Иначе овој месец после хсг - то баш се понадевав. Ми доцнеше 4 дена, што ретко е случај, а имав и некој бел густ исцедок. Таман да правам тест, ме изненади. Сега ќе земам кломифен повторно од овој месец, по паузата од три месеци. Кај мене природно не се создаваат фоликули, добро реагирав претходно на кломифен и пак ништо. Една неуспешна инсеминација. Резултатите покажуваат дека се е ок, а пак не бидува. Се чувствувам некако поништено, не знам кој следен чекор да го превземам. Да ми откриеја некој проблем, барем ќе знаев тоа е тоа, а вака уште потешко ми е.
Прашај си неколку доктори, ќе собереш повеќе мислења. И моја колешка беше во иста каша како мене, а она е 40 + и планира ин витро. И она се распрашуваше тогаш и сите и потврдија дека може да се вакцинира.Матичната ми рече вакцинирај се бре, барем психички ќе се опуштиш. А за тоа колку треба да се чека после вакцина и јас мислев дека е минимум 6 месеци, додека не прашав доктори. Две недели, но ако ми е мисла едниот ми рече може да чекам да помине еден месец. Другиот исто две недели било сосем доволно. После прочитав и дека Синофарм и Синовак се безбедни за бременост. За другите вакцини не знам, иако колешката се вакцинираше со Спутник.
За вакцинирањето и планирање бременост го споделив моето искуство во темата за корона вирусот. Ќе го копирам истото и тука.
Јас не сум почнала овој пат уште по доктори освен што проверив хормони, беа ок, пап и фоликули ок и почнавме. Ама еве 10 месеци ништо па си викам редно е. За првото ми викаа пред година година ипол обиди е рано...ама исфорсирав, направивме се до хсг, на хсг не ме пушти димитров немало потреба и за брзо останав. Не сум паметна веќе што да правам искрено. Фала ви на сите, за 10 тина дена ќе знам на што сум.
И јас сакам со испитувања да почнам 6 месеци се обидуваме веќе,само пап што правев ништо друго не сум. Имам полицистични јајници ама гинекологот ми рече дека сум можела да забременам. Ич не ми се оди по доктори ама времето си врви.
Ни мене, посебно зошто првиот пат година ипол секој месец и сите викаа се е ок. Гинеколози, ендокринолози, уролози... Аман веќе .. се е супер супер... Некад не ми се ни збори. И уште коа ќе ми кажат ајде шо чекате,ела да ти покажам што значи чекањето за мене...
И на мене почнаа да викаат што чекате,покана чекаме што друго ај не ми се отвара уста. Минатиот месец и тест за овулација зедов највеќе односи имавме у плодни денови и на крајот ништо.
Јас се консултирав со матичната ми рече не е пожелно кога планирате бебе, уште се нови и не доволно испитана за овие состојби. Добив совет или да се вакцинирам и да чекам 1 месец после реакција или да не се вакцинирам и да работиме на бебе.
да потполно и мене исто и матична и гинеколози и ендокринолог сите ми рекоа подобро уште сега него ли недај бозе да мислиме кога ќе се деси, а сите тоа чекаме со голема желба за бебче така да и ја планирам со која и да е подобро сега него ли покасно, а ќе се треба пак по болнци да се иде вака бар на сигурно да сме
Сега проверив точно се вика МАР ТЕСТ некој вид имунолошко испитување дополнително на спермограм и спермокултура
аха а каде точно го прават кај нас знаеш има некој да сподели искуство ако испитал?не нзам што би било поразлично од обичен спермограм и спермокултура
Со овој тест се испитува дали во спермата има антисперматозоидни антитела ( ASA) и се гледа дали се слепени сперматозоидите ( аглутинацијата). За во Плодност знам дека прават, за друга клиника Немам инфо
Во приватните прават, органџиски,плодност,систина..немаме испит Во приватните болници плодност,органџиски,систина..ние немаме испитано...пиши ми во пп со пролактинот како си
А во бременост може да се вакцинира? Јас живеам во Англија и сакав да се вакцинирам меѓутоа сум бремена. На маж ми на работа му кажале не е согурно зошто предизвикала многу абортуси и сега незнам што да правам. Инаку тој е медицинско лице и колегите му кажале. Искуства и мислења?