Мене ми пораснаа фолекулите спремни за да прснат, но сеуште не прскаат и до понеделник ако не прснат треба да примам инекција овитрел, па како работи таа инекција што предизвикува и кога настапува овулација некој што знае или е примал да ми објасни повеќе.
Од каде ги купи? Имам болки во јајниците веќе 3 дена а 10ти ден од циклус ми е (секако активни сме деновиве) да проверам дали има овулација.
Сабајле правев околу 9 и нешто пак тест за овулација и тоа со прва мокрача. А, не требало така. Потоа прочитав од 10 до 20h да ср прават најубаво. И да се запази ако може исто време. И незнам што ми текна па после скоро два часа пак правев и побледо ми испадна. Ке ставам слика. Првиот е од вчера, другите 2 од сабајле. Дали утре пример околу 15h да правам и така наредните денови или ?
Има во македонија тестови за овулација Oview се викаат. Три теста се во пакетче. Јас ги користев месецот кога останав бремена.
Уште како девојче, беа во ред. Фолелули ми следеа и тогаш, растеа до одредена големина и се сушеа. Бидејќи се опседнав дека нема да имам деца (тогаш не ни планиравме деца со дечко ми), почнав да пијам Фемисан А. Од него ми станаа микроцистични јајниците. Докторот рече, кога ќе планирате бебе, обиди 6 месеци, ако не бива ќе почнеме одма стимулации. Среќа останав бремена за 2-3 месеци обиди. Сега 9 месеци, нема ништо... Јајниците ми се чисти.. Ќе почекам до пролет, ако не бива, ќе почнам со прегледи...
Јас ти препорачувам да си напраиш хормони на 3 ден од цуклус уште веднаш кога ќе добиеш за да се види состојбата и ако има потреба да си почнеш со терапија. Таман ако има нешто да се среди до пролет и да почнеш со труднички прегледи
ок фала. а во кој случај се прават испитувавања за мутации? Мене матичната ми предложи да пијам инофолик ама не знам дали имам потреба од иноситол. За ова треба со ендокринолог да се консултирам, со матичен или со гинеколог? Во кој случај ми треба иноситол?
Леле не се сеќавсм колку беа тогаш пред една година ги користев, ама еве најдов на 24 аптека 360 ден поскапи се од тие што се на алиекспрес. https://24apteka.mk/product/oview-test/
Од она што знам го даваат на жени со пцос, за регулирање на инсулин и генерално за подобрување на јајце клетките и при проблем со овулацијата
јас немам ништо од ова горе освен одложена овулација. Сега во понеделник ќе одам да проверам Прогестерон па ќе видам дали воопшто сум имала овулација. На 17-иот ден имав фоликул 3.9 цм ама гинеколот рече не знам дали ова е главниот кој што е требало да пукне.
Сите во темава верувам дека имаат правено. На редовен циклус се прави од 10-14 ден. за да се види дали има водечки фолекул. Ако правиш преку матичен гинеколог ти е некоја минимална сума (200-300денари) но на приватно ти е поскапо.
Јас правев испитувања за мутации по препорака од матичната, бидејќи имав една биохемиска бременост и една неуспешна бременост поради неразвиен ембрион. Ми установија дека токму мутацијата што ја имам (mrhfr) била причина за што не се развил ембрион. Пред да испитам мутации пиев обична фолна, но потоа ми кажаа дека со мојава состојба обичната фолна не ми одговара и дека треба да ја заменам со метилирана фолна и витамин б12.
Девојки, дали според испитани хормони можам да видам дали сум имала овулација? На 3 ден: TSH-5.31 (висок, бев на ендокринолог и почнав со терапија) FSH-5.44 LH-2.19 Prolactin 24.2 Estradiol - 62.93 На 13 ден: FSH 11.3 LH 35.0 Estradiol - 263 На 21 ден треба прогестерон уште да проверам. Ми рекоа дека поради тироидата можно е да немам овулација, ама ме интересира ако е можно преку хормони да се види.
Бидејќи јас имав една неуспешна бременост т.е не се разви плод само гестациска ќеса и не испитав друго освен торч и микробиолошки брисеви смеам ли да пијам метилирана фолна на своја рака или е само за во вакви случаеви?