А колку ти веа вредностите на LH и FSH? Баш ми е жал што инсеминацијата не била успешна.. но со позитивни мисли само и ти посакувам што побрзо позитивен резултат. Иначе ние пробуваме релативно краток период (неколку месеци) па ми викаат да не брзаме со испитувања ама кој да слуша. Не напоменав претходно ама овулации имам редовно (проверено секој месец) така да тоа не е проблемот.
Јас кога останав бремена, тсх беше над 4... Иако бев на терапија. Знам само дека пожелно е да биде под 4, а дека нај идеално е околу 2, и иако секогаш ми беше над граница, односно 5,86 никогаш не ми дадоа терапија, ма не врски, ништо, 4 мислења сменив, не влијаело тоа. На крај приватно( Димитрово од ремедика) нормално ми дадоа терапија. Но ете, се немаше регулирано а јас останав. Мене ми изгледаат ок хормоните. Иначе и мене ми имаат кажано дека имам полицистични јајници, за на лрај да испадне дека се хиперактивни.
Лх-2.71 ФСХ- 3.43 ТСХ -3.14 Т4 - 14.0 Ова се моите вредности .. Ништо што е тоа е ќе одиме на 2ра уште похрабри
Исто не верувам дека би ми дале терапија. А колку време пробувавте пред да останеш бремена и како се докажа дека се работи за хиперактивни? Дали тоа е OHS синдром или?
Женски требаше да правам анализи на тироидна за 21 ден и евего резултатот денес , доколку некој ме памти .
Сите хормони беа во ред, само тсх ми правеше проблем. Не се согласуваат ендокринолозите со тоа дека тсх може да прави проблем. Ја најчесто испитував тсх,пролактин тх4 и атпо.
Јас те памтам. Потсети ме колку ти беше Тсх, колку што памтам беше прилично повисоко од ова. Значи терапијата дава резултати За инсулинот што ти рекоа?
На ехо ме гледаше прво една докторка ради изостанат циклус, но тогаш така си даде дијагноза. После на ннормална контрола кај друга докторка, кажувам што проблем сум имала и што ми рекле, ме виде на ехо, и рече нема врска ова со полицистични јајници, само се хиперактивни(имам многу фоликули а доминантната оди и до 36мм) истото го кажа и димитров во ремедика, дека има еден куп кои не може да се видат со голо око, дека откако ќе родам ќе ме барал за донор на јајце клетки. Иначе после година ипол останав само после еден циклус со еутирокс,значи бев во ремедика, ми даде терапија, по недела две добив, и следно веќе не добив. Едит: тоа со јајниците беше години пред да планирам бременост.
Кога има полицистични јајници мислам дека Лх треба да е 2 до 3 пати поголемо од Фсх. Сега скоро се водат како полицистични. Дали ендокринолозите гледаат поинаку на ова, дали навистина се зголеми проблемот, не знам. Ама има полесна и потешка форма на пцос. Гинекологот може да те води како да немаш пцос, а според ендокринологот да имаш. Не сум доктор, можеби и тоа е проблемот, но во глобала добри ти се хормоните. Да, Тсх е височко за бременост. Јас имам слушнато дека кога Лх е повисоко од Фсх на трет ден од циклус можно е да не дојде до овулација, ама ти велиш дека си проверувала и имаш редовни овулации. Оди кај нутриционист, јас знам случај каде со правилна исхрана за 2 месеци се постигна баланс меѓу Лх и Фсх. Инаку терапијата е сиофор за ова колку што знам јас. Ништо страшно. За Тсх не знам што да ти кажам, зависи од ендокринологот што ќе го најдеш, ама јас мислам ќе добиеш терапија од повеќето ендокринолози. Барем за кај некои знам дека даваат дури и за пониско од 3. Според мене ако немаш покачени антитела на тироидна, терапија можеби не ти треба, ама консултирај се за ова барем со двајца доктори. Друго недела е прв ден ако убаво ти пробило тогаш, ако биле само капки се смета понеделник прв. Колку покасно си добила, толку се смета повеќе наредниот ден. Пример ако е кон 18 часот, и ако не пробило добро, тогаш Понеделник е прв ден. Дали може голема разлика да има во резултатите, не верувам, ама некоја минорна можда. Можеш да испиташ и андростендион, ама мислам дека ќе ти е добар, според овие вредности што ги гледам. Најважно и да има нешто, ако е до хормоните, не се воопшто лоши и ова се средува брзо.
Фала ти многу! Дефинитивно ќе пробам прво со поздрава исхрана и ќе побарам мислење како што спомна од двајца доктори. Значи сум испитала хормони на 4 ден Како и да е, се надевам ќе се среди за брзо!
Оваа вредност според мене е ок и за бременост, е сега докторите го сакаат да е под 2, ама ајде да не е се совршено кај сите што забременуваат секој месец. Ама мислам дека ќе ти ја продолжат терапијата за да се оддржува. За инсулинот ок ако така ти рекол докторот, знам Трајковски од Њу Борн препорачува да се пие фертилимин од Синергија, тие се на природна база, повеќе за жени со пцос, ама мислам нема штета и кај другите, во стилот на елова и мислам дека го намалуваат малку и инсулинот. Чисто онака ти кажувам зошто се на природна база. Изгуглај ги
Утре треба да одам да ги видаат резултатите па да видам што ќе ми каже , сепак фала многу што одвои време да ми објасниш
@MarijaMi90 можеш ли да ми предложиш добар ендокринолог? Или некоја друга членка секако доколку познава? @Цвет88 го спомна Димитров од Ремедика но сепак да видам и други предлози/мислења
На државно ја фалат Катерина Адамова, ама тешко термини. Сигурно има и други добри, јас за нејзе знам. Од приватно ги знам Стефанка од Ремедика, што ти ја пишала @Bebce1 и Бранкица од приватна болница Срце. Многу членки се задоволни од нив, јас не сакам да кажам каде бев, не сакам да посочувам конкретни доктори на форум. Мене ми се средија хормоните со терапија, но мислам дека мојот ендокринолог знае да даде мн јака терапија, некогаш и кога нема потреба толку и кога може нешто и по природен пат да се среди. За тироидната пример сигурно ќе ти даде терапија, а некои доктори сметаат дека не треба ако немаш антитела. Мн зависи и од годините, ако си помлада можеби можеш повеќе да пробаш со природни работи, ако ти се брза со терапија. И плус варираат хормоните, може следен циклус да ти биде ок тироидната. Затоа одбери си доктор на којшто му веруваш и постапи како што е најдобро за тебе согласно годините и времето на обиди. Само мој совет ти е дека за вакви работи не можеш мн да се ослониш на матичен гинеколог, тоа повеќе за следење фоликуметрија, брисеви, пап. Димитров е специјалист за потпомогната репродукција, не е ендокринолог. Не сум била кај него, ама колку што знам добар доктор е.