Zakazhav denes za na 15ti dekemvri. Pishete mi go brojot od doktorkata da mozham da komuniciram so nea i na viber. Vi blagodaram na site za odgovorite.
Исто како и ти мила, правев испитувања на трансфузиологија во Државна, имам мутации mthfr хомозигот. Пијам метилирана фолна, метил б12, аспирин 100 и д3. Правев и 5д ултразвук на матка, полипи фала богу немам и матката е здрава. Е сега се мислам дали поради претходната неуспешна бременост има шанси да ми се непроодни каналите. Дали има некоја искуство со непроодни канали и кој лекар го препорачувате?
Здраво девојки, сакав да ве прашам колку пати треба да се има односи во еден ден(во плодните денови), за да се случи забременување и што може да се направи за да се здебели слузницата побрзо(бидејќи ми е тенка и доктрорката кажа нема да ја издржи иплементацијата) почнав со апченца 2 по 3пати, ама освен тоа нешто со храната можеби може?
И јас бев иста како тебе пред да забременам. Микроцистични јајници, циклус до 90 дена. Уште пред да почнеме со обиди бев опседната дека нема лесно да успееме на тоа поле (дури одев ми ги следат фолекулите, ќе пораснеа до одредена големина и се сушеа). Забременив за 2 месеци обиди, еве го сега дечко е... Не мисли така, ужувај во моментот... И преку еден ден односи. Еве сега имаме обиди скоро 8 месеци, нема сеуште ништо. Денеска ми е 57 ден од циклус, може 3 теста направив, нема ништо, ќе чекам да си дојде ахахах веќе тестови не правам.
Фала ти за споделеното искуство,многу значи и јас сум слична ,да не кажам иста,со нередовни циклуси ,и ако не пијам хормони може и до 90 и над 90 дена да не добијам. (Не го имам оставено циклусот до крај да пробам колку би одел :/ ) Колку и да не сакаш се опседнуваш со тоа,никаков друг проблем немаме освен циклус. Извинете што улетав во муабетот,но стварно ми е убаво кога знаеш дека не си само ти со ист или сличен "проблем" и со самото тоа се на крај се завршило се убаво.
Девојки треба да(не) добијам за 7 дена имам болки во долниот дел од стомакот исто како кога ќе добијам и ме болат градите многу и подуени се надевам овај месец конечно ќе имам позитивен тест.
Ајде и јас да се пријавам треба да ми дојди за ден , два .. немам симптоми никакви ... на добро нека е ❤️ Се надевам на позитивни резултати
Здраво девојки. Да ви се приклучам и јас на темава. Ние прво си чекавме година и пол од лични причини, но и да си ја средам анксиозноста. Анксиозноста се намали, не се среди целосно, но веќе 6 месеци безуспешни обиди. Пиев и фолна, премама за сето ова време. Ќе одам и на гинеколог деновиве, до сега се било уредно. Почнав да се разочарувам, ми влијае на психа. Што ми предлагате, нешто плус да пијам? Може и не сум доволно опуштена, но некогаш тоа е посилно од мене. На сите ви посакувам среќа
Немам ништо од тие работи испитано. Редовен циклус ако е тоа некој показател.. Ќе видам што ќе ми кажат на гинеколог, дали треба да правам некои испитувања.
Редовен циклус не е доволен показател дека се е во ред. После 6 месеци можете да направите основни испитувања и кај двајцата. Не мора да значи дека е женски фактор, може да е и машки, 50-50 е работата се додека не се испита. Ви посакувам се да е во ред и да забремениш што поскоро.
Девојки дали во сабота работи лабараторија на биохемија дали боцкаат 3 ден од циклус ќе ми биде треба хормони да испитам
значи да барам Елова и/или Инофем? или Мио Иноситол плус метилирана фолна? А како да ги земам? Колку време дозирање? Помагаат ли исто како инофоликот слушнав на многу жени им помогнал да забременеат? Јас имав хормонален дисбаланс сега полека се нормализира. Хипотироидизам..... ТСХ ми е 3.2. интернистката вика "...мислам дека треба да биде под 2.5 за да забремениш - но не сум сигурна" 11 месеци се обидуваме за бебе безуспешно. Пијам еутирокс 25. ММ упте не направил спермограм но веќе 9 месеци пие: Бабин заб. Грчко семе. Ашваганда Д3 Ц цинк. Аспарагинива киселина пиеше Машки капки за плодност итн... п.с. Каква е таа метилирана фолна киселина? Сега гледам составот на Инофоликот не е само Мио Иноситол и фолна. Пишува дека има и д хиро иноситол.... Што мислиш за ова? Јас ги гледам Инофолик комби капсулите.... за тие има слушнато Е сега не знам што е подобро далј капсулите што содржат плус д хиро Иноситол или само Мио Иноситол и фолна
а таблетки мио иноситол нема појаки од 500мг нели? значи доколку би купила треба да пијам 8 на ден плус метилирана фолна. А за мажи која фолна се препорачува, исто таа метилираната?