Овие денови ми се променува расположението ептен. Де ќе сум океј, па ми иде да плачам и плачам. Некако се вртам во глава што и како е подобро да правиме. Дали овој месец да продолжиме со обиди или не. Дали да пробаме да правиме инсеминација. Дали, дали, дали... Се здебелив, не е од хормони од многу јадење е од стрес. Цел живот се вртам во круг. И кога ќе слушнам некој ќе ми рече, ама битно остануваш бремена... да да, а што неможам да ги доносам каде е тука среќата Многу ми е мака, едвај чекам да ги видам двете црти, а потоа стравот и стресот ми стануваат дупли. Се осеќам дека никој не ме разбира. Се осеќам тажно. Се извинувам на депресивниот пост. Морав некаде да пишам. Чинам тука највеќе ми ја сваќате маката. Сакам кажам, незнам речам ми е постов
@S.o.F.i можи мое мислење? Ама најдругарски, без лутиш, најдобронамерно. Што мислиш за посета на психолог? Односно, онлајн сеанси ради ситуацијава. Мислам дека толку многу работи ти се собрани, мора да најдеш еден издувен вентил. Многу жени го поминале овој пат, ама секоја различен одбрамбен механизам има. А најлошо е да се затвориш во себе и само црнила да гледаш во сѐ. Мислам дека треба малку психички да се средиш, да измолкниш сила, па да се бориш. Чувствувам дека си исцрпена од сѐ. Мора да ги избистриш мислите за да го пронајдиш патот, да не лебдиш. Најдругарски. ❤️
Софи,душичке....да си пробувате и овој месец слободно,немој да се вртиш назад и да се опседнуваш барајќи ја причината за спонтаните,ќе се погоди убаво ембрионче и ќе си износиш здраво право бебенце,мораш малку да се опуштиш психички,нормално е тоа како се осеќаш,сите ама баш сите сме се осеќале така,убав совет ти даде и @IRBBB, и немој да се тестираш многу рано и цело време,нема да закасниш за Клексаните,не се замарај за тоа.
Мислам последниве две недели на темава имаше 3 биохемиски,ги утврдивте бидејќи се тестирате многу рано,стресот што си го предизвикувате не сте свесни колку е голем,исто така не сте ни свесни колку се чести овие биохемиски бремености и колку пати сте имале без да знаете. 4 години се обидувавме за бебе,2 инсеминации и 2 ин витра имав,не броејќи ги тестовите после првото инвитро бидејќи тогаш направив иста грешка како и вие сега,рано почнав да тестирам и имав една недела агонија,за второто си ја научив лекцијата...небитно,во тие 4 години не знам дали 5 теста имав направено вкупно,стварно би сакала да пробате да ме послушате,психичкиот мир е пола завршена работа,верувајте... Да се едитирам само,не секогаш бледа линија значи биохемиска,може се да е во ред,да не ме сфатите погрешно,ама сепак чекањето е стресно.
Капа долу за напишаново, потполно се согласувам иако го немам баш така осетено на своја кожа бидејќи штотуку почнавме да пробуваме. Но, сепак смиреноста премногу влијае
И јас гледам бледа цртка, но сепак повтори си за некој ден и само полека, релаксирано и смирено. Честитки од срце мила се надевам дека тоа е тоа
Планирам утре да испитам но 3 ден од циклус ми е. Ако е над 10 да имам време за да спуштам. Која е цената таму?