Премногу ти е рано јас кога останав бремена 5 дена пред да добијам направив беше негативен,па откога ми каснеше имав поз.
Ехеее рано ти ееее немој плачки пред време ајде со убава мисла да даде Бог убави вести да слушнеме накај 8ми
Незнам мила. Во сабота сум на преглед да видиме што пукнало а што не и за цистата да видиме исто до каде е па ќе видиме ама не се надевам многу на овој месец.
Немој да си создаваш непотребни разочарувања ,ептен е рано барем еден ден пред добивање или еден ден да ти касни. Немој да се нервираш почекај уште некој ден ,а до тогаш чувај се многу,што е Господ никој не е . Се додека не добиеш има шанса за бременост
Ти благодарам на тебе и на сите за неизмерната поддршка што ми ја даватеточно така, како Господ никој не е. Пак ќе кажам дека немам надеж овој месец покрај тоа што месецов сме најактивни.
Јас пак баш имам друго чувство и верувам дека ќе биде така. Но и да небиде нема откажување ветивме дека од сега натаму ќе се бориме многу повеќе и ќе стигнеме до целта.
Ехеее, зошто толку многу си подранила? Знам дека си нестрпливa, иста бев, ама поштеди се од непотребни стресови. Ќе го направиш тестот кога ќе требa да не добиеш.
Во недела осетив дека имам овулација и мислев дека после 5 дена ќе покажена 8ми ќе направам ако не добијам до тогаш. Минатиот обид дури 2 дена порано дојде вештерката.
Девојќи само што станав и на секојдневната и на бришење ми се појави по една капка розов исцедок. Дали може да е имплатација со тоа што ми е 19/20 ден од циклус или можно е од цистата ако е пукната? Утре треба да одам на преглед па незнам дали денес да појдам?
Е како може 5 дена после овулација да покаже тестот, кој ти кажал тоа? Препрерано ти е направен, ти кажав поштеди се од непотребно разочарување. Тоа што си имала точка крв секако дека може да е имплантација, ама немој сега за два дена да земеш пак да правиш тест. Мора да имаш трпение и да се контролираш, за твое добро. Знам колку е тешко да се чека, поминав низ тоа. Ама мораш да си посилна од желбата да направиш тест толку рано.
Јас веќе ни на точки крв како имплантациско не верувам ни ништо пошто имав на 5ти ден од овулација.. Мозокот што можи да направи вчера на прв поглед како сенка ми се гледаше втора цртка што до денес го чував за да се уверам дека ништо нема и да ништо нема.. Јас немам добиено и само градите почнаа да ме болат па се очекува секој ден.. Сеуште нешто во мене се надева дека беше многу рано за тестот дека нема да добијам, сакам да не добијам ама зедов од тие најосетливите така да би требало да покажи точно..
Дали правеше тест од кога ти закасни или претходно, не сум во тек? Од лично искуство ви кажувам да се воздржите до каснење, не ви требаат плус стресови, телото си осеќа се. Не си го правете тоа сами на себе, штедете се малку.
Нормално дека пред... Денес треба да добијам или утре.. Секој месец велам така овај месец ќе се воздржам не правам ама пусто не можам
5 дена после овулација , ембрионот е уште во јајцеводот. Не е ни стигнат во матка, не е ни имплантиран. Само веќе кога е имплантиран се лачи хормонот бета хцг кој го мерат домашните тестови за бременост. Уште минимум 5 дена треба да поминат за да ти покаже тестот точен резултат.
Девојки и јас да споделам, на 7 ден бев за микробиолошки брисови но стимулирана сум со кломифен па докторката рече иако е мн рано да ме види на ехо, имав 3 фоликули. Првиот 10мм, еден 15мм, и еден 13мм, ендометриум 6мм, меѓутоа сеуште е многу рано
Девојки, само што се вратив од преглед. Прсната е цистата а и фолекулите. Сега е само чекањето на моментот за недобивање