Од ноември има бајаги време, може и веќе да нема антитела, зошто не е докажано колку време траат. Ако ти е мисла прво испитај антитела. Мене ми е страв од делта сојов, доста ми беше британскиот, па би се вакцинирала и во бременост ако треба.
Да ви се надоврзам на разговорот. Јас исто во тешки мисли бев, мат.гинеколог ми вика сакаш бремена и недај боже да фатиш корона со недај боже тешка слика, или вакцинирана и заштитена кога ќе си бремена. И читам читам мислења од доктори, тука и пошироко и на крја отидов кај докторорката што е за консултција пред вакцина и и викам : Дали може да се вакцинирам, планирам бременост? Она вели па као не се препорачува некој месец.И велам кажи ми што би било доколку останам бремена периодов? Дали ќе ми штети на плод, на мене? И ми вика познавам особи кои се вакцинирани и останале бремени. Фала многу тој одговор ми требаше. И се вакцинирав, па како Господ одлучил така ќе биде со секој човек. Со среќа и лесно на сите, и со Господ напред да се селиме од оваа тема во оние поубавите
Девојки, Сакам да ве прашам дали сменивте нешто во животниот стил, дали пиете некои витамини кога пробувате за бебче? Ова ми беше прв месец што пробуваме, после загубата во 7ми месец од првата бременост… Тогаш се фати од прва, имав надеж дека и овој пат ќе биде така… ама денес ми дојди
Девојки јас добив вчера,сакам да ве прашам денеска ме боли како некој притисок од десна страна како за овулација можно е да ми е овулацијата на 2 ден менструација така се осеќам.
Не може. Освен ако имаш слабо крварење што може да се јави околу овулацијата. Обично е само на бришење, трае пократко и може да е помешано со плодна слуз.
Имаш тема хистероскопија, таму можеш да си прочиташ што те интересира. Јас ќе правам во Ремедика, ама отстранување на полип и ми кажаа дека е 30 000, дали ќе има плус трошоци ќе видиме.
Јас лани во Јануари вадев полип во Ремедика и платив точно 30 000 ден, нема дополнителни трошоци. Лежеш таму од прилика околу 3 h и те пуштаат истиот ден.
А дали спиевте таму една ноќ? Или истиот ден ве пуштија? Сега баш мојот маж ме корегира, всушност сме платиле 25 000 ден. Доколку не сте ноќевале таму, навистина огромна разлика А нешто ми се врти во глава, следното приватно инвитро да го правеме таму, но изгледа многу од членките се во право, бааѓи е изгледа поскапо во Плодност?
Не спиев... Околу 17.00 часот си заминав дома. Да знаев дека е толку голема разлика ќе одев во Скопје.
Девојки денес 5 ден менструација ми е,до 3 ден беше нормална освен вечерта немав ништо само на бришење,вчера исто така само на бришење розево имав,сабајле па немаше ниишто и кафено беше,сега повторно почна да ми тече менструација,дали е нормално??
Значиии не си прави стресови безврска, нормално е, зошто да не? Кафеавата крв е застарена крв, јас 4ти и 5ти ден само кафеаво имам. Секое тело си е различно, не ја мисли многу нека ти помине мензисот и удри јако
Знам кафено последните денови дека е нормално ама мене како прв ден почна да ми тече менструација црвена.
Vo sistina pred 5 godini kostase okllu 30 000 denari. Mene histero plus laparo mi izleze 65 000 denari