Само те молам немој да се стресираш. Се си игра улога. Опушти се и се ке си дојде кога треба. Те гушкам и биди силна. Јас ако добијам следен месец(дај боже да не добијам) ќе морам да направам ХСГ и мм да направи Спермограм за почеток па со Господ напред продолжуваме со борба за бебуш.
И јас му велев на докторот за хсг ама ме премисли дека е то инвазивна процедура и болна понекогаш.. Дај боже да не добиеш и да нема потреба Само да е се во ред кај сите па низ што треба да поминиме ќе врвиме кога е за убаво. Врз сите нека се смилува Бог да не израдува
Хсг не е толку болно бидејки и да е краткотрајно е (мин до 2) Пс.за розеникавиот исцедок може да е од некој подоцна пукнат фоликул ако трае само тој ден а ако продолжи најдобро советувај се со докторот
Јас мислам дека се би издржала за да дојде до успешна бременост. Инаку сум голема паничарка што не трпи болки.
Не е страшно воопшто. Поголем паничар од мене нема на цел форум сигурно Издржав како играчка,многу кратко и без аналгезија правев,се чувствував,минимална менструална болка осетив. Пред хсг се напив аналгетик и б6. Ама дај боже да останете овој месец бременки да не ви треба хсг
@Summer16 Женска кога ќе видиш дека сум те означила,ако не ти е проблем пиши ми ЛП,сакам да те прашам нешто но неможам да ти пишам. Фала
Имам блиска особа што кога правеше попот во бело го виде и ме уплаши кога кажуваше.. За секој различно искуство, не мора да значи дека ќе биди болно, не сакав да ве уплашам Ако треба и то ќе се направи ќе се помини баш како што рече @Tinka1234 се ќе направиме само да фатиме бебче вп раце
Не верувам мила.. Прерано е вторникот или средата беше овулацијата четвртокот кога бев на преглед кажа дека е пукната само. Веројатно од тоа е и нагло паѓа естрогенот па можи да дојди до крварење.. Леле премногу сакам да успееме месецов ама ова крварењето ме буни Инаку да, имам на бришење розевко и онака на секојдневна капки не е воопшто обилно ама е свежа крв и не осеќам болка. Ако не помини утре се закажувам Понеделник на гинеколог
Можеби е добар знак, ти посакум мноогу среќа, ајде па да бидат прикачени доста позитивни тестови овој месец!!
Има некоја штета превентивно да ставам прогестерон 1 на 24 саати? Или да не играм играчки на моја рака?
Да на утрогестан мислев.. Нема штета некоја? Утре сепак ќе се слушнам со докторот да видам и тој што ќе речи.. Си велам дека престана, нема повеќе ништо ни на секојдневна ни на бришење
Ако престанало. Можеш утрогестан на 12 саати вагинално (ако можеш и пиј ги но мене не ми беше баш убаво кога ги пиев плус вагинално имаат подобар ефект). Мене матичниот секогаш ми вели од 15 ден од менструација да почнам да ги користам кога се обидуваме за бебе за да се задржи плодот доколку се настане оплодување. Се надевам дека ти помогнав и ти посакувам успех
Фала ви премногу на сите за советите! Вечер ќе ставам па боже здравје ќе се јавам утре кај матичниот да си прашам.. Доколку Тинче го користи секој месец нема штета од сега да ставам еднаш.. Фала ви премногу, ве гушкам сите до една и ви посакувам многу среќа!!!
Јас 3 месец како го користам и сеуште нема бременостнема никаква штета. Ама сабајле јави се кај матичниот и нека ти потврди.
Девојки имам болки во долниот дел на стомакот како секој момент да добијам и градите ме болат треба за неколку дена да (не) добија се надевам,можно е толку рано да ме боли стомакот бидејки веќе 3 дена ме боли.