Да си се искажам тука. И овој месец изгледа нема резултат. Имам уште 9 дена до мензис. Овулацијата ми беше пред 5 6 дена, мислам, според симптомите толку изразени, нема утка. Сега осеќам како минимални предменструални тегоби, она малку кога пецка стомак, значи ќе доаѓа. Да беше бременост (што нема шанса, зашто на имплантацијата ѝ треба бар 8 дена, а пак дур се јават први симптоми ехеее), подоцна ќе ги осетев ваквите симптоми, а штом уште сега осеќам во јајници тежина, ќе си добијам. Бар градиве ќе ме болеа, сега ништо, не ме болат како порано, пред добивање. Не дека сум разочарана, ама малку потиштена - да. Не знам колку време ќе затера, пак низ истите психички состојби да врвам. Можда ова е знак дека не сум спремна, дека сега не мора, иако јас сакам. Можда пак поради доењето не ми успева, имам 4 до 6 подои во деноноќие, не се многу па да го сузбива тоа, макар што на имплантација можно е да влијае. А читав имплантацијата не се чувствува, толку е микроскопски што нема како да се осети. Но дали би дала вакви сензации на јајниците, од хормоните? Сега да правам за хормони испитување? Што велите? Сигурно ќе се покаже пролактинот повисок. Или па прво тсх да проверам најбрзо преку крвна слика?
Можеби сега си во овулација,јас кога правев трансфер на природен циклус будно следевме овулација,во моментот кога ја имав да не следев и да не знаев дека е тоа тоа ќе бев сигурна дека ќе добијам за два три дена,болките беа страшни и менструални и беа на 19ти ден од циклусот.
Дали ке може накратко да ми го објасниш процесот за трансфер на природен циклус,бидејќи почнувам да размислувам во таа насока,но некако се губам во темата вонтелесно оплодување Однапред фала
Трансферот беше со замрзнати бластоцисти од првото неуспешно ин витро,следевме овулација со мерење преку крв и еднаш на ехо за да го темпираме трансферот,од терапии земав само Клексан и прогестерон после транфер,ако те интересира нешто подетално пиши ми лп слободно.
Некња нели направив тест еден ден пред да ми дојде, е па еве 3 дена касни и јас уште немам болки во градите, многу уринирам и јајниците чат пат ме боде во десниот повеке. Можно ли е да е лажен тестот и дали ви се десило или знаете некој што имал негативен тест а имало бременост?
Додека доиш шансите за бременост се значително помали поради високиот пролактин. Не се разочарувај. Теоретски и нема шанси за бременост додека доиш. Има исклучоци, ама ретки се. Хормоните уште не се средени. Следам една блогерка која прекина со доење на 9 10 месеци за да и се средат хормоните и да остане повторно бремена, заради предвремена менопауза.
Здраво девојки, дали ви се случило од Достинексот да доцни циклусот? До сега редовно добивав на 33 дена и ми касни 2 дена.. веќе 3 недели одкако ги пијам поради многу висок пролактин па затоа мислам дека не е бременост..
Можно е, ама па колку случаи има што забремениле и за време на доење. Многу! Не му придавам многу значење дека до тоа е да речеме пречката, засега не, ама можеби и тоа да е, што знам. Детево е поголемко така што 5 до 6 подои не се многу во едно деноноќие па да го сузбиваат забременувањето, и дури некогаш по 8 часа има пауза меѓу подои. Ама сѐ е можно. Ете дај Боже до тоа нека биде па за скоро кога ќе престанам наредниве месеци со доење, се надевам на убав резултат.
Здраво. Предходната година имав биохемиска бременост од непознати причини. Пред неколку дена имав обилна менструација и бев на гинеколог. Таму ми кажаа дека имам миом и мора операција. Доколку планирам бременост може повторно да дојде до крварење и сл. -Дали некоја од вас имала миом, и ја износила бременоста до крај ? Страв ми е од операции
Знам, мене докторот дури ми нагласи дека иако дојам можам да останам бремена. Зборам дека висок пролактин е причина поради која може да има проблем со забременување. Кој да знае ти од кои жени си? Кога доиш мора тоа да го земеш прво во предвид како пречка. Жени кои не дојат а од друга причина им е висок пијат апчиња да се намали. Мислам дека и за им витро мора да ти е во нормални граници хормонот за да се почне постапката.
Јас имам миом, ама не сум останала досега бремена за да ти кажам. Има различни миоми, искрено не знам кои правеа поголем проблем за бременост, а кои помал, ама знам дека зависи од местото на коешто се и од големината. Мене сите доктори буквално ми го изигнорираа, бил на место што не е незгодно за да дојде до бременост и за износување на бременост, а исто така бил и прилично мал. Ама поголем ми е од пред неколку месеци, и јас го мислам. А работата е што растат за време на бременост и може да направат проблеми ако се на незгодно место или се мн големи. Јас исто имам многу обилна менструација, значи навистина многу. Кога му спомнав на докторот тој ми рече дека тоа може да е така зошто имам миом. Ама јас имам обилна менструација откако знам за себе, а миомот го имам отприлика година дена, претходно немав, знам зошто редовно одев на гинеколог. Ако тебе ти рекле дека треба да се извади, најверојатно треба, зошто еве кај мене пример 4ца доктори досега го имаат видено и сите сметаат дека засега не треба да се чепка и дека не е проблем за бременост. Сепак може да одиш и на уште едно мислење па да видиш што ќе ти кажат. Може и тој да смета за забременување ако е на лошо место. Инаку има и многу жени што износиле бременост до крај и со миоми, ама ти велам се е до големината и местоположбата. @elenaklasik Еленче, ти дури сега ни кажуваш дека доеш Не мора да е тоа, зошто нели викаш дека сега е мн поретко, ама сигурно дека има влијание. Си се консултирала досега со доктор откако се обидувате?
Знам, Мила, можда има врска. Сепак ако удрам една логика вака би рекла: по породувањето добив на 3 месеци и 3 недели, иако до 6 месеци доев екслузивно, ден и ноќ по не знам колку пати. Ми доаѓаше оттогаш точно на 30/31 ден, а потоа се врати како порано, на 28/29 дена, барем последниве пати е така. Штом толку брзо ми се врати, значи кај мене немало многу влијание, ама логика и природа секогаш не одат рака за рака. А сега пак, млекото ми е намалено, градите не ми се преполнуваат дури ни по 12 и кусур часа пауза. На толку поретки подои, верувам дека и пролактинот е намален. @MarijaMi90 , Не кажав претходно, не ми текна на ова . Се слушнав денес со сестрата кај мојот гинеколог да закажам за преглед по нареднава менструација која ќе ја добијам , и ја прашав за доењето рече дека не би имало големо влијание, а за хормони тек после 6 месеци обиди да проверам. Исто така и @Kaetana ја консултирав, вели дека досега менструацијата е стабилизирана, па со тоа и овулацијата, и не би претставувало пречка за забременување. Кој да знае?! Јас секако сакам здравје да го одбијам за некој месец детево од доење, ама па знам дека има и тандем доење коешто радо би го практикувала бар на некое кратко време. Читав дека доењето можно е да пречи на имплантацијата, којашто впрочем е најважна за да се оствари почетокот на бременоста, а откако ќе се случи тоа, веќе доењето не е опасност по бременоста. И да дополнам, претходниве две-три овулации а бе мислам дека ќе се породев, значи стварно ми беа силни и осеќав еден ден едно силно пецкање. Мислам дека тогаш се случува овулација или веќе е случена?
баш напротив, јас мислам дека со достинекс би требало да ти се среди. Јас немав проблеми со доцнење кога го земав, освен кога останав бремена Причина за доцнење може да е висок пролактин(или друг хормонален дисбаланс) или бременост
Па би требало да е тогаш. Ама никој не знае со сигурност. За да знаеш треба или да мериш базална температура, не се разбирам јас во тоа, ако сакаш побарај низ форумов или да користиш тест за овулација или на ехо да те видат и да ти кажат. Кај секоја жена е различно, ама јас пример немам никакви симптоми, мн ретко само мало пецкање, добро најчесто и тој исцедокот како растеглив што е, а имам овулација. Така да, некои мн ја осеќаат, некои не, нема правила баш за со сигурност да знаеш само според симптоми. Барем јас не си ја осеќам толку Сепак циклусот е поголем индикатор од самото доење, ама ете може пречи на имплантација. Не сум дојдена дотаму и не се разбирам, а вервам дека кога ќе дојдам ќе истражам се до детал Можете спермограм да направите, ама претпоставувам дека прилично кратко се обидувате, па не дека реално имате потреба од испитувања. Ама ако почнете тоа и хормоните нека бидат прво што ќе испитате и ехо на гинеколог.
Можеби си во право, и мене логиката така ми вика. Ама откако јас почнав со терапија за пролактин и андростендион ми се измести циклусот и ендокринологот ми кажа дека може да е од терапијата тоа. Демек на почеток додека да се стабилизираат хормоните, а после тоа ќе се стабилизирала и менструацијата. А, да напоменам, пред терапија ми беше сосема редовна.
Јас имав редовен циклус и со многу висок пролактин, знам дека се средува со достинекс но мислам дека ми е рано.. моментално пијам половина апче на 3 дена и ова ми е трета недела, од горна граница 25 мене ми беше 94 па затоа мислам дека е краток период да ми се стабилизира и не се сомневам во бременост иако не се пазиме .. ќе почекам засега и ако не добијам деновиве ќе направам тест, моментално имам болка во половината и сосема мала болка во градите и очекувам во секој момент да добијам, ви благодарам на одговорите
Веќе се плашам од негативни тестови затоа ме интересираше дали има можност од терапијата да ми доцни.