Дај боже мила да биде позитивен, па тогаш ке заборавиш на сите претходни маки, земи си од тестовите што покажуваат еден ден од доцнење, ајде побрзо да ни се придружиш во труднички.
Девојќи да се пријавам и јас дека за 2 дена треба да не добијам но 2 дена до сабајлево имав кафеав исцедок (како застарена крв). Веке немам ништо ни на секојдневна ни на бришење. Исто така и вчера имав многу големи грчеви во стомакот. Се надевам дека нема да добијам.
Незнам колку ке ри помогнам ама ќе го споделам моето искуство. Пред неколку години исто за прв пат на хпв типизација ми излезе високоризичен. Наредните 4 месеци се придржував целосно до планот што ми го даде гинекологот (претпоставувам и ти имаш) во однос на витамини и исхрана за зајакнување на имунитетот плус и изопранизол таблети по шема. Витамините си ги купив посебно сите, тоа ти е многу подобра опција иако идат количински многу во текот на денот можеш како мене да си спуштиш апликација со потсетници. Следниот пап беше чист и фала богу сите понатаму. И мене сите доктори ми кажуваа дек не е проблем за забременување, мојот гинеколог викаше покрај сите проблем уште и ова да беше пречка за бременост ќе немаше крај Ти посакувам што побрзо да се средат двете работи.
Не е пречка, не се секирај. Јас имам високоризичен ХПВ и ЦИН1 веќе две години. Аптека имам дома со витамини, ама ништо, еве сеуште позитивно ХПВ, а ЦИН-от си стои. Советот на тројца гинеколози беше забременувај побрзо
Дај боже да е имплантација мила. Но по се изгледа ке добијам. Исто вака ми се случи пред неколку циклуси,2-3 дена имав исцедок и после си проби.
Добив Мери, во текот на оваа недела лапаро и хистеро ме чека. И после веќе ќе знаеме сигурно како стојат работите и во кој правец да тргнеме