Пре, прекратко време за толку сериозни мисли... баш дека ти е вереник, уживајте во слободата, сексот, љубовта...Во моментот кога нема да мислиш "ајде, ќе се фати ли", ќе биде! Звучи ко клише, (и јас мислев така, као не знаат веќе што да ми кажат, лити фрази од типот опушти се)но, така е... Хормони испитав по 6-7 месеци... Од прва, у турска серија се фаќа, чест на исклучоците
Фала ви многу на брзите одговори ајде па со господ напред сите да си исчекаме, изгледа прерано го направив тестот ама пуста желба ... ќе почекам до четврок па ако дај боже не ми дојде ке направам уште еднаш тест
Примаш терапија некоја? Да идеш на ендокринолог за тироидната покачена ти е, инаку хормоните си покажуваат пцос, ќе треба некоја терапија да ти препишат.
Не денес треба да одам да ги види резултатите и да ми препише нешто искрено се плашам дали ке биде подобро Иначе ти благодарам за брзиот одг
Ќе биде Тироидната многу брзо се средува со терапија. Другото ќе се подсреди со хормонска терапија од 3-6 месеци и таман кога ќе ја прекинеш ќе бидеш најплодна
Да не се плашиш. Инсулинот ти е повисок и за тоа ќе добиеш терапија претпоставувам, а веројатно и за тироидната. За неа мој совет ти е да си испиташ и антитела пред да земаш терапија, ама ќе видиш што ќе ти каже докторот/ката. Терапијата за инсулин мислам дека влијае добро и на другите хормони, ама тие секако ти се ок. И да знаеш дека се мн променливи, не се плаши.
Се надевам дека ендокринолог ќе ти ги гледа резултатите и ќе ти дава терапија, а не гинеколог. Во њу борн не се прави хсг.
Девојки .. да ве прашам уште едн аш.. дали знаете што е потребно за инсеминација на клиника? Имаме ХСГ,чисти микро брисеви,спермограм. Дали е потребно хив тест??
А кога се прави? Јас сум втор ден од циклус. Изгледа после циклус како што читав...И дали треба апстинација, бидејќи на последен преглед д-р ми кажа дека најв.баш после менструација ми е овулацијата... Чекам одговор од Д-р, но не сум трпелива па да прашам и овде.
Види во темата за инсеминанција или прашај во вонтелесно, поинформирани се на оваа тема. Мислам дека е потребен и инфективен скрининг за двајцата партнери (хепатит B, хепатит C и Хив). Ама прашај си за сигурно пак.
Околу 10ти ден од циклус (8-12 ако не се лажам, битно пред овулација). После постапката ќе треба да попиеш антибиотик, тогаш ќе апстинираш и ради антибиотикот и ради самата постапка, после 3-4 дена ќе можете слободно да си продолжете со обиди, таман да се фати овулацијата. Њу борн е центар за (ин)фертилитет. Јас колку што знам ехо прегледи, лабараториски испитувања (хормонски испитувања, спермограм, спермокултура), хистероскопија (не лапароскопија), инсеминација и ивф само прават.
Бев на фоликулометрија, 11 ден ми е од првиот ден на менструација, и ми кажаа дека имам еден фоликул за сега ми е 10 мм.. За колку време расти еден фоликул и дали е добро ова кај мене?
Малку зезнато според мојот циклус.. мене после добивањето ми е овулацијата што значи ако хсг треба пред овулација не знам кога би било најпаметно, сиг не за време на циклус.. ќе каже д-р.. фала ти
@IRBBB секако дека ендокринолог мила Сакав тука да прашам дали некој познава некој добар ендокринолог во Тетово ? Ако некој знае да ми пише..
Обично по 2-3 мм на ден растат фоликулите. Добро е, ќе видите како и дали напредува на следно мерење. Ендометриумот колку мм ти е?