Здраво девојки, еве го и мојот проблем. Ми доцнеше 10 дена и направив тест кој излезе позитивен. Денеска бев на доктор и докторот прво ме гледаше на ехо но неможеше да види ништо и ме прегледа вагинално. Кога почна да ја гледа матката виде дека постои бременост но не одговара на неделите според последната менструација, односно плодот бил многу мал, исто така ми рече и дека имам хематом кој е подалеку од плодот но и поголем. Ми препиша Дабростон, Магнезиум и Фолна. Повеќе ништо не ми кажа само ми кажа само ми кажа контрола за 10 дена. Јас досега немам прокраварено ни капка а читав искуства дека жените со хематом имаат крварење.Ми рече овие 10 дена строго одмарање. Ве молам доколку некој има вакво искуство да ми каже нешто повеќе. Збунета сум и скршена
Јас не сум вакцинирана сеуште, мм ќе се вакцинира сега преку работа. Додека да стигнам јас на ред ќе дојде сигурно есен, но вака расмислувам- ние сега сме малку не плодни, можеби со вакцината ќе се средиме не мора само лошите ефекти да ги очекуваме . Се шалам секако иако не е за смеење.
Зошто скршена? Бремена си, радувај се! Кај мене беше истиот случај, веројатно сме имале доцна овулација, па зачнато е малку подоцна...Првите два прегледа абдоминално не се гледаше, само вагинално... бев 5+5-6, уште "го немаше"...во 6+5, одговараше на 5+5, се виде вреќичката, а во 7+3 (тој си беше 6+3) се виде ембрион и срценце.... Хематомите знаат да се ресорбираат, и без крварење... Смири се малку, радувај се, лежи си и чекаме срценце
Јас сакам да се вакцинирам не мислам дека ќе не чипираат и слично што уште не сун слушнала,него и со доктори што сум правела муабет дека не треба да останеш бремена 3-6 месеци само заради тоа.
Мене ми рекоа нема врска можело и одма. Не сум во Мк во Герм. се вакцинирав и тука сметаат дека нема потреба да се чека.
Со кои доктори си разговарала и врз кои истражувања се нивните констатации? Моментално се вакцинираат бремени и доилки со фајзер. Не гледам причина зошто не би се вакцинирал жена што планира бременост.
Баш така @IRBBB . Штом бремени и доилки смеат да се вакцинираат, зошто да чекаат за бременост тазе вакцинирани? Нема поента таквата препорака, не е логична.
Во фрижидер кога ќе треба да се боцнеш претходно ќе ја оставиш малку на собна температура па ќе се боцнеш
Низ Америка почнаа веќе бремени и доилки, а за Германија знам дека не смеат да ги вакцинираат. На официјалната страна стои дека немаат доволно податоци за тоа како влијае вакцината во бременост и доење. Затоа бремените и доилките до сега не се вакцинирани. Најверојатно ќе одобрат кога ќе имаат докази. Германциве сакаат сигурно да е ама за желба за бременост ми рекоа е различно и тука нема дилема, векцимирање во секој случај.
Со која вакцина не смее да се вакцинираат жени што планираат бременост? Би требало во упатството да го пишува тоа, сѐ е достапно на интернет. Кај нас, во мкд, почнаа да се вакцинираат бремени жени и доилки со фајзер вакцината. Таа и модерна излегоа со истражување дека се безбедни во бременост. За другите навистина не би знаела да кажам.
Некој искуство со дабростон. Докторката ми рече дека треба да пијам 15 дена ако не добиам за 7 дена од коа ќе го испиам последното апче да одам на ехо арно ама 11 ден како го пијам утрово станав со страшни болки и гледам сум прокрварела. Дали може да се добие ако ги пиеш? Не сум бремена, ми ги препишаа како превентива ако случајно се фати.
Не знам и јас за другите како е, ама во Германија ги има само нив фајзер (бајотех), модерна и АЗ за 60+ и не вакцинираат со ниедна бремени. Така е до сега. На официјалната страна од РКИ така пишува дека вакцините (нема нагласено конкретно која) поради недостаток на истражувања не се наменети за бремени. Што не значи дека така ќе остане. И мене пред да ме вакцинираат ме прашаа дали сум бремена, за алергии и други терапии. Јас кажав сакам да бидам бремена ми рекоа тоа нема врска
Астра Зенека и Џонсон и Џонсон не ма помлади од 30 год. И бремени жени. Досега сигурни се само Фајзер и Модерна. Барем тука во В. Британија не е дозволено вакцинирање на помлади и бремени со овие две вакцини.
Ако е кафеаво и 5 дена пред добивање, можно е да е имплантација. Види колку ќе ти трае, дали ќе стане црвено и пообилно или ќе биде само кафеаво еден ден. Јас немав кафеаво до сега, а ми доцни веќе 5 дена, ама со оглед на позитивните тестови претпоставувам се случила имплантацијата и без да ми прокапе кафеаво.
Da sekako ke pratam situacija, denes nema nisto pa ajde da videme sto ke mi se slucuva ovie denovi, inaku tebe ti e zavsen toj del uzivaj si so pozitvniot test
Ако нема и наредниот месец ќе испитам хормони,е сега ме интересира ако пример некој хормон ми е покачен ќе ми дадат ли контрацептивни таблети или некои други? бидејќи се обидуваме за бебе,можеби тогаш би требало да паузираме со обидите. Пред 2 години пиев контрацептивни таблети ама тогаш не се обидувавме за бебе. Не верувам дека и овој месец ќе биде маж до 14ти ќе е дома после на 1ви си доаѓа,а до вчера имав менструација,овие денови ако се фати,ама тешко.
Девојки на 12.04 се правев хистероскопија и добив нормална менструација траеше 5 дена ми заврши пред 4 дена а сега гледам кафеава крв па имам,инаку пијам циклопрогинова,дали е нормално уште да крварам?