Благодарам Bella_Stella мене ми е едвај 2 ден после овулација и имам силна болка во јајниците како за добивање. Се молам да е оплодена јајце клетка и да се вгнездува но сепак се плашам од болката.
Ајде да споделам нешто интересно додека чекаме плодни денови. Знам дека горе долу сите пратиме овулација, но го најдов ова на амазон и ми се виде многу интересно. Се работи за дневник за следење на овулација во кој си водите дневник на плодни денови секој месец. Ви оставам линк подолу, пробала некоја нешто слично? Не верувам дека имаат достава за Македонија, но размислувам да си направам нешто слично на компјутер и да го испечатам... https://www.amazon.com/gp/product/0...ci-20&linkId=d8aa72b8eb5385ce178d1823a59d7013
Значи може и со повисок пролактин да се остане. Не е секогаш според напишаното, во пракса е друго. Или пак не си била многу под стрес па се намалил.
Мене ми беше 20 кога забременив, но во бременост се дуплира и имав спонтан. Затоа велат да е под 10, за во бременост да биде во граница.
Па да, за бременост треба да е под 12.Ме разбра погрешно, сакав да кажам дека и со малку покачен може да се остане не е се како што кажуваат некои лекари дека МОРА да е под 12.
Не мора под 12, околу 15. Колку пониско, толку подобро. Ама 16 пролактин и 50 не е исто, колку и да изгледа ниска бројка.
Ако толку многу пречи пролактинот за забременување, како тогаш забременуваат мал милион доилки? Стварно ме интересира.
Симни си ја Glow апликацијата, има опција да ги фотографираш и зачуваш тестовите, а самата апликација ти кажува кога тестот е позитивен, кога е пик на фертилноста и според нив ја пресметува овулацијата. Може да внесуваш и базална температура, симптоми, односи итн. https://i.redd.it/uziu8nmpqc411.jpg https://i.imgur.com/RzxRpTy.jpg
Ах ич не бев под стрес по толку неуспешни обиди, чекајќи да забременам и да видам дали ќе има резултати од Кломифенот. Едноставно ми се склопија коцките, кај мене Пролактинот никогаш и не се третираше како пречка што не можам да забременам. Сепак не е исто 19 и 35, скоро па дупло е.
Штотуку гуглав за пролактинот. Кај жени што ексклузивно дојат, нивото на прогестерон е големо (но, за 50% помало од бремените жени) и е во толку високи вредности што служи како контрацепција на доилките, бидејќи всушност спречуваат и овулација меѓу другото (затоа често жените со пцос имаат проблеми и со пролактин). Меѓутоа жените што не дојат ексклузивно, особено после 4-5 месеци кога се воведува исхрана кај бебињата, нивото на прогестерон за 1 недела може да се намали како кај жени што не се бремени. И нормално, со редовно воспоставен менструален циклус, со овулација и месечно крварење, може да забременат.
И јас имам читано исто за пролактинот, и дека жена во првите месеци ако дои, многу ретко може да остане бремена, што не значи дека е и невозможно. Во право си за напишаново.
Ти благодарам мила што ме помисли Не направив утре или задутре планирам да направам ама изгледа ќе си добијам