Мила, не може да те исцрпува 37 температура кога тоа е најнормална температура, а нормалната температура не е различна кај секој човек. Тоа што е нормално е нормално за секого, тоа што не е, не е. Ако одиш на лекар, нема да те прашаат која ти е тебе нормалната температура, затоа што вредностите се исти за секого. Види од нешто друго да не си исцрпена, не се замарај со постојано мерење, дали нешто физички те исцрпува или нешто си напната на психичка база.
Базалната се покачува и останува благо покачена доколку има бременост. Немој да мериш и да се замараш непотребно. Може да си омалаксана од многу причини, види го времето какво е променливо, на сите ни влијае. Пробај да се опуштиш, пиј повеќе витамини, течности, излези на прошетка на воздух и чекаме за скоро да ни споделиш убави вести. Температурата остави ја, нормална ти е, не е покачена.
па ги водат како суплемент , се пијат две капсули наутро и две навечер имаат мака во нив ( таа нели помага за полицистични јајници и регулирање на циклус ) иста им е намената на овие таблети , се очекува да го изрегулираат циклусот и да воспостават редовни овулации
Сакам да ве прашам вие што сте поупатени, дали е лошо ако често се има рана овулација? Јас претходниот циклус прв пат се тестирав за овулација и беше нели порано. Ама пред тоа никогаш не сум се тестурала и се' мислев дека покасно имам овулации, ама неможам да го тврдам тоа. Некаде прочитав дека е лошо ако често се има рана овулација А, мојте циклуси се од 28 до 30дена. Јас сакам и овој месец да следам. Сега направив еден од радозналост и веќе ја има и втората линија, сигурна сум дека пак порано ќе биде. Мене на 31 ми проби убаво, 2 дена течеше јако и сега уште имам малку кафеаво на бришење хм.
прашуваше членката за овурномот , надоврзан пост со друг малку погоре ( нема конкретна врска со премама )
Mal update da dadam, vcera popladne imav 37 so 3 temp, i denes sabajle isto. No da napomenam ne se raboti za bazalna temperatura. Za test sakam da pocekam za da ne se razocaram ako e rano. Vasi mislenja?
Здраво девојки. Јас денес испитав хормони на 3 ден од циклус. Почнав и со кломифен од денес. Па, сега ќе чекам резултати.
Како ти се хормоните? Дај Боже да вроди со плод кломифенот. ❤️ Штом не се работи за базална, нема големо значење. А и базалната, бидејќи и јас мерев неколку месеци пред бременоста, после овулација ми се одржуваше висока и на денот на добивање ми паѓаше. Не барај симптоми, направи тест. Чекаме две цртки. ❤️
Нема некое значење штом не е базална...а и ко што имаш пишано дека бетата била негативна рано би било за тест но штом ти доцни веќе повеќе појди си на матичен гинеколог да видиш што како (а можеш и да си направиш и тест пред тоа)
@IRBBB Резултатот ми рекоа ќе го пратат кај матичната за 2 работни дена. Започнав со кломифен, но малку ми е чудно што ми препиша 2 таблети дневно како за првпат очекував помала доза. Како и да е, дај боже да биде успешно. Фала ти
И јас прв пат по две на ден пиев, наутро и навечер. Јас мислам тоа е стандардна терапија со кломифен. Инаку успешно од прв обид, моментално 29 недела. Ти посакувам успех.
Јас последните неколку месеца кога мерам температура постојано ми е околу 37, само наутро паѓа на 36 со 5-6 некаде. Мислам 37 е нормална температура, нема шо да ти е на мисла тоа. Се надевам ќе си ги видеш цртките за неколку дена, ама твојот случај со темп не е некој симптом
@S.o.F.i Незнам дали е лошо некаде и јас како да прочитав дека шансите за развивање на бременост е помали при рана овулација не ме држи за збор незнам каде прочитав ваква информација но од мое лично искуство со овулација на 11 -12 ден од циклус имам здрава права ќерка така да би рекла дека е различно и зависи од други фактори како јајце клетка, спеематозоиди итн така да секој месец со различна среќа[/QUOTE]
Здраво, вчера по прв пат се обидовме. Тој сврши во мене и потоа осеќав печење,горење. Некако се плашам зошто е тоа така? И денес кога одам во вц се цади тоа сеуште. Не сум упатена баш. Па би сакала совет. Фала