Од толку не заинтересираност од мојата гин. Решив да одам во систина Секогаш требаше да и кажам јас да ми даде апчиња и викам немам добиено 40 дена ми викаше па чекај па ја и викав може да земам дабростон па чим сакаш земи после тоа кориси Јасмин Вчера имав термин кај Палчевски , ми кажа дека не е некој проблем голем и ми препиша Циклопрогинова и ми кажа само нив да ги користам и со нив можам да останам бремена , има нркој искуство со апчињава ? Да напоменам со пцос сум и исто така сум на еутирокс ..
Јас бидеќи бев со потанок ендометриум но редовно добивав на 33 дена со послабо крварење ги користев циклопригиновата само белите апчиња после циклус и веднаш останав бремена со помош на тие апчиња, кај мене заврши со миссед таа бременост поради кламидија, но за апчињата имам позитивно искуство после 7 месеци следење овулации со циклопригиновата веднаш останав..
Имал ли некој искуство со тератозооспермиа? Што ви препорачале во случајов? Денес стигнаа резултатите и сега не знам каде со нив. Се јавив во Њуборн, ми рекоа не мора уролог, може и гинеколог или ембриолог да ги види и даде терапија? И сега не знам што да правам.
Тоа е, на сите може да ни се случи вонматерична. Жално што навреме не се фатила за да се спаси јајцеводот, ама тоа е што е, имаш еден здрав и прооден, тоа е најважно. Верувај дека си во предност со тоа што си имала и претходни бремености, телото си памти. Сега само да се поклопат коцките, овулација од кај здравиот јајцевод и еден успешен пливач дотаму. Дај Боже во најскоро да си се израдуваш. Колкав е процентот на сперматозоиди со неправилна морфологија? Многу општ поим е тератозооспермија. Каде го правевте спермограмот? Во њу борн? Таму ништо не ве советуваа?
Ти благодарам! Дај Боже сите што си сакаат да се израдуваат. Мене ме зафркна на некој необичен начин што првиот месец добив, ама слабо ми течеше и се почудив. Сепак реков ок можда месецов така се погодила. А инаку точно ми дојде, на денот пресметан. Да не ми дојдеше воопшто, ќе направев тест, ќе ја дознаев. Е вториот месец не добив, направив тест - позитивен и по неколку дена прокрварив и веднаш на доктор, па таму се виде на ехо. Плодот немаше срцева акција, претпоставувам поради пукањето беше усмртен да речам, зашто должината му беше мислам околу 10 цм, значи дотогаш си растел. Си изгубив дете, ама тоа е тоа, помина, за среќа немав последици по здравје, или не дај боже фатално да завршам. А имав тогаш големо внатрешно крварење. Затоа сега се штрекам на секое добивање, ама гледам поопуштена да сум. Здравје за наредно ако даде Господ, ако не, здрави живи пак да сме.
Вонматерична е една од постресните работи што може да ги доживее една жена. Нормално е што ти останало страв. Но сега си позапознаена со се и ако дојде до бременост, само еден циклус да има нешто, сигурно ќе одиш веднаш на лекар да се утврди дали е се во ред. Така да сега веќе знаеш мн повеќе и нема да дојде во никој случај до истото. Најважно е како што кажа што поминало без последици за твоето здравје. Другово ќе го наредиме Во однос на овулацијата, прво е како водичка мислам, па после има исцедок како белка од јајце, растеглив ама не е тоа правило, не значи дека ако го немаш сигурно немаш овулација месецот. @IRBBB ако не ти е проблем бибте замолила да ми пишеш во Лп, јас тебе не можам, а сакам да те прашам нешто. Иначе мислам дека @elenaklasik имаше овде оставено линк или само како исечок од нет кадешто пишува дека е можно здравиот јајцевод да ја преземе јајце клетката дури и кога овулацијата е од јајникот што е на др страна, но дека шансите за тоа се секако помали отколку ако е од јајникот што е кај здравиот јајцевод. Околу 10% ако добро памтам. Баш и јас се изненадив од тоа, ама ако е точно е олеснување за сите коишто го имаат тој проблем.
На ехо кога ти следеа фоликули, тогаш немаше овулација? Рече дека прогестерон не си проверувала. Како ти утврдија дека немаш овулации?
Здраво девојки. Сакам да ве прашам каде последно сте носеле брисеви на државно? Дали работат на клиника? Фала
Здраво и од мене, јас со моите 34 години и сопругот(37) веќе некое време пробуваме (4-5 месеци) ама не се случува бременост. Сопругот е со терапија која му ја променија на извесен период (бидеќи кажавме дека планираме бебе) ама само на извесен период, додека контролите му се во ред, бидеќи сега зема замена за терапијата која е соодветна за неговата дијагноза. Тоа значеше од старт дека имаме ограничено време. И ете кога знаеш дека немаш многу време, не биднува. Јас циклус редовен, пап и ехо уредни, и овулациони тестови позитивни на 12 ден одприлика. И ете пак ништо. Денес бев кај гинекологот, која ми кажа дека освен спермограм, за други испитувања е рано. И кажав дека мм има специфична ситуација со терапијата, ама таа сепак рече ако една година не бидне тогаш ќе почнеме со апчиња за поддршка и со понатамошни испитувања. И еве не знам шо да мислам, да чекам уште 6-7 месеци и да наполнам 35, (а мм 3 и ако до тогаш не бидне природно да бараме помош или да менувам гинеколог уште сега? П.с. не сум во Мк. така да овде нема на приватно да си испиташ што сакаш, треба со се со упат од гинеколог.
Toa rano deka e zavisi za kogo kako. Najubavo da si pocnete so ispituvanja porano, bidejki i posle taa godina da pomine ke pocnat da vi kazuvaat ispituvanja sto pak ke vi odzemat vreme..taka da.. zosto da ne si pocnete porano.
Јас и мојот сопруг 4 месеци се обидувавме, па почнавме со испитувања сите ми викаа брзаш, рано е, ама јас не ги слушав. Имам 28 години (т.е. во јули ќе праам). Сама си барав упати за да испитам се. Не чекај, барем ја не би чекала, ако ништо друго ќе знам на што сум. Да ги послушав другуте јас сеуште ќе тапкав во место. Сега си открив што е проблем и ќе се бара чаре.