Здраво девојки. По година дена обиди, конечно и јас видов || цртки. Неможев да поверувам, многу сум среќна и исплашена, само се` да биде добро. Не знам дали нешто од ова влијаеше, но направив некои промени изминатиот период и сакам да споделам со вас, можеби ќе помогне на некој. Испитувањата на хормони и спермограм беа со ок резултати, кај мене укажуваа на полицистични јајници, но имам редовен циклус, а дополнителни испитувања немаме направено. Последните два месеци пиев мака во капсули, метилирана фолна, б-12 и чај за женско здравје од тианде секој ден и ги користев и влошките од таму, а мм пиеше спермотренд. Пред два месеци го пиев и лекот за миоми со лен и мед (го има на форумов во темата за миоми). Одев кај матичен за одредување на плодните денови и пробувавме секој ден околу овулација и по "обидот" лежев со перница под мене половина час (совет од гинеколог). Последниов месец успеав да бидам психички поопуштена, бидејќи направивме план да пробаме со инсеминација ако не оди. Намалив и со работа, си дозволив да не пазам на исхрана, да не вежбам, да пијам алкохол, од секој аспект олабавив. Не тврдам дека нешто од ова помага, само го споделувам моето искуство и посакувам сите што чекате побрзо да се израдувате.
Мила ние бевме со олигоастенозооспермија. Вкупен број на сперматозоиди мм имаше 54 милиони, а неподвижни сперматозоиди 65%. На местото каде што правевме спермограм, ова му го напишаа како препорака. Освен трибестанот и придржување на препораките, јас на странски форум најдов препорака за бустање со антиоксиданси. Еве што земаше дополнително (на наша одговорност, во консултација со фармацевт) На ова би додала сега коензим q10 и тој е силен антиоксидант. За околу 45 дена направивме контролен спермограм (морам да напоменам дека во друга лабараторија). На него имаше вкупен број на сперматозоиди 208 милиони, а неподвижни 27%. Како се вредностите кај партнерот? Инаку, секако дека треба да се обидувате месецов. 1 сперматозоид е потребен да се сретни со една јајце клетка на вистинско место во вистинско време. Штом нема проблем со подвижноста и абнормалност на сперматозоидите, бројот многу лесно се корегира. Колку време апстинираше пред спермограмот? Направивте и спермокултура? Не брзајте за контрола, нека помине барем 1 месец.
Posle kolku vreme od pocetokot na terapijata ostana bremena? Mm pocna so terapija pred 3 nedeli, a jas nemam simptomi za dobivanje(treba da ne mi dojde za tri dena), obicno uste posle ovulacija mi se javuvaat bolni gradi i stomak i si dobivam, sea nema nisto od toa, mozebi ima nesto drugo ili pametot me laze...
Ти пиша членката за витамините какви може да земе но можете и во 1таблета буквално се од списокот содржат но се околу 3-4000денари... има повеќе видови не аамо тие што јас ги пишав... но треба мин 3месеци за да се промени спермогенезата и да има ефективни резултати но и по месец дена ќе има подобрување и да... без пушење и сл...
Девојки еве ми го тестот за овулација правен сега на 12ти ден од цуклус. Бледа е цртката значи дека тек ке настапи за неколку дена така? Утре ќе продолжам со тестирање.
@Tinka1234 вкупно 10,15 милиони сперматозоиди има, затоа е и дијагнозата. Колку што можам да успеам да прочитам, имате препорака да испита хормони. Не е лошо да инсистирате за консултација со ембриологот Стефан. Ако ви се земаат лекови на своја рака, јас топло ги препорачувам антиоксидантите. Ама во одделна форма (иако испаѓаат многу поскапо), не како мултивитамини. @Lina-Detelina спермограмот го подобривме за месец и пол и кога пак не останував бремена, тргнав јас да правам испитувања. Кај мене имаше проблем на хсг, едниот јајцевод ми е проширен и тотално нефункционален, полн со токсична течност и иако мислењата беа поделени околу тоа дали прави проблем за забременување или не, јас на него би препишала тоа што скоро година и пол не можев да забременам. Секогаш постои шанса, дај Боже да си ги видеш двете цртки. @princess5 ако не ти е проблем прикачи слика од составот на таблетите. Сигурна си дека во толкава концентрација ги има сите витамини/минерали? @Bebce1 негативен е тестот, продолжи да се тестираш.
Не се во толкава концентрација но кај мм уште по првата кутија веќе имаше подобрување(за разлика од сексовит или посебно ц цинк селен и нз кои др.. кога ги пиеше)...
Женски, маката во прав како ја пиете? Во вода? Во сок? Некаде прочитав најдобро е во какао, но како ?се вари? Се попарува?
Јас мака во прав пиев во смути и многу вкусно ми беше. Пробај и така. Ставав една лажица со овошјето во булет и не додавав вода туку малку јогурт за да биде погусто и со лажичка да се јаде.
Девојки, дали испитувањето на пролактинот е поврзан со некој конкретен ден или може било кога да се испита во текот на месецот?
Здраво девојки. Хормоните ми се во ред, сега одам на следење на фоликули после терапија со кломифен. Но, ми рече ендометриумот ми е тенок, за бременост требало да е подебел, ми даде терапија за тоа. И сопругот да се испита.
Јас со вода ја пиев или во сок од портокал. Малку му беше гадна ама пиев,пробај ова со смутито може е подобро. Т.е пробај види кој начин ти одговара така пиј ја.
Маж ми пиеше мака во прав и ја пиеше со вода само не сакаше со друго да го меша а исто ни рекоја дека можи и со какао да се пие
Не е поврзан со денот но е поврзано со тоа да немаш некоја голема физичка активност дента , вечерта пред испитување и да имаш добар сон вечерта пред испитувањето А ги земав од Бети аптека (под државна болница...ги немало во сите но можат да достават на пр...така ми имаат кажано (Ќе треба да прашаш за во др аптеки )