Девојки јас нешто да прашам, редовно добивам на 27-28 дена и редовно уште од 19ти ден почнуваат градите многу да ме болат,не можам да ги чепнам. Овој циклус е многу поразлично на 17ти и 18ти ден ме печеа брадавиците, таа болка исчезна и сега не ме болат воопшто а отечени ми се. Уште 6 дена имам до добивање и баш ми е чудно,зошто градите не ме болат?
Кај мене беше нешто слично, ме болеа само брадавиците на допир, кога соблекував градник итн. Ама неколку денови пред да правам тест ја снема таа болка и после пак се врати. Од срце ти посакувам за 6 дена да си ги видиш двете цртки.
Ти благодарам мила, од твоја уста во Божји уши. Сеуште верувам во чуда иако чекам ред за лапаро/хистеро
Во еден циклус може да има само една овулација при што може да се ослободат две или повеќе јајни клетки но во размак од најмногу 24 часа. Не се случува да се ослободат две јајни клетки во различно време во текот на циклусот. Сепак возможно е и да си имала покасно овулација, независно кога се покажале тестовите позитивни. Те чекаме со убави вести .
Исто и кај мене се случува на 4 дена пред циклус.Дај Боже да се позитивни тестовите, денес има 3 нови мамички ќе повлечат нога тие
Ништо и овој месец, бетата е негативна. За среќа крвта ми е во ред и урина добра, па лошењето веројатно било од што ми беше многу низок притисокот. Тоа е да се надеваме скоро ќе ни се исполни желбата на сите
Ке биде мила еден ден. Само биди силна и опуштена. Секогаш Бог ги дава силните битки на добрите војници, но еден ден ке успееме