Аспирин се пие и во бременост, продолжи да го пиеш го како што ти е препишан. И после ивф трансфер го даваат. Ѕвони упорно, клексани нема нигде моментално, ако треба да примаш ќе мора да почнеш да ги бараш. Можеш да си ставаш вагиналети утрогестан како дополнителна прогестеронска поддршка дур не отидеш на преглед. Честитки и само опуштено
Фала ти многу милааа ,да ќе видам може и да не ги користам. Дај боже, втор месец ми е,се надевам дека овој пат ќе имам поубави фоликули
Па пошто ќе одиш на фоликулометрија мислам дека немаш потреба од тестови за овулација, јас лично не правев. Ако ти е страв да не ја пропуштиш пред фоликулометријата, имајте односи секој втор ден доколку сте во можност. Или пак оди порано на фоликулометрија. Јас прв пат бев на 11ти ден, ама ако имаш таков сомнеж можеш и порано.
Уште го нема, се надевам дека ќе ме побара денес. Ако не ќе им звонам упорно и на сестрите па ќе најдат минутка само да ми каже. Така е мила, да се надеваме на најдоброто. Иронија е што останав само со едно апче аспирин. Ги баравме тука во Данска, рекоа ги немало. Од луѓе ни кажаа за едни други апчиња, што биле со ист или сличен состав. Ама не ми се ризикува да пијам нешто што не сум сигурна Продолжив со метилирана фолна и Б12, фемибион и на своја рака испив и дабростон за поддршка. Ќе почекам ќе видиме што и како.
Фала ти мила. Побргу и ти да се радуваш Како што пишав останав само со 1 апче аспирин, тука ги немало во Данска, од аптека ми нудат замена. Тврдат исти дека се како аспиринот. Клексан ми остана од претходната бременост, имам уште 10тина. Си ги земав со мене. Земав и дабростон на своја рака. Претходно ги пиев по 2 на ден. Сега за сега едно ќе пијам, додека да го добијам докторот.
Како се викаат другите апчиња? И, ако веќе си почнала да земаш Дабростон, набави си да имаш барем до 9-та недела. Сигурно знаеш, ама да си кажам де.
треба да е ацетилсалицилна киселина, тоа е аспиринот и има уште милион такви од други компании. обично е 100мг како аспиринот, но ги има и од 80 и слична доза. слободно земи од било која фирма..
Продолжи си ги и клексаните и аспиринот и биди упорна досаѓај му на докторот мора да го добиеш за да се информираш
Magnul се викаат, ама сега кога ми објаснивте значи тоа е тоа. Имам Дабростон тоа се обезбедив, додека да појдам во мкд. Тие се од 40mg, незнам дали сабајле и вечер да си пијам по едно? @Мишел* Да така пишува под нив ацетилсалицилна киселина.. Фала ви многу луѓе, незнам што ќе правев без вас. Следно замарање ќе ми биде, како сама да си боцнам клексан
Клексаните и сите инекции субкутано најмалку болат под поголем агол,јас т.е мм клексанот ми го боцка под агол од 90,за почеток бидејќи сакаш сама почни во стомак,штипни си месо околу папок и боцни,не го истиснувај воздухот од внатре,откако ќе завршиш со вбризгување на течноста,пушти го месото држи ја иглата внатре барем 5 сек и после боцкање не премачкувај алкохол на местото. Со среќа и полни раце за 9 месеци ти посакувам,само позитивна мисла.
Така е, Hjertemagnyl или Magnyl, исто е што и Аспирин. Што е тоа од 40 мг, оти Дабростон се од 10 мг и за твојата состојба вообичаено се земаат 2х1, значи вкупно 20 мг на ден е доволно.
Здраво девојки! Чисти ми се микробиолошките брисеви и пап тестот. Нареден месец ќе правам хсг бидејќи денес ми е 21ви ден од циклусот. Не знам зошто гинеколог ми кажа дека се прави на 10тиот ден? Нели беше на 21от?
Пак јас. Се слушнав пред пола час со др. Трајковски. Реакцијата прво беше, многу рано некако и овулација си имала па и позитивен тест дури, многу рано ти има покажано тестот позитивен, незнам колку мери бета hcg. Велам докторе сега ме наплаши овој месец прв пат следам овулација и беше позитивно веднаш после менструација. Зарем не е нормално некогаш да имаме и порана и покасна овулација. Вели да да нормално е, ама велиш на 4ти Декември менструација, а уште сме Декември и ти имаш позитивен тест. И јас цела ваква Прашувам за клексанот дали да го почнам. Тој ми вели ама беше ли на ехо да се види каде е, немој да е вонматерично па да го храниме безврска полошо е. Тестот ми е со ептен бледа линија се работи за рана бременост. Зарем може да се види на ехо бе луѓе? Па потоа ми рече да почнам да ги боцкам, па ако има болки крварења веднаш на болница. Мислевме да си одиме за Мк на 27ми имаме лет. Ама се предомислувам ако не ќе си чекам до 3ти тогаш и требаше да ми дојде, а тогаш исто има лет па да видиме до тогаш што ќе се случува. Да не ги правев тестовите за овулација може и мене ќе ми беше повеќе чудно. Мене некако ми се поклопи на 13 жар црвени линии, на 16 кафеав исцедок, на 19 повторно кафеав исцедок. Може тогаш си била имплантацијата и нели тогаш почнува да се лачи бета hcg? Точно и мене ми е чудно, уште 13 дена имам до дато за добивање. Ама нели во медицината 2+2 не се секогаш 4 Ќе се распрашаме ако може некаде бета да испитам и луѓе што е тука е. Само стресови си ставам, а не сакам. Ми рече за клексанот паралелно под кожата колку можам, ваљда добро го разбрав? Што е до мене ќе направам, па како треба да биде нека биде. Јас се извинувам што овој ден ви здосадив
Имам зборено лично со докторот за клексаните. Иако на упатството на клексаните пишува да се ставаат под агол од 90 степена, Др Трајковски вели дека тоа не е во ред , и дека сите поткожни инекции треба да се боцкаат ПОД КОЖАТА, а не како пикадо.Некои луѓе боцкаат под 90, јас си го слушав докторот и боцкав како што ми кажа , под агол од 45. Пробај и така и така и види како помалку ќе те боли.
Не досадуваш... баш напротив послушај си го докторот Без да испиташ бета не ги почнувај ако не,а аспириниот не го откажувај ради мутациите... (веројатно има некаде да провериш? Па потоа да одлучиш што како и кога... и без грижи се ќе биде добро