Девојки, ме интересита вие кои работите во три смени кога, како мерите базална температура? Би сакала да почнам ама немам идеја како да се организирам. Фала
Никако. Мора секој ден во исто време да се мери и да имаш минимум 3ч сон. Така што, штом работиш во три смени, никако не е изводливо.
Апликацијата што ја користам (Fertility friend), за жените кои работат во смени препорачува да се мери температура после најдолгото спиење, независно дали е пред или после работа. Истото вели дека важи и за слободните денови, температура да се мери секогаш по најдолг период на спиење. Треба да пробаш и видиш како ќе биде, ама сум разгледувала графици постирани од жени кои работат во смени и убаво се разграничуваат денот на овулација и фазите од циклусот, така да мислам дека нема да имаш проблем.
И сестра ми исто ми вели дека не се прај со на преку еден ден бебе.. Требало насабајле поручек навечер Утре сум пак на преглед да видиме до кај сум па се надевам дека ќе кажи сум овулирала, да видам дали вистина осетив или само ме лажи пак мозокот
Никако... Базална се мери буквално пред станување... наутро без физичка активност исто време... (евентуално ако си по 1недела 1па 2 ) тие 2недели наутро исто време секој ден да ја мериш...
Па сеа може не до толку како шо ти кажала сестра ти ама искрено јас гледав да биде спонтано. Темпирани односи се да, ама сепак не сме машини за правење бебе. На нас ни се погоди убаво пошто сопругот баш тој период имаше роденден, па си направивме weekend getaway. И многу спонтано ни идеше да имаме почесто односи, таква беше атмосферата, не дека се теравме на сила. Така да јас не верувам во тој муабет ослабување на сперма. Мене докторката ми рече односи преку еден ден, ама мислам дека повеќе беше во смисла да не правиме поголема пауза од еден ден, отколку да не е секој ден. Пошто кога и реков не секој ден, преку ден така? Она се насмеа и ми рече па добро сега вие ако сакате и секој ден можете.
И јас да се пријавам како и сите во групава и јас се борам да дојдам до двете цртки веќе неколку месеци...мајка сум на едно детенце ама за второ нешто тешко и секој месец сум во исчекување... тука сме за поддршка и секако една по една да ја напуштаме темата со убава вест
Јас уште немам овулирано па примам инексија сега да се осигураме дека ќе пукни.. Којзнај кога имам овулација и колку грешно се имаме трудено до сега.. Бог знај.. Малку се разочарав искрено како да изгубив надеж дека ќе биди месецов. Четврток пак на контрола да видиме што направивме @Tinka1234 @Bebce1 до каде сме?
Ние си се обидуваме сеуште. Во Четврток и во Сабота сум на мерење(11 и 13 ден). Ќе биде мила, немој да губиш надеж
Само тсх испита? Ти требаат комплет испитани хормони, антитела па и ехо едно да направиш. Вака, само со овој резз освен што ќе ти речеме дека е висок тсх, друго ништо не би можеле да те советуваме ние, а богами ни доктор
Репродуктивните хормони генерално ти се добри. За тироиднава ќе се консултираш со ендокринолог. Он ќе ти каже дали да испиташ и антитела. Мој совет ти е и ехо да си направиш
Мора да биде нема зошто да се разочаруваш. Вие бидете активни па таман ќе ја пречека јајце клетката и покажеш позитивен тест до крајот на месецот само позитивно и не мисли толку. Јас не сум на мерење и не примам инекција ама кога бев вчера за брис право ме виде на ехо рече дека се спремал фоликулот да пукне. Ние сме си активни секој ден Ве гушкам
И пролактинот prl ти е малку покачен Кога ќе идеш на ендокринолог прашај и за тоа да не треба да пиеш терапија