Девојки денес треба да не добијам имам болки и грчеви во долниот дел на стомакот немам никакви други симптоми дали е можно да сум бремена ќе почекам да не добијам денес а утре ќе правам тест за сигурно.
Овој пат не знам дали ги фативме плодните денови,бевме ептен зафатени. Е сега ме интересира наредниот месец сме на одмор закажавме и ако испаднам бремена да одам ли?
Првиот месец без успех но вториов месец од како пробуваме за бб се фати и конечно позитивен тест ги имаме погодено плодните денови ви посакувам на сите да си дочекате ваква радост ❤
Јас мислам дека можеш да одиш. Како ќе се чувстуваш ти ќе видиш и што совет ќе добиеш од гинеколог. Но, според мене вака почетно не би требало да ти прави тешкотија
Па тоа се почетни симптоми, болки исти како за добивање. @shz ако си бремена консултација со гинеколог, кога веќе прашуваш, јас не би одела бар првите три месеци
Оди си на одмор и уживај, првите месеци е супер, последните се проблем заради топлината, потешко се издржува. Избегнувај базени и сите неистечни води, полни се со бактерии а башка и многу хлор во вода не е добро за бебето. Инаку во море слободно си се бањај и уживај.
До 7 дена "живеат" сперматозоидите во телого на идната мајка. Најдобро односи 7,6,5,4,3,2 и 1 ден пред овулација. Ако е баш на ден на овулација шансите се помали, бар од она што имам читано. Од крај на мензис е најпаметно да се почне со обиди. Мене третиов пат од првпат ми се "фати", осум дена по завршување на мензис, или на 14ти ден од прв ден на последна менструација
Знаев дека сум бремена и во 7та недела отидов на одмор се нај најнормално .На море се разбира не на езеро . Ако плирате на море слобидно оди. Најнормално си седев по цел ден на плажа се сончав ,си пливав колку ми душа сака не се лишував од ништо исто како да не сум бремена. Немав апсолутно никакпв проблем
Девојки освен метилирана фолна на Now- портокаловата што други витамини зимате/препорачувате за појачување на јајце клетките, дали има некој искуство со Synergy- Fertilimin виолетово се гледам по аптекиве доста ги промовираат.
Многу далеку размислуваш Внимавај на очекувањата и разочарувањата што следат, од искуства на блиски. И не зависи сѐ од желбата на идната мајка, ами и од состојбата и "желбата" на детето кое го носи. Ова може звучи шашаво, ама јас имав идеална прва бременост, без никакви проблеми и тешкотии, а во оваа ми е сосема различно. Што и да планирав, немаше да биде по мое заради мачнини и низок притисок кој не ми дава да станам од кревет некои денови. А првиот пат ми беше страв и непотребен ризик да патувам, дури и за на одмор. Овојпат, без вакцина, со светска пандемија, ич не ми се ризикува. Заклучок, од многу фактори влијае дали и кога на одмор
Се согласувам. Ние спремни за одмор, дознавам дека сум бремена и гинекологот ми вика не препорачувам да патуваш првиве месеци и откажавме одмор.
Obicno bidejki e vestacki predizvikana ovulacija e porano, a ne pokasno, osven ako gi imas pocnato od 5ti den.
Се извинувам што ќе се вмешам,но дали по завршување на Кломифен беше на контрола кај гинеколог? Се препорачува еден ден по завршување да одиш на мерење фоликули.