Vo remedika pravev laparo i histero a AXM biotek 0,33 mi bese sto e zagrizuvacko ama mi kaza hirurgot deka treba pak da pravam zatoa sto iznenaduvaxki dobro i zdravo mi bilo sve vnatre sve dobro funkcioniralo
Добро, АМХ е низок, ама не е единствен параметар, битен е и бројот на антрални фоликули. А претпоставувам со оглед на тоа што цистата била многу голема, немало друг избор отколку да се отстрани, знам за ендометријални цисти дека границата е < 4 cm, за се што е поголемо обавезно се препорачува операција. Супер дека е се друго чисто и нема пречки за понатаму. Ти посакувам да бидне од прва природно и да не треба да се мачиш со ин витра, јас и самата сум веќе една година на тој пат и знам колку е тежок и бара храброст да се издржи. Инаку и јас кај Димитров ќе правам лапаро и хистеро.
Лејди,извини што ќе се вмешам,знам колку е мачно,тешко и скапо со ин витрата,не можеш да стигнеш некако до Илиевски во Чаир за лапаро и хистеро? 2700 платив а беше исто како во приватно.
Фала ти за сугестијата, ми прошла мислата низ глава. Меѓутоа живеам во странство и не сум повеќе здравствено осигурана во МК. А Димитров ми ја знае цела историја, 4 години сум веќе кај него и осеќам дека сум во сигурни раце и сум смирена, и покрај огромниот финансиски терет што го носи самата постапка, а и ин витро процедурите потоа.
Направи Амх пак, мислам дека во Гак имаат најдобри реагенси за тоа, поискусните нека ме поправат ако грешам.
Мое мислење е да не испитуваш повторно АМХ, @unicornstar, зашто непотребно да си правиш стресови и да се оптеретуваш околу бројката. Најбитно е што операцијата поминала успешно, што е докторот задоволен и што ви дал зелено светло да продолжите со обиди. Дај си најпрвин време да се опоравиш, па потоа обиди неколку месеци, па здравје ако и тогаш не биде, ќе се најде и друго решение. Во меѓувреме гледај колку можеш повеќе да се храниш здраво, да создаваш здрави животни навики, да пиеш суплементи, да си физички активна бидејќи сите тие се предуслови за квалитетот на јајце клетките.
Го разбирам и тој момент и и мене ми беше тоа првата помисла, секое дополнително испитување е често и непотребен стрес. Така кажав само зошто докторот ја посоветувал пак да го испита, верувајќи дека резултатот ќе е подобар и зошто имам искуство со погрешен резултат од лабораторија. Но, секако @unicornstar ако сметаш дека дополнително испитување може да те вознемири многу, не го испитувај. Верувам дека си на добар пат после успешниот зафат Исто така, ако си пушач и ако си во можност откажи ги цигарите, мислам дека и тие влијаат на квантитетот и квалитетот на јајце клетките. Истото го мислам и за електронските и ајкос-от, најдобро никакви ако се одлучиш на тој чекор. Ако не си, супер
Јас по она што го пиша членката ја разбрав дека докторот ја советувал дека и покрај резултатот на АМХ препорачува операција (бидејќи се работело за стварно голема циста која морало да се отстрани), а не дека и советува да го повтори АМХ. Ако е стварно тоа случајот, тогаш нека си го слуша докторот се разбира. Како и да, не треба да очајува дека илјадници жени со низок АМХ секојдневно остануваат трудни.
Да и јас знам многу позитивни случаи и со многу пониско АМХ од ова. Освен тоа чим Димитров вели дека јајниците и матката му изгледаат одлично, треба да му верува
Здраво девојки Ве молам за искуство и совет. Знаеме на сите колку е голема желбата за бебе и нестрпливо го чекаме тој момент. Проверував прогестерон на 20ти ден, кој е 8.90,досега не е настанала овулација но дали има шанси тек да настане. Ендокринологот ми предложи стимулација но јас еднаш имам останато природно. Дали некоја имала таква ситуација, знам дека ве има што сте на кломифен,но ве има и со повеќе искуства со оваа проблематика и што сте поминале низ овој пат.
Јас исто проверував на 21 ден од циклус и прогестеронот ми беше 2.78 а до крај на циклусот имав овулација. Е срга јас останав втор пат бремена со помош на аспирин преку еден ден метил фолат и магнезиум со Б6 навечер но заврши со миссед во 7 недела. Денес го завршив кломифенот па во понеделник сум на фоликулометрија дај боже да биде со позитивен исход и здрава и права бременост. Ти посакувам и тебе 2 цртички побрзо
Не сум пишала оддамна на темава, а искрено и нема што да пишам. Ве читам често, ама малку и си го одмарав мозокот. Денес ми е 19ти ден од циклусот. Од 9ти ден почнав да тестирам со овулациски тестови, цело време бледа линија. На 17 веќе покажа затемнување, а вчера сабајле околу 12часот го правев и беа скоро изедначени линиите, т.е кога се подисуши за 10 минути ми беа исти. Може до вечерот требаше уште еднаш да тестирам, ама имав само уште еден тест и го оставив за денес. Го правев и веќе пак е побледа цртката. Значи покасна овулација овој месец, мене ми доаѓа од 28 до 30 дена. Ние сме си редовни секако, а вчера осеќав малку и нелагодност при однос во долниот дел на стомакот. Како и да е ќе ве известам што ќе биде до крај на месецов Ви посакувам среќа
Ajdeee samo neka bide sto pobrzo ti posakuvam Koi lenti gi koristis? Vo sekoja apteka gi ima ? jas ke počekam uste dve tri nedeli pa da vidime