Девојќи јас сум на кломифен и имам тапа болка во јајниците денес ми е 14 ден бев на гинеколог и ми рекоа дека се пукнати фоликулите, дали и вас ве болеше после овулација ?
Јас имам болка во јајниците на допир и зголемен исцедок,сега ја испив последната таблетка,утре ќе одам на мерење на 10 ден од циклус.
Ти посакувам месецов да се израдуваш  Мене почнува кичмата да ме боли (1-2 дена пред да добијам обично ме боли и така знам дека ќе добијам).
Дај божее ,ќе видам утре што ќе ми каже докторката ,па ќе ви пишамм Се дури не добиеш има шанси за другоо
Девојкии гледам доста не има на форумов моментално со кломифен. Јас денес ја испив последната таблета. На 12 ден од циклус сум на фоликулометрија. Да се надеваме сите дека ова е наш месец ❤
Бев има повеќе но не се издвојуваат никој ,големини им биле до 10,ендометриум не е лош,и тоа е сега ќе одам уште еднаш на 13-14 ден да видиме дали воопшто ќе пораснат Малку сум down ама и се надевам дека ќе ми пораснат фоликулчињата
Јас ве водам сега со кломифенот затоа што веќе ми е 16 ден, и денеска баш ме боли стомакот како за добивање, да не кажам дека и исцедок некој чувствувам а ништо нема. Некоја од претходно со слично иакуство? Примам и бромергон и еутирокс.
Ние месецов ќе пробаме со следење овулација, на контрола сум после 3 дена од менс и докторот рече дека нема да ме стимулира месецов па да видиме како ќе оди.. Едвај чекам да ми помини и да се фатиме за работа
И јас сум ист случај како тебе. Цел живот сум со уреден пролактин, ама на едно мерење пред да забременам излезе 19, ендокринологот ми рече ќе го провериме и следен месец па ќе видиме што ќе излезе. Следен месец пак беше 19, ама реши да ме остави уште малку без терапија, само да го следиме. После тоа и јас забременив. Пролактинот е хормон кој лесно се регулира со апчиња доколку е покачен, а тврдењето дека 35 не е многу е нон сенс. Се што е над 15 треба да се следи или да се прима соодведна терапија.
Јас имав болки во јајниците за време на односи како никогаш до тогаш, два дена после преглед на кој имав два пораснати фоликули, ваљда тогаш ми била овулацијата. За тие што сте со Кломифен моето искуство е следно: 5-6 дена после овие болки што ви ги опишав имав нетипични болки во половината(кичма), мислам дека тогаш се има случено имплантацијата. 2-3 дена после тоа почнав често да мокрам, да станувам навечер по 1-2 пати што е исто нетипично за мене. Тоа траеше цела недела и следниот викенд почнаа да ме болат колкови/јајници како што ме болат некогаш пред да добијам. Во неделата направив тест и си ги видов моите долго очекувани две цртки. Ви го опишувам сето ова зошто бев во ваша кожа и многу добро знам како ви е. Исто и за да знаете дека и да осеќате симптоми за добивање сепак постои надеж, и да не осеќате ништо исто така постои надеж се дур не добиете. И јас бев со стравови дали ќе биде и си мислев од каде таа среќа кај мене од прво стимулирање, ама во исто време и верував и се молев конечно да се израдуваме. Ви посакувам многу среќа на сите и како што многу пати до сега имам кажано, верувајте, имајте трпение и молете се. Бог ќе ја препознае вашата желба да бидете мамички и ќе ве израдува. Се во свое време.
Девојки пред 1 месец пролактинот ми беше 39.39, денеска на контролен ми е 19..Пијав бромергон, но матичната ми е на одмор не ни знаев дека заминала, а имам број само од ординацијата и сеа незнам што да правам со терапијата...