Jas veke 4 meseci go pijam. Kombinirano mi e so PROVEN za bremenost, pijam od Fertiliminot 2x so 1x od proven za vo sabajle. i 1x so 1x od proven za na vecer pred da legnam..
2 fertilimin x1 proven vo sabajle 1 fertilimin x 1 proven navecer znaci vkupno 3 fertiliminx2 proven na den
Ништо и овој месец се разочарав ептен, не ми се слават дури ни празниците. Иако знам ќе кажете рано е околу 4 месеци пробуваме, ама се разочаравме и двајцата многу. Бев на гинеколог и ми кажа овие денови ќе се плодни работете повеќе така и беше, ама не испадна ништо. Сега не знам кога ќе ми помине секој ден ли да пробуваме бидејќи пола месец мм нема да е дома . Гинекологот ми кажа дека сум имала полоцистични јајници и мислел дека можам да останам бремена, не ми даде ништо да пијам, матката ми била добра и тоа ми кажа, ако до година нема ништо ќе сме правиле испитувања. Тогаш кога бев правев пап за брис не можев бидејќи зимале само во вторник јас понеделник бев така да кога ќе ми помине и затоа кидам исто. Значи може да се остане бремена ако имам полицистични јајници?
Би требало нешто да ти даде за полицистични јајници , сепак оди и кажи му нешто да ти даде али сепак да не испаднам глупава докторот ваљда си знае што работи сепак барај 2 мислење од др доктор иначе мене за полицистични јајници гинекологот ми даде Циклопрогинова и ми кажа да ги пијам 6 7 месеца се дур не забременам ако не забременам да правам ХСГ и други испитувања Сепак барај мислење од др Др позз
Некогаш мо подранува/доцни 3-4 дена. И се обидовме за бебенце. На 31.03.2021 ми беше последна менс. Обидите беа секој ден од 09.04.2021 до 17.04.2021. И на 28.04.2021 ми доцнеше 1 ден. Направив тест. Многу бледа линија. Го сликав и пишав во темата ,,Дали сум бремена?" Дамите рекоа да,бремена си Утре ќе направам уште еден тест за секој случај ххх И сеуште не ми е дошло. На 10.05.2021 одам на лекар Ви посакувам среќа на сите
Секако дека може да се остане бремена со полицистични јајници. Но треба да испиташ хормони на 3 ден од циклус и ако има некој дисбаланс можно е да ти е потребна терапија. За хормоните ти препорачувам да разговараш со ендокринолог.
Здраво девојки, ве читам извесно време кога ми требаат некои одговори, па решив да се приклучам на форумот. Дали има некоја искуство со висок тестостерон и забременување? Сите хормони ми се во ред, освен тестостеронот 180, прилично висок. Докторката ми рече да внимавам на исхрана, да исфрлам јаглехидрати, па после следниот циклус да провериме дали има овулација. Секое искуство ми е добредојдено.
Здраво и добре дојде, и јас сум прилично нова едно 5-6 месеци, односно после првиот неуспешен обид за бебе со мм. На тема висок тестостерон би сакала да те прашам какви симптоми имаш? Јас во последно време 4-5месеци имам ненормално мрсна кожа, црнки, пори и акни на делот од вратот и долната вилица, а имам 34, не сум во пубертет. Цел живот имам мрсна кожа ама во последно време екстремно мрсна, што матичната ми спомна може е висок тестостерон, посебно кога и кажав дека пробувам да забременам неуспешно неколку месеци. Е сега гинекологот мислеше штом ти е редовен циклусот ок се хормоните, а дерматологот штом немаш влакнетост не ти е тестостеронот покачен, и така остана неиспитано. А бебе уште нема, лицето уште исто и покрај терапијата од дерматологот. Сега не знам дали да бидам поупорна и да им барам упат за хормони или да им верувам дека мрсна кожа и незабременување е недоволна причина за сомнеж. Се надевам дека има и некој што конкретно на твоето прашање може да ти даде одговор, јас ти се вметнав со прашање на прашањето, ако имаш желба и време да споделиш симптомите би била благодарна. <3
Повеќепати ти е испитан тестостеронот или само еднаш? Само во една лабораторија или во повеќе? И како ти е циклусот? Имаш некои проблеми или не? Ако е толку висок ќе треба да се консултираш со ендокринолог, да испиташ и некои др хормони и сигурно ќе треба терапија. Треба да се испитаат и андростендион и дхеа. Инаку да, ако е толку висок смета за забременување или имплантација. Мене ми беше секогаш на горна граница, еве уште нема бременост, не знам дали е до тоа. Сигурно не е само со тоа кај нас, зошто го намалив со терапија, ама влијае да. Среќа па има решение. Најчесто спиронолактон или дексаметазон, ама тоа секако доктор ќе си каже, јас само претпоставувам. @Honny јас немам воопшто мрсна кожа, а имав влакна на лицето порано, и општо сум имала проблем со влакненост, па сепак ми беше во граница, ама на горна. Андростендионот мене па ми беше покачен. Од друга страна па познавам девојки со зголемена влакненост, а супер им е тестостеронот. Така да, не мора да значи. Зошто да се мислиш, испитај си хормони на 3 ден од циклус. Не мора да е тестостеронот повисок, може има некој друг дисбаланс кој придонесува за мрсната кожа, а можеби и се си е ок со хормоните. Ние сме само една алка во ова, другата алка е машкото. Не мора секогаш проблемот да е во нас
Здраво Утрово првпат правев тест и се покажаа 2 цртки за помалку од 3 минути, ми доцни еден ден, но тоа не е репер кај мене, не ми е точен циклусот. Тоа што ме двоуми е дали може да е лажно позитивен? Инаку тестот е на Livesane, во аптека ми го понудија како германски, во суштина Германија е увозник за Европа, а земја на потекло е Кина Дали некоја користела ваков тест, дали се случило да покаже 2 цртки, а сепак да е негативен? Некако страв ми е да се израдувам пред време. Имам уште еден Selfclear, aма не знам дали да го употребам до вечер или пак да почекам до сабајле?
Мила зошто не го слика тестот? Тешка работа да е лажно позитивен. Примаш некакви лекарства? Ваљда што мислам дека и тогаш не би бил лажно позитивен Не верувам дека е лажна тревога, ама ете пробај и со овој утре Сакам да ти честитам, ама ајде да не избрзувам, зошто ти се двоумиш За многу години девојки, следниот Велигден нека биде повесел за сите нас
Zdravo. I jas imam policistichni jajnici i nishto ne sum piela lekarstva i ostanav bremena eve 6 mesec sum. So srekja i ne gubi nadezh.
Еве слика, мислам дека е доволно јасно, не примам никакви лекарства, туку двоумењево ми беше дека тестот излезе дека е произведен во Кина, па веројатно затоа сум малку скептична и дека ми е направен на прв ден доцнење, а тогаш може да е повисоко хцг, па затоа си помислив да не е лажно позитивен. И не знам за колку време да повторам со друг тест.
Честиткиииии, нека биде со лесно до крај Направи си нов тест утре, ќе видиш дека нема што да се мислиш Цртичкиве се и тоа како јасни. Не знам како мислиш хцг е повисоко на прв ден од доцнење, нели тоа си расте со секој ден, а најчесто треба да биде доволна количината на хормонот во мокрачата за да се детектира на тест. Затоа и не се препорачува мн рано да се прави, но прв ден од доцнење е тамам сигурно.
Искрено никакви симптоми, цел живот редовна менструација. Лицето ми било нормално, проблематично во пубертет, ама сега нормално. Редовно на гинеколог, овулација нормална, но после прележана корона, после менструација ми продолжи крварење слабо и тоа беше причината да почнам со испитување на хормони затоа што др ми кажа дека е честа појава по прележана корона. Пиев примолут нор, се стабилизираше. Испадна пролактинот висок и тестостеронот. За пролактинот пиев достинекс, се среди, но тестостеронот си остана висок. Сега чекам наредна менструација да помине, па да одам на преглед во деновите на овулација за да видиме што се случува, па дали ќе треба терапија или не. Ние сме во брак една година, не сме се пазете, но не дека сме работеле баш на бебе, плодни денови итн, но исто ништо. Ќе видиме месецов како ќе биде. Барај си упат за хормони што е можно побрзо, не си губи време.