ставам ракавици и со посебно лопатче се чисти. Од сега маж ми ќе е задолжен за тоа. Инаку честитки големи до тебе, не се вклучував често, ама многу ми беше мило кога видов дека си бремена, навистина.
Нема што се разочаруваш, само напред со позитивна мисла ќе се оствари сонот. Еве и јас скоро две години се мачам и го чекам позитивниот тест. Ќе биде еден ден, само трпение.
Mene seuste me maci stomakot i gradive me bolat, taka da kaj i da e go cekam ciklusov da mi dojde sigurno vikendov. Uf kolku sakam da sum greska... Srekno na site!
Луѓе , во 90% од случаевите - фатена токсоплазма е преку немиен зеленчук и овошје. може само 10% од случаевите е од фецесот на заразена мачка. немаат сите мачки токсоплазма, ретки се тие што имаат и треба баш да фатиш измет и да не измиеш раце да за да ја фатиш преку неа. се е од недоволно измиен зеленчук и овошје. од тие причини јас лично не јадам салати во ресторани ,зошто не ги мијат ко што треба. пред неколку години ректорот на уким Др.Јанкуловски ми имаше кажано уз муабет за здравје,никогаш да не јадам салати надвор, ми се врежа во мозок тоа
Девојки јас неможев да издржам и денес направив тест self clearнегативен испадна така да незнам веќе што ќе правам
Кога треба да не ти дојди? Мене ми дојде, но очекувано ми беше бидејќи мм е само 1 месец на терапија, треба 3 месеци да поминат... Немој да се нервираш ќе пробуваме се што е до нас другото на Бог ќе оставиме па и нас ќе ни подари бебуленца, плус сигурно ти е рано за тест не губи надеж.