Девојки мои, нека оваа година биде многу поубава од претходната,тргнуваме во нови победи и го очекуваме најдоброто, бидејќи оној кој верува, сè ќе му се исполни. Среќна Нова 2021 година да си ја дочекаме оваа година сите со бебче во раце ❤️ Ве гушкам
Друшки мои храбри, новата година на сите да ни ја исполни желбата по која сите чезнееме Да бидеме живи и здрави и со полни раце. Кај мене заврши како што си претпоставував, се мачеше мачеше и веќе имам убаво крварење. Дојде до биохемиска. Се надевам оваа година дека ќе ми биде посреќна.
Среќна Нова година храбри жени, а најскорои мајка. Нека оваа 2021 биде дата што цел живот ќе ја памтиме по раѓањетона нашите сонца. Живи и здрави да сме сите Јас бев малце отсутна, стасавме мк, немам веќе ништо од менструалните симптоми, само многу бело прање ми остана безбојно без мирис, па или е симптом или ќе добијам Вчера правев друг тест клеар блу негативен, се разочарав многу, за секој случај решив да правам утре бета, да си бидам целосно сигурна, па овој месец со нови сили Ќе пишам утре па по проверка на крвта, не можам а да не споделам со вас
Имам 6 дена до недобивање според апликацијата која е точна ден порано покасно .. болка во гради,пецкање во јајници,исцедок бел , температура над 37 ... сакам да направам тест неможам да издржам дали би покажал што мислите? Или е подобро да почекам?
Среќна Нова драги мои идни мамички. Од срце како што си посакувам на себе, од дното на душата ви посакувам и вам оваа година да ја добиеме најубавата титула - мајка. Гушки испраќам до сите!
Среќна Нова година идни маички! Пред мене веќе многу ја посакаа желбата што сите многу ја посакуваме, мене ми останува да се придружам кон честитките ❤️ дај Боже годинава да ја почувствуваме мајчинската љубов во срцата и рацете да ни бидат зафатени со најмилото. П. С. Мене требаше утре да не ми дојде, но денес имав менструални болки и мислев ми дојде, но цел ден имам бледо розева крв на бришење и многу малку на улошката. Ќе видам утре дали ќе пробие или не, но чудно ми дојде зошто обично не се случувало вака (некако надеж ми даде дека може нема да ми дојде). Но, што и да биде нека биде, со нови сили во во новата година
Здраво друшки. Да ви посакам Среќна Нова најпрво, оваа година да го добиеме најскапоцениот поклон сите до една, да се реализираме како мајки. Воедно сакам да Ве прашам како оди испитувањето за хормони. Добив вчера поручекта, дали се паѓа утре како ден кога треба да испитам хормони? Друго нешто на што треба да внимавам, претпоставувам гладна треба да бидам, резултати кога? Извинете неупатена сум малку и збунета. Исто д-р ми даде и рецепт за кломифен, кога да почнам со нив, ве молам некој да ми одговори. Иначе претходниот месец не бевме многу активни, мм имаше еден здравствен проблем, ги испуштивме можните плодни денови.
Тел ми е скршен баш кај камерата никако неможам да сликам убаво , иначе тестот е 1 ден пред да ми касни , денес ми е 2 ден како што ми касни но не сум храбра да направам тест ...
Пробувам да видам, ама стварно неможам. И доближувам, ама матно ми е. Ти најубаво си знаеш, најубаво го гледаш ако има втора линија нема зошто да ти е страв да го повториш. Ајде биди храбра.
Се надевам душо дека ќе има 2 црткиии , вчера имав розев исцедок само на бришење и само тоа беше дури си ставив улошка но ништо немав ,, се надевам дека ќе се израдувам .. И сите други кој очекуваат дај боже сите да се радувааат ..