Jas ne mozam da zabremenam ima 1 godina i pol otkako go ostranefte na priroden pat moze da zabremenis
Го имаш острането веќе? Јас забременив два пати ама не знаев дека имам септум на матката,откако го остранив ова ми е втор месец како пробуваме. Зошто не одиш на гинеколог нека ти закажи ХСГ да те снимаат да не ти се запушени каналите?
Bef napravif hsg kanalite se vo red ednite mi vikst imas septum drugite vikat nemas neznam.so da pravam
Здраво девојки, не знам дали пишувам на вистинското место ако не е извинете. Другарка доста време со сопругот пробуваат, докторите не им даваат надеж за природна бременост, не се од тука па слушнале за некоја жена Наде што прави масажи и е доста добра. Жената што прави масажи е од Скопје и живеела некаде во близина на Америчка амбасада како што разбрав. Дали можеби знаете број да се јавиме бидејќи се од Србија да закажат или можеби имате некакво искуство со овие масажи?
Здраво, не знам навистина точно да ви кажам, знам масира и доста има успешни приказни од кај неа. Можеби со масажата стимулира нешто или подобрува нешто... не знам, ако успеам да најдам број ќе се јавам да им закажам термин на другарите и се ќе прашам.
здраво девојки, може ли да споделите што се испитувања имаат направено вашите партнери, до сега имаме испитано хормони, ехо комплет преглед на уролог, крвна слика, спермокултура.сакам да сме сигурни да не пропуштаме нешто
1 Недела пред добивање , се надеваш , но ипак знаеш дека ќе добиеш .. Женски мислам дека паѓам во депресија неможам веќе мислам дека би требало 2 -3 месеца да направам пауза ..
Девојки да ве прашам вчера купив селф клир тест и имаше ептен бледа црта,потоа земав шурчек и сабјле го правев негативен нема ни бледа црта,инаку минатиот месец добив на 22 ден денес ми е 22 ден.Ќе почекам до Понеделник за нов тест.
Женски испитувања има многу( генетски мутации,хормони,ехо,хсг) а за машки обично се испитува спермограм и спермокултура и имало и некое испитување Сар , јас почнав со витамини од почеток на планирање бременост а овој месец пиев коензим Q10 кој многу помагал ,но во бременост не се пие како што читав
Дај боже се надевам,само ме плаши ме боли препонот десен многу на допир се плашам да не е вонматерична,се надрвам глупости мислам.
Едно прашање, дали се вакциниравте? Што кажуваат гинеколозите? Дали одобруваат вакцина во процес на забременување? Дали некоја се вакцинираше? Дали треба да се паузира со процес после вакцина? Не сакам рекла казала муабети сакам да знам што мислат докторите.
Здраво. Јас се вакцинирав, претходно побарав мислење од гинеколози и др. Никола Пановски. Ме советуваа да се вакцинирам. И дека во период на вакцина и ревакцина не треба да се остане бремена, а две недели по ревакцина може. Јас дека се вакцинирав со Синофарм, ми рекоа и дека таа најбезбедна за оние кои планираат бременост. Се мислев и јас многу пред да се вакцинирам, но малку се опуштив психички сега кога знам дека сум заштитена на некој начин.
Мене и матичната и Јани на трансфузиологија ми рекоа да почекам, ама тоа беше пред едно 2-3 месеци. И мене ме интересираат други мислења, зошто некако страв почнува да ме фаќа
@Цвет88 и јас се советував со гинеколог и ми рече дека можам да се вакцинирам. Со синовак ми предложи (не дека имаме избор) но јас одложив вакцинација бидејќи прележав во април. Да не бев прележана сигурно ќе се вакцинирав и јас и сопругот.
Јас имам слушнато дека треба да се чека 3 месеци, затоа и реков дека не сакам рекла казала муабети. Фала ти во секој случај. Ќе чекам дали ќе добијам, ако добијам секако ќе појдам кај матичната па ќе видиме. Некако работава не ми е за чекање за ништо ... @V.N. и мене ме фаќа страв, а не сум вакцинирана до сега не зошто не сакам туку баш од оваа причина. Не ми се чека за ништо искрено, а и работава кога работиш на бебче а не иде не е лесна. Си викам што ако баш тогаш треба да се фати.. од друга страна сакам да се заштитам. И се си се собира, пандемијава,проблемот, годините... Не е наивно и лесно.