@Sandra Stojanova ќе ти дадам совет мене што ми го даде докторката кога требаше да бидеме активни, да се подначукаш, пивни си некој алкохол и пуштете се у акција со мажето да се опуштиш и ич да не мислиш на тоа, води си љубов и уживај па те чекаме да не израдуваш со ||
Zdravo devojki, Me interesira dali ima nekoj sto prelezale kovid i poradi toa da imaat problem so zabremenuvanje?
Здраво и од мене. Трет обид, трет месец кај мене, за 10 тина дена треба да не добијам. Инаку имав пишувано дека добивам некој исип, црвени точки и акни на кожата. Денес бев кај матичен и зедов упат за дерматологија, ми спомна дека можно е да е покачен тестостерон и ми се сврти во главава. Си направив филм може и затоа не биднува бременост, реално и качив 3-4 кила, си мислев заради што престанав со вежбање ама читав дека покачен тестостерон може да е причината и за тоа. Циклус до сега редовен на 24 до 28 дена имам. Решив да почекам ако и овај пат ако не забременам, почнувам да испитувам хормони. Ама до тогаш, сакав да прашам, дали некоја имала покачен тестостерон и кои се други симптоми? Дали и покрај редовен циклус можно е да има ваков проблем?
Мене ми бил на горна граница. Имам редовен циклус, немам акни, имам некои 3-4 кг вишок, ама од јадење, не од тестостеронот. Прво, не ти е дијагностициран, само претпоставка е тоа. Второ, може да влијае на забременување, мислам во комбинација со др хормони, ако се покачени, ама има терапија за тоа. Брзо се спушта од неа. Во секој случај не е нешто за паничење. Ако добиеш пак менструација, испитај си хормони. Ама има и мн жени со акни на кожата, а сосема нормален тестостерон. Така да, не носи предвреме заклучоци.
Женски, некоја знае да ми објасни накратко дали непроодност на еден јајцевод може да укажува на некој друг проблем или си е проблем за себе кој се решава со соодветна операција ил друга постапка?
Се смета за проблем при забременување нормално, но мислам дека тоа може да се реши со само една интервенција. Од друга страна пак сметам дека не е некој голем проблем при забременување, зошто познавам жена која без проблеми остануваше бремена а има само еден јајник.
Па има две деца, колку пати остануваа бремена незнам.... секако ти гледај сега да го решиш тој проблем, зошто мислам запуштени јајцеводи можат да доведат до вонматерична бременост. ( не сум 100 % сигурна), нека те упатат подобро поискусните членки на форумот.
Имав една вонматерична, изваден јајцевод па после забременав со сите стравови. Траумата си ја имам нон стоп.
Само добра мисла нека те води и бог нека е со нас. Сите овде се бориме со најтешката судбина. Не се предавај ке не огрее сонце и нас еден ден.
Едниот јајцевод колку што те сфатив ти е изваден. Другиот е прооден или не? Потребен е барем еден јајцевод, којшто е прооден и не е оштетен, за да е можна природна бременост. Брисеви си правела претпоставувам, така?
Ми направија лапароскопија тогаш, докторот рече средена сум како што треба, ама спомна 10-15 посто за пак да се заглави, сепак останатите проценти се доволни за убав исход. По 2 години од операцијата, забременив, значи да сметам дека е прооден, односно во меѓувреме не се затнал. Брисеви немам правено од бременоста. А можно е некоја бактерија да води до затнување значи? Мене ко мала ме фаќаше цистит, настинував во мочните патишта, сега си викам од тоа можеби се случило. За други обиди, пак се јавува страв. Си велам ако тогаш успеа, можно е пак да може.