Да ти се здрави и живи ако смеаам да прашам колку време ти одеше за да забремениш? Бубачки ми се вртаат во глава .. се си мислам дека погрешно го правиме тоа или пак нема да може да имам деца или некој проблем во мене ..
Тука сум и јас. Очекував утре да ми дојде, сабајле гледам кафеаво на гаќите и на бришење. А, јас пред тоа земав тест да направам, без да загледам . Секогаш сум чекала барем дато за добивање па правев тест. Овој пат и вчера правев и денес, ама ајде сега знам на што сум. Сега ќе чекам убаво да ми пробие, па овој месец со нови сили и надеж за бебче. Знам дека е тешко на сите, ама мора да сме упорни. @IRBBB таа терапија што ја имаш постирано во темата за спермограм мислам беше, дали може на своја рака да ја земеме да пие маж ми. Знам дека е најубаво од специјалист да ни ја даде. Ама надвор сме од Мк, а имаме човек што може да ни ја донесе. Твое мислење ? Маж ми е со тератозооспермија.
Кај мене не било проблем забременувањето, и двете фатија од 2 месец неаактивни обиди. Не се секирај само опушти се. Колку време се обидувате? Нема рецепт за правење дете, што би правеле погрешно? Инаку фала ти побрзо и кај тебе
Се обидуваме околу две недели. Имам чуено дека зависи од жена до жена некој забременува за две месеци некој се обидува со месеци некој па со години .. ме фака паника имам стрес и ми имаат кажано дека по свршување морам да дигам нозе горе едно 15 20 мин и некако во глава ми се врти све исто а најмногу ме плаши тоа што ме пече
не би требало, направете си микробиологија и ти мажот, може да е само кандида, но проверете.. поздрав.
И од тоа се плашам ама исто размислувам дали од сперма може да има алергија ? можеби звучи смешно ама и тоа ми пага на памет ..
Знам како ти е. Следниов месец заедно ке се бодриме и ке успееме. И јас мислев дека ќе ги видам двете црти, градите премногу ме болеа дури и во спиење ги осеќав, па некако си имав надеж дека ке биде. Ама ете така требало да биде.
Фала ти мила. Ги чекам јас и другите па заедно да ја напуштиме темата, дружељубива сум. Кад тад мора да биде.
Гинеколог посетувам повеќе од козметичар. Можам да кажам дури и премногу. Да ми заврши ќе одам на хсг и тоа да го проверам па другото оставам на Господ. А за обидување не ни бројам веќе, повеќе е од година ипол.
Терапијата што ја имам постирано ја најдов на странски форум. Кога го добивме резултатот олигоастенозооспермија, ноќи и ноќи поминав во читање. Маж ми ја земаше на своја рака, единствено се консултиравме со фармацевт, кој рече дека е во ред и ни даде препорака да не земаме мултивитамини (повеќе витамини во една таблета), туку засебно, бидејќи така се во поголема концентрација. Кај нас имаше резултат, затоа и ја прикачив терапијата во темата Спермограм, ако може уште на некој да му биде од помош. Се надевам и вие ќе сте едни од тие. ❤️
Девојки едно прашање, веќе пишав но да си прашам за посигурно. Добив доза Достинекс 1/2 наеднаш ,па на две недели по 1/4. Вредноста ми е скоро 50. Дали некоја од вас пиела слична доза и дали е во ред периодот "на две недели"?