Земаш терапија? Другите хормони како ти се? Ако не си правела контрола во скоро, испитај ги сите хормони на 3ти ден од циклус. Ќе треба да регулираш циклуси и овулација.
Многу ми е страв луѓе. Гледајќи какво време е денес со ова стерилитетов... у комшии има една женичка со години деца неможе да има а здрава права. Викам а ја тука со триста проблеми... Ама морам да сум позитивна, со Господ напред...
Правила нема. Со тежок фактор за стерилитет останале бремени од прва и без причина за стерилитет (идиопатски) се мачат со години. Медицината е напред, не постои нешто за што нема лек. Само треба навреме да се препознае. Ете, знаеш дека имаш дисбаланс на хормоните. Приоритет нека ти е да го средиш тоа. Направи си рутински преглед со ехо, пап и брисеви. Дај си време. Не е во ред да се разочараш ако не фати од прва или од втора. Колку повеќе го мислиш, толку потешко ќе е. Ако не дај Боже, подолг период не забременуваш (после среден хормонски статус и редовни односи), ќе направите и други испитувања. Ама не брзај, чекор по чекор. И позитивна мисла пред сѐ.
Ги читав и претходните постови од твоја страна. Според досега кажаното најважно е повторно да испиташ хормонален статус, потоа гинеколошки микробиолошки брисеви (може да се работи и за некоја инфекција пропратно), ултразвучен преглед доколку досега немаш направено, при што се прави морфолошка и фунционална процена на матката и јајниците (во случај да има некои отстапувања од нормалното во однос на поставеност на матката, функционалност на јајниците и слично). Имаш веќе нагласено дека често посетуваш гинеколог, претпоставувам дека погоре наведеното е веќе извршено, ако не, би било добро да се направи, тоа се неколку клучни работи меѓу останатото. Сепак, регулирањето на овулацијата и доведување на истата во нормала е она од кое треба да се почне кај лица со хормонален дисбаланс, би ти препорачала да посетиш добар ендокринолог или да го посетиш Институт за патофизиологија и нуклеaрнa медицинa, за подетални испитувања, како и консултација со докторите таму. АКО овој процес на забременување трае долго, ќе се упатите на дополнителни испитувања. Меѓу другото не е секогаш проблемот во жената. Кога двајца партнери не успеваат во процесот на фертилизација, „проблемот“ се бара кај двајцата. Дури уште полесно е да се почне од машкото, поради тоа што се започнува со спермограм и спермокултура, а понатаму и други испитувања доколку е потребно. Го пишувам ова за да не се разочаруваш и секогаш „проблемот“ да го бараш во себе, што е честа појава. Огромна улога има и психичкиот момент, премногу размислувања на таа тема, страв дали ќе се случи и постојано исчекување. Опушти се и остави се да си тече по свое, мисли на други работи и не се преоптеретувај со темата, за почеток направи ги испитувањата, да видиш дали постои некоја пречка. Доколку се воспостави дека нема, размислувај позитивно и се ќе биде во ред. П.с. Во однос на тестот, не секогаш тестовите за бременост детектираат РАНА бременост, затоа раната бременост се докажува лабораториски со испитување на присутност на beta HCG во крвта. Со лесно и само убави мисли.
леб од цели зрна , строго забрането грав , брокула, карфиол , зелка ( свежа никако , преработена еднаш месечно максимум) , кафе ( еден филџан на ден ) и да се избегнува храна со глутен .... морска риба почесто и ми додадоа Омега 3 суплемент и 2000 единици вит Д ....
Фала ти. Сакам да, да испитам пак хормони зашто лицево кај образите ми е доста исфрлено. А јас одсекогаш сум имала чисто лице, ми се поремети скроз..
Ќе одам повторно да испитам хормони. Инаку да проблем е нередовна менстр. меѓутоа познавам жена која што имала нередовни менстр. и одма забременила. Сега има две ќерки возрасни. Едната од нив исто имала нередовна менст. а исто одма забременила, другата ќерка секој месец добивала на исти датум и она на крај мачење за бебе( до неа пробл). Нема некое правило. Јас првата менс ја добив на 14 год и секогаш ми касни од тогаш.
Да секој е различен, еве и јас имам нередовна и кај мене тешко оди ова со бебенцето(па почнав со кломифен, па ќе видиме), иначе да подобро е да испиташ па и да тераш неколку месеци со терапија(за да доага редовно со некои апчиња), па потоа ќе видиш и овулацијата како ќе е. Секако има многу процедури како до бебенце... Но секогаш да си мислеме позитивно
Zdravo devojki, Da ve prasam dali imala nekoja slicno iskustvo. Dijagnosticiran mi e visoko rizicen hpv, dali toa bi mozelo da smeta za bebe. Dvajca ginekolozi me uveruvaat deka ne e precka. Vekje dve godini go lecam ama teshko.
За забременување не е пречка ама заради тебе е убаво да го средиш,подигни имунитет,земај многу каротен,тој е најбитен кај оваа проблематика,ако пушиш под итно да баталиш. На моја пријателка докторка ја мачкашр локално со некаква маст што беше мислам за меланом,од Германија ја набавуваше,сега конечно пап тестот е чист,ако сакаш да прашам за маста па пробај така.
Девојки да си ја кажам маката, ептен сум во мисли. Требаше денес да добијам и среда да правам лапаро/хистеро, денес ми се јави сестрата да праша до каде сум, но јас сеуште немам добиено. Немам ниту розево, ниту знак дека ќе добијам. Ништо не ме боли веќе неколку дена, 3-4 дена по овулација ме болеа брадавиците на допир, потоа почнаа градите да ме болат од страна но не многу во споредба со претходните циклуси. А сега ништо, направив тест негативен е(не беше со утринска) 14 дена се поминати од ризичен циклус. Редовно добивам 26-28 дена, денес ми е 28 ден. Не знам што да мислам, совет Ве молам за да ми олесни малку. Потајно се надевам дека Бог ми ги слушнал молитвите.
Живеам во мал град и заради короната неколку дена ќе чекам за да испитам, плус викенди не испитуваат освен хормони ако е 3 ден. не знам колку е на приватно, а и тие не работат викенди. Леле колку сакам да се јавам да кажам 'не доаѓам на операција, тестот е позитивен' само тоа се молам.