Како што ми кажаа и мене појди во Ремедика боцкале за 800 денари во аптекиве и да ја побараш и дали ќе ја има е над 2000 денари
Ништо и од овај месец ... се чуствувам толку изнемоштено, изморено од сето ова , баш кога ќе сакаш премногу да биде и не оди и не оди ... при крај сум со нерви, за хормониве муабет да не правам ... почнавме со испитувања ,терапии па со коронава прекинавме поминаа 6 и повеќе месеци и сега пак одново ќе треба се , тоа ќе биде долг процес , господ да ни е на помош, јас се извинувам за негативноста но ако не се искажам тука нема каде на друго место бидејќи јака се правам пред други ...
И мене на моменти ми наидуваат такви депресивни мисли, такви негативности. Долго време терав инает несакав да се мафтам по болници во смисла ако сака ќе си биде нема потреба од форсирање од планирани односи ама некако почнав ептен да губам трпение а тоа ете несака да се фати...
Женички ај ве молам за мислење... се избедирав ептен хормоните докторкава ми вика прво добри ти се ама во прилог на полицистични јајници со тоа што до сега (освен последниов циклус) сум имала регуларно и на ехо овулации (ми даде мио инозитол да пијам со тоа што инсулинот ми е блиску до долна граница ) ми кажа не е индикација за терапија ама едини препораки што ги добив беше да избегнувам благо а сум слаба 48 кила, физичка активност (работата ми е со движење) и на ехо имав повеке фоликули а веке ми е 18ти ден ... другата опција била хормони ама не ми даде ... што мислите? да закажам на ендокринолог за инсулинот и некој да ми препорачате? се друго ми е испитано уште хсг ми остана
Девојки, дали може некоја да ми објасни во врска со овулација. -Пример, колку треба да биде големината на еден фоликул или јајце клетка за да има шанса за оплодување? -Дали ако имам прилично точна менструација, значи дека и овулацијата настанува во ист период секој месец? -И трето, мене ми е изваден десен јајцевод, го немам прашано докторот дали на тој јајник се активираат фоликули? Јајникот ми е тука, ама јајцеводот е изваден. Знам дека преку него веќе нема шанса да се спроведуваат јајце клетки, само сакам да знам при овулација дали можно е да испушта фоликули, па понекогаш да осеќам пецкање од таа страна при овулација.
Ќе ти одговорам колку што се разбирам. - Големината на фоликукот треба да е околу 18 до 20 милиметри и кога ќе ја достигне таа големина треба да пукне и да ослободи јајце клетка. Но, не секој фоликул содржи јајце клетка. Се случува некогаш и да е празен, ама некогаш имаме и повеќе фоликули што може да пукнат во ист циклус. Зависно од квалитетот на таа јајце клетка и квалитетот на сперматозоидот, од која страна овулираш, за јајцеводот да може да ја заврши работата, ќе дојде или не до оплодување. Исто така зависи и од дебелината на еднометриумот, а сигурно и мн др фактори влијаат, дали ќе дојде до имплантација. -Најверојатно да, но не мора да значи. Би требало да осетиш, некогаш мало пецкање или па по секретот, треба да е леплив и да се тегне, како мрсул да не речам -Можно е да осеќаш пецкање кога овулираш од таа страна. Најубаво нека ти каже гинеколог, има жени што овулираат наизменично од двата јајници, има некои кај коишто поактивен е едниот. Кај мене е така. Затоа види, ако имаш ок АМХ, може е убаво да пробаш со стимулации за овулација-пример кломифен. Ова јас си нагаѓам, секако треба искусен доктор да те посоветува како понатака и да те води.
Девојки бев на ендокринолог. Ми препиша елова и еутирокс 25 мг. Рече дека не е страшно но не и е јасно од каде доаѓа дисбалансот на хормоните. Тироидната ми ја провери, во ред си е. Колку за потсетување ФСХ ми е 7.57, ЛХ 11.6 и спорен беше ТСХ 3.4. другите си се во ред. Дали доколку ја пијам терапијава и во меѓувреме останам бремена може да влијае некако на плодот? И дали кога ке се нормализираат се прекинува терапијата или...
Еутироксот е лек за Тироидната. Твојата е во референтни вредности, но ендокринолозите преферираат ТСХ да се движи меѓу 1 и 2 за да се постигне бременост. Не може да ти смета на бременоста, лек што се пие и во бременост е. Кога ќе забремениш месечно ќе ја проверуваш тироидната и докторот ќе ти одредува соодветна доза на Еутирокс. Јас го пиев пред бременост и сеуште го пијам. Еловата е суплемент што помага за да забремениш, веројатно ќе ти ја прекинат кога ќе останеш бремена. Со среќа!
Да знам дека еутирексот е за тироидната. Иначе тоа ми беше најбитно, да е безбеден доколку останам бремена во меѓувреме. Ете да не испитам немаше ни да знам, а не се обидуваме долго за бебе, неколку месеци само. Се надевам ќе биде за брзо
Ќе биде, кај мене проблемот беше многу поголем па се среди за брзо време. Се ќе биде добро, само дисциплина.
Здраво девојки! Најпрвин на сите да ви посакам што побрзо да ги видите двете црти и да имате школска бременост! Јас сум со синдром на полицистични јајници цел живот, од пубетрет до сега. Во последните 6 години не сум на никаква терапија, пред тоа бев на контрацептиви. Пред 6 месеци на хормонски испитувања и OGTT имав супер резултати (барем така рекоа докторите кај кои бев на консултација). По препорака на гинеколог од тогаш земам Profertil Female, и дополнително Д3, Ц витамин, Цинк, магнезиум. Со години со партнерот имаме незаштитени односи, а во последните 6 месеци се обидуваме поактивно. Во февруари имав хемиска бременост . Пред неколку дена ми беше првиот циклус после тоа, и направив повторно испитувања на хормоните. Како што можам да заклучам, не се нај нај. Дали некој ќе може да ми објасни кое влијание ги имаат зголемените вредности на тестостерон, пролактин и DHEA-S врз можноста за забременување? Сакаме да продолжиме со обидување, ама мене ме исплашија качените хормони. Имам закажано кај матичниот гинеколог неделава, но не можам да дочекам, па затоа пишувам овде. Во прилог и слика од резултатите.
Па не ти се покачени ни пролактинот, ни тестостеронот, само Дхеа. За Дхеа не знам, консултирај се со ендокринолог. Мислам дека Лх е малку ниско, и мене ми беше околу 3 на последно мерење, пред тоа 4, ама ендокринологот ми кажа дека може од пролактинот којшто ми беше висок да е малку пониска вредноста. Ама кај тебе пролактинот е во идеални граници.
Не се толку лоши хормоните. Мој совет е да се консултираш со ендокринолог, наместо со гинеколог за нив. Само Дхеа ти е покачено, тестостеронот е во ред.
Фала многу на брзиот и детален одговор. Мислев дека се покачени поради тоа што покрај вредноста кај тие редови има забелешка H (претпоставив од HIGH). Дефинитивно ќе зборувам со ендокринолог, или со Др.Стефанка од Ремедика или со Др. Бранкица Крстевска од Srce. Фала на охрабрувачкиот одговор и тебе @Bella_Stella. Понеделник ќе си закажам за кај ендокринолог, до тогаш ќе одлучам кај која од двете докторки да отидам. Ми олесна, многу Ви благодарам. Имајте убав викенд <3
Од мене имаш топла препорака за др.Стефанка, супер искуство имам со неа. Сигурна сум дека и другата докторка е добра. Со среќа!
Здраво Ајде и јас да се вклучам во темава, со маж ми скоро веќе 2 месеци пробуваме за бебе, знам дека е сеуште рано ама се надевам дека ќе биде овој пат. Треба на 27ми да ми дојде, сега осеќам повремени болки во јајниците, ама секогаш кога треба да ми дојде немам никакви менструални болки ни пред ни по доаѓањето, се надевам дека ќе има бебче. Не сме којзнае колку активни, знаеме неколку дена по ред да имаме односи следниот ден не, не сум дури гледала ни кога сум во овулација. Ама ако овој пат не успее ќе почнам да следам плодни денови и да се трудиме по активни да бидеме. Како се ближи времето за циклус се ми е во мислите дали ќе биде како што сакам. Се надевам дека сите наскоро ќе добиеме 2 цртки.
Добродојде и побрзо да си одиш ќе ти посакам. Немој да се замараш, прерано е 2 месеци. Уживајте си, пушти мозок на пасење и водете си љубов на 2 дена. И не мисли на тоа. Ако веќе после 6 месеци година нема резултат тогаш направете основни испитувања. А ако сакаш чисто да си бидеш мирна сега можеш да си направиш општ гениколошки преглед, пап, брисеви и ехо. Со среќа и побрзо да си видиш ||.
Здраво девојки, ме примате ли овде. Конечно се решив да пуштам чекор по овој трнлив пат. Закажав прва консултација кај др. Владимир, Њу борн за 1 Април.... Возбудена сум како пред испит. Инаку проблемот кај мене е од хормонална основа, немам циклус без хор. терапија и репродуктивниот систем ( матка и јајници) е помлад од мене некои 15 години. Комплексна ми е ситуацијата но сакам ете да пробам барем еднаш па да знам на што сум. Ако не биде решени сме и да си посвоиме детенце.