Јас пијам хормонска терапија за пролактин и андростендион. Последно ги испитав само нив пред 20тина дена и ми беа веќе во нормала, ама докторката не ми ја ни намали терапијата, туку инсистираше да продолжам да ја пијам. Откако почнав со терапија за андростендионот првиот месец ми дојде нормално, на 28 дена. Вториот месец почнав и за пролактин и плус др терапија поголема доза и првпат во живот ми дојде на 26 дена. Следниот на 31 и овој месец на 24. Никогаш во животот не ми дошло олку рано. Од стрес, промена на држава и слични работи знаела да ми се измести, ама само да закасни, не да подрани. Сега се плашам да не наместо да ми се средуваат хормоните мене, да не се пореметиле другите, за кои не земам терапија. Муабетот ми беше дека месецов почнав да земам и некои работи на природна база. Земав тинктура од бисерок (иако не мн редовно како што треба), и исто некоја смеса што има во себе и мака за хормонски баланс. Се ова и плус терапијата. Па зошто гледам си пишала дека маката не се пие после овулација, да не знаеш, дали може ова да влијаело? Да не има некој друг искуство? Ваљда што мене веќе малку ми се поремети циклусот откако почнав со терапија. Пред тоа, многу редовно на 28ми или 29ти ден.
Јас пијам мака веќе неколку месеци, кај мене не придонесува порано или покасно да добијам и искрено прв пат слушам дека не се пие после овулација. Знам само дека се прекинува кога веќе си бремена. Јас пијам секој ден по едно лажиче (освен за време на менструација). Пијам чист корен од мака. Инаку и на гинекологот и на ендокринологот им имам кажано дека пијам секој ден (освен за време на менструација) и ниту една од нив не кажа дека е погрешно. Еве уште некоја членка нека каже ако има искуство. Дали хормонската терапија може да доведе до пореметување на циклусите стварно не знам. Можеш уште овој месец да ги испиташ сите хормони за да бидеш мирна. И немој да се нервираш
Здраво друшки. Не сум многу активна. Правев за прв пат инсеминација, но жал безуспешно. Иначе бев трет месец стимулирана со кломифен. Уште HSG немам направено од испитувања, можеби тука имам некој проблем, освен стресот што ми е верен придружник.. Продолжуваме понатаму.
Не знам Софи, и јас првпат слушам за тоа дека не се пие после овулација. Ама имаа некои девојчиња пишано дека кога почнале со мака им подранувал циклусот, па откако намалиле доза им се стабилизирал пак. Па си реков кај мене многу да не дојде, за два хормони терапија, суплементи некои, бисерок, смесата со мака итн. Месецов нема да испитувам хормони, ама ако ова продолжи ќе испитам. Искрено и јас не мислам дека е до тоа, ама си барам некое објаснување Месецов намалив мн и јадење и вежбав, а сменав и држава, па може се тоа се собрало. Ти што направи за прогестеронот, ќе земиш кломифен или не? Фала ти иначе многу на одговорот Не се нервирам многу, малку се разочарав, ама ќе се вратам во колосек @mynameislove жал ми е. Не знам дали досега си била кај специјалист за ова и не знам кај кој доктор ги правеше инсеминациите. Мое мислење е прво да одиш кај некој од постручните доктори да те види на ехо, па после тоа ако треба и хсг. Немој да губиш време со матични гинеколози. Ако веќе си имаш таков доктор што те води тоа е друго веќе. Ќе стигнеме до целта, без предавање
@MarijaMi90 инсеминацијата ја правев на ГАК, матичната ме следеше и ме прати. Малку и касно отидов 18 ден од циклус ја направив. Требаше претходниот ден, ама ме вратија само до 11 правеле инсеминации, а мене никој не ми кажа, терминот од 13.30 ми го закажале. Ај тоа, не бев многу задоволна од односот и процедурата. Некако незгодно ме фати со спекулумот, 3 дена имав крвав исцедок. Ти благодарам на советот, не сум била кај специјалист, се надевам сите ќе стигнеме до целта.
Jas vo januari piev klomifen i iskreno da ti kazam mislam bese izbrzana odluka na ne napraveno HSG. Me iskara i doktorkata za neplodnost. Ama koga covek neznae i ne e upaten vo mnogu raboti slusa kako so ke kazat ginikolozite. Ne velam deka e tvojot slucaj takov. No moj sovet ti e da ispitas se sto treba pred da se pie terapija za stimulacija zosto si gi trosis rezervite samo taka. A mm ima napraveno spermogram, ako nema da napravi. Pozdrav i posakuvam sto pobrzo da si vidite dve crtki i site drugi koi iscekuvame
Нема на што, тука сум за што и да треба. Можно е да, да се собрале повеќе работи. Побарај за секој случај уште некое мислење. Ако сакаш можеш и да поднамалиш со дозата, на пример наместо цело по пола лажиче, па да видиш за следна менструација како ќе биде. Иначе решив месецов да видам како ќе бидат хормоните па ако има подобрување да почекам за кломифен уште еден месец. Но тоа што ме исплаши е што кога добив имав ненормални болки, вртоглавица со гадење, повраќање, дијареа... буквално се тресев не можев на нозе да стојам, сопругот се преплаши, скроз пребледев. Сум имала и предходно болни циклуси но не до оваа мера. Болката траеше саат време/два и престана па еве до сега скоро и воопшто да не чувствувам болка. Се мислам што би можело да биде причината. Исто не знам дали пред стимулација со кломифен треба да се испита проодност на канали.. јас немам испитано а логично ми е да треба..
Има направено, врз основа на спермограмот ме прати на инсеминација. А јас пиев кломифен уште пред да се испита он. Иначе и мене не ми беше логично на ненаправено ХСГ да ме прати на инсеминација, но што да правиш слушаш како ќе ти кажат.
Мислиш да не е од Еутироксот? Не верувам да дава такви нус појави, мислам ако еднаш се случи нешто дека не мора веднаш да реагираме, ама ако се повторува можеби треба да се консултираме со доктор. За хсг не знам што да те советувам, мислам дека мн кратко се обидувате за тоа. Би ти го дала истиот совет како на mynameisove. На твое место пред да земам кломифен би се консултирала со специјалист, значи Петановски, Димитров, Лазаревски, Митановски, Трајковски итн. Некој од таквите специјалисти. Прво на ехо да те видат па после да те насочат. Мислам дека вас и за ова ви е многу рано, млади сте и мн кратко се обидувате, ама ако веќе се одлучиш да земиш кломифен, подобро да те води некој постручен за тоа. Тој ќе ти каже и дали да направиш хсг, спермограм итн. Ендокринолог во комбинација со специјалист.
@mynameislove и јас ќе го кажам истото од членката погоре. Не е во ред матичниот гинеколог што те стимулирал 3 месеци, па дури и на иуи те пратил (плус во грешен термин) без да испитате хсг. Следно тоа испитај.
Здраво, Јас пишав за чајот од мацина трева. Пред да го почнам да го пијам малку истражував и така сегде беше наведено, а за мака не знам не сум го пиела до сега.
Леле да, во право си. Sorry. Јас дека на брзина прочитав и дека слично името сум се збунила. А тоа е исто како валеријана? Така имам прочитано на нет. Или може грешка да сум пак
Да, така ќе направам. Ќе се консултирам со некој од нив, доколку се одлучам на таков чекор. Ама искрено се надевам дека ќе се средат сега колку толку хормоните, не беа во голем дисбаланс. Сопругот има испитано спермограм во ред си е.. Дали ми е од еутироксот не знам, помислив на тоа ама искрено и ја не верувам дека е до тоа. Се надевам следен месец нема да добијам за да можам да споредам
Да се поправам, сега видов. Митко Ивановски мислев, од Систина, не Митановски. Нема таков, барем јас не знам. Телефонов ми направил autocorrect. Ама конкретно Митко сега има корона и мислам дека е малку во потешка состојба, така да него сега баш и не можеш да го бараш, за потака. Здравје само нека е подобар човекот. А и јас се надевам дека нема да ти требаат. Супер чим имате и добар спермограм, мислам дека нешто ептен ситно е кај вас, од тоа што го знам досега. Барем така ми вели интуицијата
Нема проблем уживај Јас мислам дека се различни. Мацина трева можеш да е најдеш и под името очајница.
Да се надоврзам и јас во муабетов, имам пиено и истражувано на нет за оваа тематика, мацина трава za бременост латински назив Marrubium vulgare (препознавање и по вкус кој е неподносливо горчлив) На пазарот се продава и друга мацина трава под латински назив Valeriana officinalis(оваа не е воопшто горчлива, и не е за бременост) И точно имам прочитано дека мацина трава се пие по завршување на циклус, до овулација, а од овулација се пие Virak ili Vrkuta
И двата чаја имаат многу други плус придобивки не само за женското здравје, еве пример марубиум е за респираторни болести. Стриктно на оваа тема за Неплодност, колку што јас знам и сум истражувала, ги делам на следново. Виракот е Alchemilla vulgaris , нај едноставно кажано е за зајакнување на матката, нешто како прогестерон, за поддршка на плодот, а marrubium vulgare за нормализирање на хормоните, јајниците, поттикнување на овулација итн.
Здраво девојки. Иако не бев многу активна во темава сепак активно ве читав. Само сакам да го споделам моето искуство како поддршка до сите. Веќе две години се обидуваме за бебенце. По една година обиди ми беше откриен хидросалпингс преку ХСГ на левиот јајцевод. Правев лапароскопија и истиот беше изваден. Спермограмот беше добар. Потоа пробувавме природно одреден период меѓутоа без успех. Следно правевме три инсеминации, сите неуспешни. По многу разочарувања и прашања во главата зошто, како, кога се решивме за ивф. Помина доста време додека ги собравме документите меѓутоа успеавме. Во меѓувреме секако се обидувавме природно ама без некоја надеж. Дојде следен период за циклус. Со спремни документи и решена да одам во фонд - ми доцни. Веќе паметот почна да ми оди на цисти и глупости. Правам тест преку урина - позитивен. Не ми се верува. Одам на гинеколог - потврдена бременост во 5-та недела. Никогаш не губете надеж и секогаш верувајте во себе! Верувајте дека можете и опуштете се. Бепчо ве чека баш кога најмалку ќе се надевате. Извинете за долгиот пост.
@GlamorousGirl браво за упорноста! Со лесно да ти е мами, лесна бременост да си имаш до крај! Гали си го мешенцето и уживај. ❤️