Јас бромергонот го пијам на една недела и тоа 1/2 навечер и ми е 35.Денес бев и на ендокринолог и ми вика па добро 35 и не е толку страшно
Сигурно е во ред ако е уште покачен на наредната проверка ќе ти ја зголеми. И јас тоа се чудев го сметам 35 за висок, тој ми вика не е страшно од стрес ти е. Вика ако не се намалува при наредните мерења ќе ја зголемиме дозата.
Ти благодарам многу ,ке видиме на следната контрола што ќе излезе но сакав да слушнам исти или слични мислења
да , имав кратка лактација , направивме пролактин излезе околу 48 вредноста , ми даде пола таблета и за две недели четвртина , после контролата ми беше спуштен на 2 и ми го прекина достинексот ...
Здраво девојки, ве читам веќе некое време, па решив и јас да го споделам моето искуство. После два абортуса ми се поремети циклусот, од вообичаениот циклус што траеше 31 ден, последните 2 циклусa траеја 36 дена. Овој циклус трае веќе 38 дена, со маж ми се обидуваме за бебе, така што денес направив тест за бременост - негативен. Обично, неколку дена пред добивање јас имам големи болки и грчеви, но овој пат немам никаков симптом за добивање. Пред неколку дена при бришење приметив неколку капки кафеав крв, инаку имам зголемен вагинален исцедок - бела боја. Дали некоја од вас имала слично искуство? Поздрав до сите!
Наместо добредојде ќе ти посакам што побрзо да излезеш од темава. Во врска со кафеавата крв и со исцедокот можеби да е овулацисло или имплатациско. Дали имаш направено некои испитувања и кои?
Ти благодарам за одговорот, не, немам направено посебни испитувања, бидејќи првата бременост беше вонматерична, втората беше спонтана на 7 недела. Матичниот гинеколог, а и лекарите во клиника, живеам во Германија, ми рекоа дека нема конкретна причина за вториот аборутс, дека тоа едноставно така требало да биде и дека можам одново да пробам.
Колку време помина од абортусот? Дали ти правеа киретажа или само по себе се исчисти? Би ти препорачала да испиташ хормони на 3 ден од циклус, исто би ти рекла да направиш и микробиолошки брисеви и пап тест. Да не си со полицистични јајници заради тоа што ти е толку долг циклусот?
Од вториот абортус поминаа 6 месеци, само по себе се исчисти, додека во првата не ми правија киретажа, туку ми дадоа цитотек за да ја прекинам бременоста. Не сум со полицистични јајници, до пред втората бременост сум имала редовен циклус, приметувам овулација, и во секогаш имам симптоми за добивање.
Како не страшно, нормален е џа кај оние кои не сакаат бременост, а за оние кои сакаат бременост треба да се движи од 10-15.
Високо е 35, мене ми беше 19 пред да забременам, па ми викаа дека е висок, иако матичната не сакаше да ми даде терапија, ендокринологот сакаше, ама јас следниот месец веќе бев бремена.
Направи си ги тие основни испитувања што ти ги пишав и секој втор ден обиди за бебче. Ти посакувам што побрзо да си ги видиш двете црти почни да пиеш метил фолат уште од сега ако не пиеш.