Девојки на сите што не израдувавте со убави вести честитки за бременостите, од срце ви посакувам лесна бременост. Уживајте во бременостите.
Јас уште немам добиено.. Имам болки во половината што никогаш не ми се случува пред менструација, зголемен исцедок мислам дека сум добила секој момент а нема ништо, тек тук грчеви а за градите мислам дека човек ми се има обесено од што ме болат Сепак на мозок од жена што сака да забремени не му се верува и реков дека нема да направам тест барем до средина на другата недела ако не добијам до тогаш пошто пред 3 4 дена беше негативен..
Сигурно си трудничко осеќам. Обично тие се симптомите. Почекај уште некој ден па испитај бета. Истото е и кај мене само што не ме болат градите. Денес ми е денот ама ќе се стрпам до утре за тест. Со среќа!
Ми касни веќе 2 3 дена.. Ама реков дека ќе се стрпам уште некој ден пред да направам втор тест.. Збунета сум не знам што да мислам.
Ајде бебче прво ти израдувај па јас накај среда четврток ако дај бог да не добијам. Возбудена сум за тебе!