Како успеа да издржиш 12 дена браво, јас не знаѓ до утре дали ќе издржам да не направам. Мислам дека треба да правиш тест, тоа е долго време сигурно ќе покаже ако си бремена
Правете тестови ајде да се радуваме! Знаете дека исчекувањето предизвикува стрес, нели се трудиме да го избегнеме стресот? И да е негативно, па што? Сите ќе си бидеме мамички ❤️ некој порано, некој подоцна...
Утре ќе одам да купам, зашто минатиот месец ги фрлив сите Среда сабајле правам, ако не добијам до тогаш. Тогаш ќе ми доцни 3-4 дена, мислам дека е ок
Со среќа, да си видеш две цртки овој месец И јас требаше денес да добијам и не добив, но не се надевам многу, бидејќи ми е преку глава од негативни тестови ни не правам тест како биде така битно се преживува...
Фала мила, почнав да добивам пак слаби менс болки изгледа ќе пробие. Исто и јас несакам да правам тестови секој месец разочарување ми пукна филмот веќе. Ама тоа е не ми трпи душа мора да правеме за да се смириме некако. Ајде двете да си ги видеме цртичките овој месец, стискам палци
Здраво, јас до сега не сум пишувала тука ама скоро редовно ве читам, сега имам едно прашање со маж ми пробуваме некои 6 месеци за бебе и бидејќи уште ништо нема само ми се врти нешто низ глава и ми текна кога бев на гинеколог ми кажа дека многу често сум ги настинувала јајниците наместо да биле во форма на бадем ми биле во форма на топчиња.... Ама не кажа ништо повеќе. Па ме интересира дали уште некоја имала ваков момент или дали знаете дали тоа е можност да е некоја пречка или јас само си умислувам. Фала
Не е точно ова. Еве мене пример не ме болеа ни пак ми се интензивираше болката од ден на ден. Само ми беа почувствителни пупките пред тестот, а после и тоа го снема и воопшто не ме болеа. Не тврдете вака со треба - не треба. Секоја девојка си е приказна за себе и секоја има различни симптоми или воопшто ги нема.
Сабајле најдов залутан тест во фиока од ефтини од али експрес, негативен е. А јас абер немам од добивање, 3 дена ми доцни
Здраво девојки, дали е во ред да се продолжи со обиди за бебе кога се примаат антибиотици? Во мојот случај се работи за цитерал антибиотик.
Купив денес ама уште се мислам дали да го правам утре. Се мислам да почекам до крајот на неделата ако не добијам
здраво девојки,на 25 јануари добив менструација многу ми беше болна градите ме болеа ко и обично и ок ми заврши ама болките во градите во долниот дел од стомакот и кичмата не престанаа.денеска ми е 9-ти ден од кога добив и еве денеска пак добив-прокрварив се преплашив што ми се случи незнам ама само кога ке се избришам имам крв светло црвена а болките се уште тука.се јавив кај матичниот ми рече не е ништо страшно можно е да е овулација или од терапијата што ја примав за пролактинот бромергон се средувале хормоните. Ќе ве молам за ваше мислење или некое ваше вакво искуство.
Колку дена ти траеше таа на 25ти? Нормална беше ко секогаш, мислам во крварењето или пооскудна? Посети доктор утре, нека те види на ехо, да си мирна. Ти посакувам убавини!
Колку дена ти траеше таа на 25ти? Нормална беше ко секогаш, мислам во крварењето или пооскудна? Посети доктор утре, нека те види на ехо, да си мирна. Ти посакувам убавини! Нормална во крварењето ама поболна ми беше првите два дена од обично и од ко ми завршии градиве пак ме болеа долниов дел кичмата градиве ми се поголеми од што ми беа незнам што да речам.не ми тече само ко ке се избришам имам крв.понеделник ми рече да одам да ме види до кај сме со фоликули и дали дошло до овулација и ке ме прегледал тогаш.ке видам сега утре како ке ми е ако не ке му појдам страв ми е фала ти на поддршката
Женски има некој искуство од ОВУНОРМ ? ( со полицистични јајници сум ) Др ми кажа дека фолекулите ми се микро ..
Јас мислам да паузирате овој месец. Освен ако цитералот не си го земала на почеток на циклус, пред овулација.
Душо може треба да се обратиш на друг гинеколог за мислење, за Тасе Цветановски има веќе неколку негативни мислења на форумов.