@pikabu5 гинекологот кога ми дава терапија за бактерија во урина, ми нагласува односи со заштита, и партнерот пие терапија. Јас кога забременив, истиот ден кога ми пиша антибиотик, немавме кондоми земено, му викам на сопругот ајде за еден ден, и така од денеска го почнуваме антибиотикот, од утре со заштита. И еве го сега малиот има 4 години. Најубаво да прашаш дали смее во бременост да се пие, има антибиотици кои се дозволени за бременост, и дали му штети на плодот.... Ама јас би стагнирала, зашто мн ми беше страв на мене во текот на бременоста, дали имало некое влијание на плодот... Јас и моите долги циклуси, денеска 37ми ден, симптоми никакви за добивање. Пред 5-6 дена имав болки во десниот јајник, и исцедок, бевме активни... Па ќе почекам за тест....
Иако ме нема долго време да пишам, редовно ве следам. Се надевам дека новава година на сите ќе ни донесе нова надеж, нова радост, нови две цртички.. За 2-3 дена треба да не добијам, имаше неколку месеци каде што не се оптоварував мн со тоа дали ќе се фати или не а и ме бевме баш вредни да речам, престанав да пијам и фолна,ама еве овај месец пак ја почнав. Сега нз како да објаснам како да ме јаде нешто од внатре некое измешано чувство, некоја нова надеж. Се надевам дека конечно ќе можам да ја израдувам мојата прва среќа со најубавата вест за неа..
Плодност, ама не е анестезија туку инфузија со лекови против болка. Намалува болка, но пак е можно да осетиш.
Тоа не е анестезија како што објасна @LivingGlam. Јас би ти препорачала да си јадена и пола саат пред интервенција апче за болка(кетонал, бруфен или сл)
Цела процедура трае 5 минути со облакање и соблакање и таа мала интервенција. Не е потребна анестезија се издржува , само земи си улошка за после тоа.
Зошто анестезија воопшто не е болна процедурата,легнуваш на ренген ставаат опрема како за брисеви што земаат,ја вбризгуваат течноста јас не ни ја осетив,нека не те плашат не е ништо стршно 5 мин трае.
Во Систина знаат и да те убедуваат без анестезија и не сакаа да ми стават, се додека не се онесвестив од болка, кога ме освестија, чекав во чекална 2 часа да дојде анестезиолог па после бидна.. Разочарана скроз од Систина, и не се вратив повеќе кај нив.
Ооо жал ми е за лошото искуство. Мене пријателка ми кажа дека дека ги убедила и направиле со анестезија.
Девојќи. Во врска со тестовите за овулација. 7-8 дена правам тестови за овулација од 11 ден од циклус и на секој ми покажува бледа втора линија. На 11 ден од циклус имав фоликул од 19мм а на 13 ден веќе беше пукнат, се гледало течност ми рече матичниот (ако е точно). Што може да значи тоа?
Тоа значи дека тестовите не ти чинат, неправилно го правиш, го имаш испуштено lh surge от ( може да трае само неколку часа) и да го имаш промашено и сл. Штом на ехо ти потврдиле дека си имала овулација значи си имала и се надевам дека сте биле вредни. Број 14, 15 дена од 12тиот ден на циклус, тоа ти е дата за недобивање.