Една недела пијав прамалут нор па потоа добив нормално, кога ми заврши бев на проодност на јајцеводи, ми касни еден ден дали е можно каснење со тоа нешто да е поврзано?
Хормонални се апчињата и може да направат дисбаланс во следните циклуси, мислам дека не е страшно. Ако не се лажам наведено е тоа и во упаството. Сметам дека не е од проверката на проодност туку од самите апчиња. Ќе се стабилизираш наскоро.
Не би требало да ти доцни од Примолут нор, тој се дава и за регулирање на циклус. А едно тестче да направиш, пошто после хсг првите 3 месеци се зголемуваат шансите за бременост?
Тогаш почекај неколку дена, ако не добиеш појди на гинеколог нека те видат на ехо. И немојте одма со такви негативни мисли, штом си во обид за забременување, секогаш има шанси за бременост.
@Tinka1234 за жал ендометриозата само со интервенција ќе можат со сигурност да ти ја одредат, но ако имаш чоколадна циста/цисти, тоа е една од знаците дека можеби имаш ендометриоза. Јас би направила хсг и би ја игнорирала можната ендометриоза засега
Ти благодарам мила Немам проблем со цисти освен што сега ми се појави една кога бев стимулирана со кломифен но си пукна самата.
Јас бев на мерење женски. Имаме еден водечки од 13мм мислам дека ми рече на десен јајник 3 ден после менструација. Ендометриумот таман задебелен па се надеваме овај пат.. Петок сум уште еднаш да видиме како оди па викендов да прајме работа
Здраво девојки и јас да се приклучам во темава. Примав Кломифен75 на 10 ден имав ибави два фолекули на двата јајници а ендометриумот 6. Кога појдов на 15 ден фолекулот на левиот јајник се намалил а на десниот многу добар така рече докторот ендометриум 9 па по препорака на докторот примив стоп инекција ( во понеделникот) во понеделникот немавме однос вчера и денес да не ми кажа докторот после колку сати од инекцијата пука фолекулот се надевам дека ќе има успех. Прв пат примам ваква терапија.
Девојки, жени, лавици...Сите што сте сега во овулаторен период што се бориме да видиме позитивен тест, ви посакувам многу среќа и овој месец конечно да си ги видиме волшебните црти и сите тие што чекате да НЕ добиете ви стистам палци да поставите позитивен тест. Ви ја праќам целата среќа на светот и голема поддршка до посакуваниот резултат. Ве гушкам
Не помага за забременување, но барем 3 месеци пред забременување е добро да се зема, бидејќи помага за развој на нервниот систем кај бебето.
Мене др.Стефанка додека ми беше покачен пролактинот ми даде бромергон да пијам и ми рече да не се обидуваме за бебе додека не се намали зошто можело да дојде до спонтан. Веројатно докторите знаат што зборуваат, секако дека има и такви што не бираат зборови но на Стефанка и верувам, си ја знае работата.
Па тоа си се одредува зависно до пациентот, ете мене она реши да ми го следи пролактинот и да не ми дава терапија. Верувам дека знае што прави, ради тоа што со нејзина и со помош на др. Снеже, ја средив тироидната за многу брзо време и забременив. Со др.Стефанка бевме договорени да и се јавам одма кога ќе имам позитивен тест и така и направив. Ми кажа да си ја следам тироидната секој месец и да и се јавувам за да ми ја регулира терапијата, а ако имаше потреба ќе кажеше нешто и за пролактинот. Јас знам дека сум во сигурни раце, фала Богу имам докторки на кои им верувам. Ама не е фино да се пишуваат работи што може да почнат да ти копаат во потсвест. Разбирам дека не е злонамерно, ама мора да се внимава и брои до три кога се пишува нешто. Читаме жени со различни ситуации и предизвици.
Во право си, кај секоја жена состојбата е различна и према тоа сите добиваме различна терапија. Треба да внимаваме сите што пишуваме. Ги имаш најдобрите докторки биди спокојна, гали меше, редовно оди си на контроли и се ќе биде во ред.