Mnogu prasanja nemaat odgovori, ednostavno Bozja rabota, kaj mene 10 godini ni bakterii ni infekcii, site merki kako po kniga, se vo red, ama ete niednas prirodno a bogami teshko i so ivf tek od tret pat so mnogu istroseni nervi, prasanja, istrazuvanja, pari i na kraj pa odgovor nema ama ete Gospod sega sakal, daj boze da izdrzime samo do kraj i da se rodi zivo, zdravo.
Тука си на безбедно место и меѓу луѓе кои те разбираат, мислам дека 80% од жените тука имаат по некое болно искуство поврзано со репродукција. Некој по 1, некој по повеќе. Гледај на добрата страна, во средина на дваесетите си, имаш два јајници, матка, и еден јајцевод. Ако двапати се оплодила јајце клетка значи и партнерот нема проблем. Гледај на добрата страна, преболи го неуспехот на начин на кој ти одговара (мене ми требаа 2 години да ја преболам близначката неуспешна бременост и уште кога ќе видам близнаци ми идат солзи на очи). Побарај поддршка од психолог/психотерапевт ако треба, многу луѓе не разбираат дека е голема болка загубата на бременост. Најди хоби, уживај некој период, зацели и закрепни и плански во победа. Испитај (без опседнување, големи очекувања и стрес) сѐ што е потребно, во консултација со асален доктор, и да нѐ радуваш со убави вести
Девојки само да ви дадам подршка и ве советувам никогаш да не се откажувате. Јас цели 5 години се обидувам во кои прва бременост по 6 месеци обидуваме. Завршува неуспешно дури во 16 недела. Втора бременост постигната по 3 ипол години обидуваме во кои имаше пореметени хормони, ановулаторни циклуси, еден куп испитувања и што уште не. Втората бременост повторно е неуспешна и завршува во 21 недела. Утврдено од доктор дека имам некомпетентен цервикс. Во меѓувреме имав смртен случај на блиска личност. Нервите ептен ми попуштија, сепак се решив за абдоминален серклаж иако бев песимист дека ќе ми се случи нешто убаво. Серклажот го направив по 4 месеци од неуспешната бременост и проф Димитров кога ме испишување ми рече се гледаме наредниот месец кога ќе останеш бремена. Мислев дека повторно ќе ми требаат 3 ипол години и не очекував ништо. Но еве ме само после два месеци од серклаж јас сум со бета 415 и потврдена бременост. Затоа никогаш не се откажувајте од вашите сни и верувајте во невозможното. Ви посакувам две цртки на сите кои ги очекувате.
За првото одма, а сега 2 месеци не останав па заради циста пауза од 4 месеци со монтрацептиви и сега после 1 месец остамав
Исто и јас сум со извадена десна туба, големо внатрешно крварење имав, ама се среди и за среќа се спасив навреме. Година дена не можев да се опуштам за дете. И поарно така, ако ти треба време, дозволи си го. Сега нормално е да тагуваш, ама ќе ти помине со тек на време. Патувај, релаксирај се, опушти се, ќе биде пак. Штом си забременила, пак ќе забремениш. Јас забременав по две години од вонматеричната, по обиди од 4-5 месеци. Ама се опуштив психички и го посакав, а пред тоа бев во грч. Сега детето ми е 15месечно. Се обидуваме за второ 3 месеци, ама изгледа не сум психички спремна иако вака си го посакувам. Мене ептен психата ми влијае и стравот ме кочи, и оние мисли на калкулирање, ако вака биде сега, тогаш ќе биде ова, она, се замарам со замислени работи. И самата си создадавам кочница, а не треба. Тоа е... Ти праќам поддршка и сила за понатака. Ќе успееш
Инаку да се дополнам од претходната објава. Го прашав мојот гинеколог кој е навистина стручен и внимателен доктор, дали ќе биде потешко со еден канал за забременување. Ми рече нема зошто да е потешко, не е пречка и така треба сите да веруваме. Да му веруваме на телото на неговата способност и преку верба да си даваме волја и сила.
Ти благодарамм многуу, ќе го пребродам и ова но ми треба малку време да се опуштам, бидеќи цврсто верував во оваа бременост дека ќе биде сега сум уште во шок, само малку да се освестам се ќе оставам зад себе и ќе продолжам напред
Здраво, јас прв пат пишувам во темава, се надевам ќе ми дадете совет. Вака имам едно детенце година и 5 месеца(вториот месец одкако се обидувавме забремени) и се беше во ред освен на крајот што примав клексани заради покачени ддимери. Од септември 2020 се обидуваме за второ, но безуспешно, зимото имав циста се но се среди, од март навака се беше во ред, и во мај сега останав бремена одвај се гледаше бледа линија, на 13ти мај требаше да добијам и мислев дека сум добила но само неколку капки другиот ден правев тест и се покажа, со консултација со гинеколог пиев дабростон бета 126 рана бременост но по 3 дена почнав пообилно да крварам, отидов на Гак не се гледаше плод бетата опаѓаше, немаше потреба од киретажа поминав само со капки. Бев на контрола се беше во ред. Месецов добив на 19ти испитав хормони ако некоја се разбира да ми каже дали се добри матичната ми е на одмор. Дали некоја имала слично искуство, за колку време повторно се обидувала и останала бремена? Кои други испитувања да ги направам? Се извинувам за долгиот пост и ви благодарам
Не треба да ми дојде во петок,брадавиците ми се многу осетливи кога ги пипнам се стврднуваат веднаш и ме узболуваат. Порано не знам дали ми биле не сум приметила. Дали може да значи тоа симптом?
I jas go napraviv 2 den pred dobivanje bese so bleda i na denot na dobivanje napraviv drug najevtin bes crveni ubavi
Се зачудив кога те видов во темава Рано ти е за тест штом си имала овулација на 18ти. Барем уште 2-3 дена нека поминат. Ти посакувам побрзо да те снема од темава
Зошто се зачуди? Штом сега немаше ништо не верувам дека за 2-3 дена ќе има нешто,се разочарав Знаев дека е рано ама душа не ми издржа.
Те мислев уште си "мала" за овие работи Нема разочарување. Можеби баш утре ќе се појави цртката Ама не се оптеретувај. Колку време работите на случајот?