...па другите хормони сега се сите во границата на нормала. За да ми покачат еуториокс мора да најдам ендокринолог бидејќи таа единствената што е во Штип е на боледување... Какви се тие микробиолошки? Каде се прават и од каде ми треба упат за на државно? Колку време ги пиеше тие Кломифен па остана бремена? Предложи некоја ординација ако знаеш со посебна просторија за спермограм, да има така услови некои нормални. Значи почетни чекори се спремограм, хормони, хсг, не знам од каде да почнеме ми се чини дека ништо не чини
Не се секирај, прво смири се, нема потреба да си вака испаничена. Немате ли некој приватен ендокринолог во Штип? Микробиолошки брисеви се прават кај матичен гинеколог, се проверува со нив да не случајно имаш некоја бактерија. Исто така и ПАП тест направи си, тој е за грло на матка да се види дали се во ред и пожелно е се ова да правиш еднаш годишно и ако не планираш бременост. Јас Кломифен пиев еден циклус и забременив, помагаат во остварување на овулацијата. Клиника со нормални услови за оставање примерок за спермограм не знам, ама веројатно во Систина има услови. Нема врска дека ништо не чини, ништо немате проверено за да мислиш така. А и да има некој проблем ќе се најде решение чим се бара.
За почеток смири се. Остави нека ти слегнат информациите и пробај да не читаш во сите теми. Секој со својата мака. Ти мора прво да најдеш што проблем имаш за да бараш решение. Нормално е во текот на годината да имаме и еден и два ановулаторни циклуси (без овулација). Ако тоа се случува секој циклус, тогаш е проблем, но ништо нерешливо. За почеток, најосновно кај матичен гинеколог е да испиташ пап и микробиолошки брисеви за да се види дали можеби имаш некоја бактерија што е пречка за забременување. Воедно, ако брисевите се чисти, добиваш 'зелено светло' за да можеш да правиш хсг (тоа е за испитување на проодност на каналите). Во меѓувреме, додека чекаш резултати од брисеви и пап, се разбира доколку не ви е финансиско оптеретување, закажете на приватен ендокринолог за тебе за хормоните и за партнерот за спермограм+спермокултура. И едното и другото го имате во ремедика и систина. Исто, можеш преку општ матичен да закажиш на државно на ендокринолог (ама прво провери дали воопшто работат со ситуацијава, можно е ендокринологија на државна да е ковид центар, ама не ме држи за збор). Освен во систина и ремедика, за маж ти можете да направите спермограм и спермокултура во њу борн. Во сите овие има посебна просторија за оставање на материјал. Доколку сакате, може и материјал од дома да се однесе, но поради веродостојноста на резултатите заради осетливоста на сперматозоидите, најдобро е на лице место да се остави примерок. Откако ќе ги завршите овие работи, 90% од основните испитувања ќе ви бидат завршени и ќе знаете во кој правец да се движите. Доколку имаш/имате проблем со хормони, прво тоа ќе го решаваш/те. Доколку партнерот има проблем со спермограм/спермокултура, тоа прво ќе го решава. Понатаму, ако има потреба (сите овие испитувања се во ред) ќе направиш ти и хсг. Хсг-то го ставам последно затоа што е инвазивна процедура и е подобро прво да се исклучат сите други фактори пред да се направи хсг. Кога сме кај хсг, никако кломифен (тоа се хормонски таблети кои стимулираат зреење на јајце клетки) без претходно да испиташ проодност. Можеби некаде се погодило да нема механичка пречка во проодноста на каналите и да била успешна стимулацијата со кломифен на неиспитано, меѓутоа лудост е да бусташ хормони, ако не знаеш дали каналите се проодни или не. А ако се, тогаш може стимулација. Други испитувања како торч, мутации, витамин Д итн... не ти се потребни. Доколку сѐ од ова е во ред, а ти и покрај редовни односи не можеш да забремениш повеќе од една година, тогаш кај специјалист за асистирана репродукција ќе си направите консултација и тој ќе одлучи дали и кои плус испитувања треба да се направат. Во однос на елова, миоинозитол итн, појди прво на ендокринолог и консултирај се со него, дали и што треба да земаш. Кога сме тука, како ти се фсх, лх, пролактин? Многу ме интересира колку ти трае циклусот (ако имаш редовен) штом си овулирала на 16ти ден. Во однос на now и iherb, на веб страната iherb ги има препаратите на now (фармацевтска компанија) со многу пониска цена отколку кај нас. Не ме држи за збор, ама мислам дека ако во зегин на пр. метилирана фолна на now е ~1500 ден, да порачаш преку iherb е ~20$. Разликата е речиси двојна. Се надевам дека не ти направив попара во мозокот.
Негативен е веќе тестот правев нов тест. Фала ви на сите се надевам наредниов месец со две жар црвени линии ќе биде.
Девојки гледам повеќе од вас се стимулирании со кломифен па имам неколку прашања Пријателка и таа е тука се стимулира со кломифен е сега малце ми е чудно што терапијата е дадена на 4 месеци-ај докторка знај најдобро ама и нема речено да оди да ги следат фолекулите и за стоп да прими ако е потребно...Женава повеќе време се труди за бебе прв месец стимулирана И се појавуваат симптоми како сечење во стомак и јајници,болка во градите-пупките зголемување на градите дали е ова симптом заради кломифен или сепак можи да се работи за бременост треба да добија утре или другиден па не знае што е а не можи да посети гинеколог со закажување е 1 месец порано Ви благодарам
Во мај сопругот мој правеше спермограм и имаше дали 17% или 20% подвижни и 91% ненормални. Спермограм правен во Систина, на кој пишуваше, Нормозооспермија, бидејќи вкупниот број на сперматозоиди бил добар. Како и да е ниеден гинеколог не рече дека е добар. Откривме дека имаме уреоплазма и си се лечевме со антибиотици, а напоредно пиеше сопругот и Спермотренд.. По 3 месеци контрола, брзи беа мислам 50% и ненормални само 40%. Муабетот ми е ако се открие и третира, за се има решение. Ќе биде добро се
Кломифенот секогаш оди заедно со 2-3фоликолуметрии и со темпирани односи, а за стоп инекцијата одлучува докторката дали е потребна, нека си бара самата да оди на фоликолуметрија или нека менува гинеколог.
Во Штип ендокринолог доаѓа кај Самарџиска, јави се, со Ремедика соработуваат мислам. Спермограм можеш кај Органџиски, а ние имаме правено поодамна кај матичниот др.Данков. Распрашај се кај нив. Среќно, ќе биде
Девојки мене ми е 13 ден од циклус, сабајле кога станав на гаќите имав како кафеаво коло, ама не толку јака кафеава крв. Во недела на 13ти кога правев тест за овулација, тестот тогаш ми испадна позитивен. Се тестирав и наредните денови, ама не испаѓаа толку црвени цртите. Што се случува стварно незнам, некако овој пат циклусот ми е чуден, па сабајле и ова кафеавото
Кафеавото може да ти е од овулација. Кога ќе добиеш позитивен тест не овулираш одма туку во следните 12 до 36 часа. Не е лош знак кафеавото, баш ти се поклопува со позитивниот тест во неделата.
Здраво девојки, еве денес бев на преглед ми кажа докторката дека има излив, но сеуште не пукнале фолекулите (а примив и инекција), таа кажа дека треба да пукнат штом има излив па дали знаете од прилика за колку време би требало да пукнат ова некако не ми е многу јасно
Помислив и јас да не е овулација, имам и слаби болки во јајникот. Ама ми падна чудно, знам дека кај некои за време на овулација ни се појавува кафеава крв. Кај мене тоа никогаш се нема случено, ама ваљда за се има прв пат. Да се надевам дека е тоа.
Па кафеав исцедок може да се појави од повеќе причини да, но кај тебе се поклопува со болки во јајници и позитивен тест за овулација, така да не може 100% да се каже, ама големи се шансите да е тоа. Нема врска што претходно не било така, секој циклус не е ист. Чекаме за две недели да ни се пофалиш со позитивен тест.
немало нигде ендокринолог една била... пап и сите гинеколоошки испитувања ги правам редовно. Последен пап правев Јули. Нема ништо и ми рече дури после Нова Година да одам на контрола за пап. Значи за микробиолошки дали е само на приватно или може со картони?
бевме кај Данков ама немаат просторија и не завршивме работа. Ти благодарам за инфото за ендокринологот ќе се јавам ќе прашам