@Bella_Stella i @IRBBB милички ве следам и читам долго време запознаени сте со мене и мојот случај дали може да ми касни од што почнав да пијам гликофаж бидејки правев тест вчера на 30 ти ден од циклус веше негативен го правев тестот Self Cler а на 16 ти ден од циклус имав позитивен тест за овулација.На 28 ден од циклус имав бледо кафено со розево на бришење и толку само еднаш. Имајте убав ден мамички
Да правење тест порано е огромен стрес за нас и психички се заморуваме, а некогаш може баш тоа да биде причината што доцни. Почекај неколку дена да доцни па прави. И јас минатиот месец правев и тестови и бета, се напнав многу, имав и бледи линии па или не биле точни или била биохемиска. Си ветив последен пат, никогаш повеќе нема да тестирам пред да ми доцни
Од Глукофаж не може да ти касни. Ако си имала позитивен тест за овулација на 16ти ден од циклус, постои шанса да било рано за тестот направен на 30ти ден. 14 дена поминале, ама не од овулација, она не се случува во моментот кога имаш позитивен тест туку 12 до 36 часа после тоа. Ако си нестрплива можеш да испиташ бета или почекај уште некој ден па повтори го тестот.
Sis are you me? И јас така, ко да не се знам доволно себеси дека ради ПЦОС или рандом причини ми доцни, па правев тестови некогаш пред датум за добивање, некогаш после, со евтини тестови, скапи тестови плус читање за сите можни сиптоми и по сите разочарувања решив да бидам потрпелива малце.
Тоа е од преголема желба за бебе постојано мислиме на тоа. А баш тогаш не се фаќа и уште толку се напнуваме. Скоро секој месец правев тест ден пред да добијам и секогаш беше исто разочарување. Минатиот месец го допрев дното, бев на одмор во мк и цел одмор си го поминав во депресија, имав преголема надеж поради бледите црти. Мора да бидеме трпеливи и смирени, ќе си дојде бебе кога ќе ни е редот
Пред скоро време прашував за резичтатите од мутации, но додека се тестирав нели па резултати 3 недели, работевме активно, денеска ми беше ден за добивање, ама јас вчера си купив тестче од поевтините оти имам купено многуу.. Е сега ме буни што тест линијата е многу побледа од таа на hcg.
Позитивен е честитки. Имаш супер обоена црта за толку рано Закажи си преглед за 2 недели, тогаш би требало да се види и на ехо
Ви благодарам девојки, се надевам овај пат ќе биде до крај се како шо треба, со полицистични и мутации и верба, вечер ќе го повтораж тестот закажувам за во пон за на гинек, треба да почнам со боцкање. Ви посакувам и вас што побрзо ваква среќа
Се ќе биде како што треба... јас си се задевам со бебето во мешето ми е си расти 28 сум на сите што чекаат што побрзо да си видат и да се израдуваат и сите да имаат најлесна бременост
Се надевам и јас, преубавоо гали го мешето и уживај, а на сите оваа година да им се исполни само со лесно кај сите
Ти благодарам, па да минатиот месец ми дојде на 6ти, циклусот ми варира што е нормално кај мене од 28-35 денови, ама овај пат имав некое поинакво чувство и ете
Како што ти кажа и @Bella_Stella, не може да ти доцни од глукофажот. Тој ја подобрува инсулинската резистенција, а со тоа и овулациите. Не може да поремети циклус. После позитивен тест за овулација, овулацијата настапува во следните 12-36ч, а после овулацијата уште 6-12 дена до имплантација. Почекај уште малку за тест. Ти посакувам две цртки. Честитки, лесна, школска бременост да си имаш. Уживај ја, не мисли многу, не барај причини за стресирање, сѐ е во ред.
Ти благодарам, ќе се потрудам без стрес и да не гледам на назад Фала ти мила, ти посакувам се најјјhug: