Јас треба да не добијам за една недела, но ако добијам наредно ми е хсг и спермограм за мм. Ти посакувам успех.
Издржи уште малце,чекам убава вест да си знаеш,те мислам ако не ти кажувам Вака следам @Tinka1234 ти посакувам и јас исто
Женски имам едно прашање о ми треба мислења. Што мислите дали пред да се добие доколку тие ден два работите колкава е шансата? Конктетно требаше да добијам најкасно до 26ти месецов, деновиве работевме 2 пати на случајот и еве ми нема дојдено. Знам дека е прерано но чисто мислења ако може и до кога да чекам за тест во случај да не добијам. Фала ви однапред и ве гушкам сите
Тестовите за рана бременост покажуваат резултат најрано после 10 дена од ризичниот однос. Ако ти доцни, направи тест, а ако си сигурна дека си имала касна овулација, почекај да поминат 10тина дена и направи тест. Ти посакувам две цртки.
Според календарчево што го имам не сум во плодни деноби ниту пак овулација има настапено, требаше баш да добијам но си пробавме, иако мислам дека е мала шансата сепак си се надевам и ако има некоја слично искуство нека каже. Осеќам како мини болки и грчеви некои долу и во пределот на кичмата, но тоа можно е да ми е и дека треба да ми дојде и збунета сум цела
Чекај сега, овулацијата ти е помината и чекаш да (не) добиеш или допрва треба да овулираш? Ништо не те разбрав барем јас. Како следиш овулација? Грчевите, како и сите симптоми се исти пред добивање и за рана бременост, затоа не се води многу по нив.
Здраво девојки, ве читам подолго време и се радувам на секоја закачена слика со || цртки. Со мм пробуваме повеќе од година, хормони и спермограм направени, добри резултати, но еве не бива. Како ја задржувате позитивноста и волјата да пробате и да се надевате на следен месец? Јас последниве месеци бев по ок кога ќе добијам, ама месецов премногу надеж имам и не можам пак негативен тест да гледам... Инаку, денес ми е 28ми ден од циклус, а добивам на 31 ден.
Ја имам онаа апликацијата мој календар и до ден денес секогаш точно ми ги покажува и плодни денови и ден на овулација, кога добивам и слично. Последна менструација 26.11 по неа ми поминаа и плодните денови но тогаш ништо немавме правено и сега 27.12 и 28.12 работевме на случајот но нит ми се плодни ни ништо, но сепак не добив. Затоа кажав знам дека е рано но сакав да прашам колкави шанси има бидејќи не сум ни во плодни. Се надевам ме разбра ако треба нешто појасно ќе пишам пак. Нова сум, релативно млада сум и меѓу првите проби ни е ова Секое искуство и совет би ми биле топло добредојдени
Па не е дека нема шанси, само се помали. Сега ако не добиеш, околу 9ти,10ти јануари можеш да направиш тест, а ако добиеш искористете си ги плодните денови нареден месец
Мислам и погоре имам пишувано првиот пат кога останав бремена сум била останата 2 дена пред менструација така да гуд лак
Шанси има секогаш, иако во твојов случај се многу мали, сепак постојат. Не се потпирај до толку на календарот, може ти погодува за добивање, ама плодните денови знаат да варираат. Некогаш може да имаш порано овулација, некогаш покасно, а има месеци во кои може и воопшто да немаш и сето ова е сосема нормално. Треба да научиш да си го слушаш телото, обично дава знаци кога сме во овулација. Ако не добиеш, тест можеш за минимум 10 дена да направиш, како што веќе ти кажале. Со среќа, а ако не биде сега, следен месец поактивни бидете си и ќе ги погодите плодните денови.
Не можам да верувам дали и вие гледате бледа црта? Не можев да издржам и тестот го направив на 6 дена пред добивање
Даааа, се гледаа!!! Почекај уште ден два и купи некој друг тест и повтори го, ќе биде потемна. Можеш и бета да направиш, знам дека си нестрплива.
Да! Браво мила, честитки од срце! Лесна бременост да си имаш, како по книга. Гали го мешко сега и уживај наредниве месеци. ❤️
Само овој го имав дома мм ќе купи после од поскапите ќе правам па. Се надевам дека тоа е тоа, исплашена сум сега поради тоа што за 2 дена тргнуваме за мк со кола, ризик ли е тоа? Ви благодарам дамии мои, плачам од среќа
Радувај си се сега и чувај се. Со лесно и со среќа да ти е. Поголем ризик е со авион да патуваш во рана бременост, со кола не е толку страшно. Ама сепак бидете си внимателни, правете паузи почесто.
И јас требаше да добијам во сабота и еве не добив ќе правам тест во четврток па ќе видеме што ќе биди нестрплива сум, но ќе почекам. Со среќа на сите што очекувате да не добиете(да добиете две цртки) и честитки на идните мајки