И јас се возбудив ако си пишува на тестот hcg тоа е тоаа На овул. тестови LH си пишува. Кажи што ке направиш, пуштам среќа
Јас за момент помислив дека е можно да сум бремена кога ја видов цртата, ама не верувам. Како што кажав истиот тест го правев пред една година, на сред циклус и ми покажа 2 црти. Сега маж ми од кај пак исиот го земал, незнам. Тестот е за бременост @IRBBB дефинитивно. Од истата фирма има и за овулација. Ама зошто покажува втора црта и кај овој тест стварно незнам. Затоа прашав дали е можно за две намени да е. Ама не е логично кога се работи за различни работи. Еве ќе ставам и слика од тестот.
Софи ма, трудна си според овој тест . Знам имаше рана овулација овој месец, можно е да покажува веќе.
И јас мислам дека си трудна, често го правам овој тест и никогаш не ми се појавила втора црта. Прави некој друг утре, ама мислам тоа е тоа
Да, тое е тест за бременост има втора цртка Софии Сигурно тоа кафеаво е било имплантација. Деновиве провери бета,
Утре направи уште еден од друг бренд. Може тој што го имаш правено пред една година бил за овулација или пак си имала биохемиска бременост. Не ми е познат тестов, ама чим е за бременост цртката си ја има, позитивен е.
И јас правев self clear порано покажа ваква црта па добив кај мене највероватно беше биохемиска ти држам палци нареден тест да имаш две жар линии.
Ќе видиме друшки или по ваше или по мое ќе биде Дај Боже по вашето Тестов не е од мкд па затоа може не ви е познат. Денеска ќе се обезбедам со друг па ќе видиме таму што ќе каже. Па ќе ве известам. И да е бременост некако многу рано се покажа, имам уште цели 2 недели до крај. А и ме страв така ете од биохемиска, па не се ни радувам и се ми е побркано. Маж ми што вели. А од кај па ти текна денес да правиш тест Ѓаволчето, ѓаволчето... Ве сите.
И јас така те разбрав дека очекуваш овулација деновиве, не добивање. Баш ме изненади искрено, ама лажно позитивен тест знам дека не постои. Може си овулирала одма после менструација, па тестот затоа вака рано покажува. Како и да е, ти посакувам многу среќа.
Мила незнам значи одма после менструација јас правев тест за овулација и покажаа 2 црти. Јас тогаш се изненадив, дека е рана овулација. Претходната точно недела на 13 цртките ми беа жар црвени. На 16 кафеав исцедок и вчера исто. Искрено незнам, или стварно погрешив што го направив овој тест. Или јас сум па стварно до толку баксуз па овој да може да детектира и lh хормон, иако нели само обратно може. На тестот убаво си пишува за бременост, а јас знам дека и лани така ми направи. Ќе известам до после, пошто и јас сум веќе збркана целата.
И јас така останав бремена со рана овулација одма после менструацијата имав овулација и баш тогаш останав трудна еве сега сум 33+3 така да ти мислам дека си бремена направи си уште еден тест денес а ако можеш испитај си и преку крв така ќе знаеш најсигурно
Сигурно е било имплантација штом си имала кафеаво а по менструација си овулирала. И јас минатиот месец имав овулација на 7миот ден. Така да некогаш овулираме рано некогаш подоцна, повтори го тестот пак, а ако имаш шанса провери бета. И раното правење тест можеби ти е знак дека има нешто.
Здраво на сите , сакам да ве прашам доколку некој знае , овој месец сум на кломифен на 17 ми беше плоден ден , Вчера и денес ме боли многу десниот јајник и долниот дел на стомакот исто како симптомите пред добивање , а треба да добијам 31 , дали можда е знак на бременост толку рани симптоми? ....
Не знам дали има некаква точност моето мислење, но можеби ти си останала бремена минатиот циклус, а последната менс ти била имплантациско Може трескам глупости не знам Колку ти траеше последната менс, обилна беше?
Друшки мои Правев тест друг, покажа и тој две цртички. Изгледа стварно има нешто бе Многу сакам оваа бременост да ми биде успешна, и конечно да фатам бебе во рака. Исплашена, испаничена со триста мисли во глава. Ќе видам наредниве денови како ќе биде. Искрено ми е страв. Ама може конечно ќе ме огрее Фала ви на поддршката
И јас сум иста ситуација, но мислам симптомите дека се од овулацијата (или од апчињата) не е можно толку рано симптоми за бременост после 1-2 недели се појавуват од имплантацијата
Мене ми трае околу 6-7 дена. Пред да ми дојде почнаа 3 дена само кафеава стара крв, па 3 дена си имав свежа крв со парчиња со се ми течеше убаво. Па пак 3 дена сигурно само кафеаво. Не верувам што знам. Може е дека стварно рана овулација, што знам.