Јас во Зегин најдов поевтин, 125 ден. Се вика OVula и во едно пакување има два теста. Само изгледа ретко ги има, во една го купив последниот, во друга уште два останато само имаше. Задоволна сум инаку.
Здраво девојки♀️ Јас сум нова тука и сакам сите да ве поздравам, со мм сакаме многу бебенце и се обидуваме веќе подолго време, овој месец ми доцни 2 дена и дајбоже да се израдувам ви посакувам на сите што сте во исчекување што побргу да се израдувате ❤️
Zdravo feminki srekni praznici. Inaku denes pocnav so klomifen pa so gospod napred vo skoro vreme da imam pozitivni vesti i dve crtki na testot
Фала мила, и кај тебе што побрзо, па да се дружиме во труднички муабети. Само опуштено, остави се да си тече природно. Не мери базални, не гледај плодни, сакајте се кога ви се сака и уживајте во заедничките моменти, а мозокот на пасење
Ќе биде миличка кај сите со ред Си ветив дека нема да се разочарувам. Сега уживаме во одморот и празниците, опуштено, баталив апликации тестови за овулација, кога треба ќе си дојде бебче. Ти уживај во најубавиот период, гали меше. Гушкањее
Здраво, женски. Ќе ви се придружам со едно прашање. Нешто ми текна да ја разгледам темава, да се окуражам за бебенце. Веќе имам едно, да ми е здраво живо и од срце ви посакувам да си добиете и вие. Поминав и јас низ психички терор и измачување, исто имав и вонматерична претходно, така што не беше ниту кај мене плукни-залепи. Понатака, здравје, би сакала уште едно бебе, ама пак слични чувства добивам кога помислувам, а дел од мене посакува. Голем удел во зачнување има психата, многу голем удел. Дури и некако проблем да има, со терапија со третман кога ќе се среди, ако во психата си мирна опуштена, биднува. Прашањето ми е како се опуштате да не мислите на тоа, по секој однос?
@elenaklasik и кај мене за првото не беше плукни залепи,скоро една година обиди па спонтан па после неколку месеци останав имав лесна,школска бременост. После пораѓајот циклусот ми се поремети скроз или не добивав без терапија или ќе добијам па не ми се допира без терапија. Хормони,еха,пап брисеви се во ред. Хормонска терапија колку сакаш препив. Кога малиот имаше 2,5-3 почнавме да се обидуваме за второ. Прво опуштено кога че биде тогаш. Ама помина година,година ипол па потоа витамини,хормонски терапии,па сменивме држава циклусот ми се допоремети. Зедов на своја рака пиев мака 3-4 месеци циклусот ми се стабилизира па имав некој месец пауза па пак 3-4 месеци пиев никаков резултат за бременост ама циклусот ми се стабилизира,правев тестови за овулација гледав позитивни ама до бременост не доаѓаше. Пак правав пауза од 2 месеци од све реков ако даде Господ добро ако не фала му и на ова едно што ми го даде. Ја почнав пак маката,фолна и овој пат само цинк плус зедов тест за овулација позитивен пак ама на крајот и тој за бременост позитивен После 3 години обиди останав со второ тераме 13 недела сега А скроз да се опуштиш не верувам,кога тогаш ќе помислиш после однос. Коцките треба да се наредат. Ти посакувам за второ да се изненадиш да се фати баш со плукни-залепи
За 3-4 медеци ти се среди циклусот од мака? Почнувам да ја пијам,прекинувам и се така во круг,а имам проблем само со циклус... Фала
Прво почнав капсули пиев мака ама немав никаков ефект,после ко ги испив зедов мака во прав само што почнав да ја пијам на 28 ден добив,и се така дур ја пиев добивав на 28 дена ко ќе ја прекинев циклусот и над 45 дена не ми идеше.
Имам дома неколку паковања во прав,не ја пијам,"демек не помага",не бев редовна. Фала ти многу за искуството,ме натера да почнам да ја пијам редовно ,ако ми го регулира циклусот те частам
@curlyhair јас цело кило купив Некоја био-органик од Перу. Пиј ја секој ден. Мене тешка ми беше некако,ама затнував нос,очи,уши и голтав. Пробај интензивно пиј ја месец два види дали ќе имаш резултати. Јас мислам дека ми помогна многу и да ми се регулира циклусот и овулација и успеав да останам бремена. Ти посакувам да има резултати и кај тебе
Девојки го направивме и Хсг-то и спермограмот. Резултати: Хсг: проодни јајоводи и се е како што треба. Спермограм: не е баш добар. Дијагноза-Олигозооспермија. Понатаму треба пак да направи контролен спермограм и ДНА Ферментација. Не му напиша никаква терапија да пие. Што мислите? Дали можеме да се обидуваме месецов и колкави се шансите за бременост? @IRBBB ако се секавам добро вие бевте со таа дијагноза?
Колку проценти се правилни ? Многу е важно тоа во зависност од процентот може и да поднесете документи за ифв без инсеминација ((во 'најлош'случај)) А за подобрување на спермограмот може да пие серматроп алфа (ко поскапи ама ефикасни) или сексовит форте... Секако обидувајте се, 1сперматозоид е доволен за да дојде до бременост но пак ќе кажам се зависи од процентот и може да се консултираш со специјалист за асистирана репродукција