Мој совет подетално да се испита тироидната. Ехо, Т3, Т4, антитела. Исто пролактинот ти е покачен. Најди си добар ендокринолог и со него ќе ги средиш хормоните. Ќе ти даде терапија и за тироидната и за пролактинот најверојатно. Се средуваат, не се грижи.
Денес 16ти ден а којзнај до кога ќе тераше да не ме боцнеше.. Дај боже сите со II да сме другиот месец!! Не сме жени, женишта сме! Ве гушкам сите и пуштам среќа!
Ама вие сакате ептен школска овулација на 14ти ден? Јас бев на мерење последен пат на 15ти ден и уште не беа прснати фоликулите. Следните два дена ги осетив тие болки во јајниците при односи и најверојатно тогаш или околу тие денови ми прснал/е. Што значи не е се како во книга. Btw како што веќе знаете инекција не примив пошто не успеав да најдам. Кога сака да биде ќе биде и тоа е тоа.
Те советувам да не се грижиш, сепак не е работа која треба да ја занемариш но тсх со терапија за кратко време се регулира. Гинекологот сега ќе те упати до ендокринолог, таму ќе ти направат проверка на тироиден статус. Нетретирана тироидна прави проблем со забременување, бременост или плод! Добро е што го лоцираше проблемот, наскоро ќе го решиш и ќе биде се во ред!
Прл и е благо покачен. А и 'нормално' е да е таков со оглед колкав и е тсх. Со терапијата која би ја добила за тсх-то ќе и се регулира и пролактинот. @Bubu111 ќе ти објасни ендокринологот
Еве и ние неколку месеци се обидуваме за второ, ама никако да се фати.. Секој месец се надеваме ајде следниот, па пак нема.. Изгубив надеж.. Плус за првото останав бремена одма првиот месец кога пробавме и мислевме дека и сега ќе биде така. Најверојатно проблемот е што сеуште го дојам првото, ама па има случаи што останале бремени и додека доеле..
Не сакам да го одбивам сега зошто оди во градинка, ама сакам и второ. Меч со две острици Плус сега немам редовен циклус и не знам кога ми е овулација. Добивам од прилика на 40 дена, секој месец различно. И секој месец правам тестови ама џабе.
Не би рекла. Може имаат поврзаност некоја, ама моето искуство не е такво. Моментот кога ми се дијагностицираше проблемот со тироидната ТСХ ми беше 35, а претходно варираше, еве вака како кај неа, малку над горна граница, па под долна (типично за хашимото). За на крај кога се направија сите потребни испитувања да се испостави дека имам хипо/хаши. Пролактинот во ниеден момент за сето тоа време не ми отиде над 17. Дури последните два месеци пред да забременам се качи на 19 и ендокринологот инсистираше да го следиме за да не оди уште нагоре и ми нагласи дека за бременост е пожелно да е под 15, како што сите знаат тука. Ми рече ќе го следиме, ако не се намали ќе ти дадам Бромергон. Во нормални услови може да се рече дека и е благо покачен, ама во услови кога целта е бременост и не е баш. Се средува многу лесно, еден од хормоните кои најбрзо се намалува е. Меѓутоа сигурно ќе и дадат засебна терапија за него, не е 100% сигурно ова дека тироидната го покачува.
Затоа и реков да се консултира со ендокринолог. Од едно мерење на прл и вредност од 27 терапија не се дава. Пожелно е бар уште 2-3 пати да се проверува. Мене пролактинот во понеделник знае да ми биде и 25, а во вторник 16. Пред три недели прл ми беше 30, а тсх 50. Докторката ми рече никако терапија за прл, дур не го средиме тсх со еутироксинот. После ќе го следиме прл. Едит : јас сум без тироида
Така е, мора да се направи подетално испитување. Не може да се даде терапија од една вредност, мора да се следи. Јас од Април навака секој месец ја проверувам и според моменталната состојба и целта која сакавме да ја постигнеме, во случајов бременост, докторката ми ја регулираше терапијата. Инаку структурните промени на тироидната (кај тебе нејзиното отсуство), или пак зголемување, дисколорација и слично, не се секогаш тесно поврзани со нејзините хормонални промени. Ете јас сум пример за тоа, немам структурни промени, ама затоа хормоните лудуваа. Комплексна тема е, јас до ден денес читам и истражувам. Можам само да кажам дека со ендокринолог што си ја знае работата се средува, најкасно за 6 месеци од почеток на терапија.
ТСх ти е висок, и пролактинот ти е висок ако е во граници на нормала. Доколку сакаш да забремениш ти треба вредност најмногу до 15. Ендокринолог најдобро ќе ти каже и со соодветна терапија се средуваат за брзо
Здраво женски, ве молам за мислење што точно се испитува за да знам дали нема никаков проблем да забременам. Гинеколошки се е ок. Иначе 4 месеци неуспешни обиди, 28 имам, знам дека не е за паника, но се решивме доколку не биде до 6 месеци обидување да направиме дополнителни испитувања со сопругот. Ќе се консултирам и со матичен гинеколог секако, но не сум трпелива.
Здтаво, за тебе пап, микробиолошки брисеви, хормони на 3 ден од циклус, а кај сопругот спермограм и спермокултура. Желбата побрзо да ви стане реалност
Ништо не се 4 месеци, ама основни работи пап, хормони, брисеви, можеш да си направиш, и ако е се во ред маж ти спермограм и спермокултура. За почеток тоа ти е доволно, па ќе видиш до каде сте.
Zdravo devojki deneska mi e 28 den od ciklus i pravev testovi za ovulacija i e ppzitiven inaku imam PCOs i imam neredovna menstruacija pijam metamorfin e sega sakam da prasam za kolko vreme da napravam test za bremenost pa da vidame dali sme uspejale ovoj mesec inaku prethodnkot imav na 22 okt ciklus
Доколку знаете, сакате и имате време да ми кажете кои вредности се препорачуваат кај хормонски статус за забременување. Кај мене акцентот падна на ТСХ и АНД и за нив само зимам терапија, но во контекст на разговорите погоре споредувајќи со првата анализа гледам дека и пролактинот (17, 8 ) не ми е во таа препорачана граница за забременување.
Не ти е лош пролактинот, а и се очекува со регулација на ТСХ да се регулира и тој. Да ти беше со повисока вредност, сигурно ќе ти дадеа терапија и за него. После позитивен тест за овулација, би требало да овулираш најкасно по 48ч. Значи, после 16 дена од денес би можела да правиш тест за бременост. Ти посакувам среќичка.