Јас мислам дека не игра голема улога позата. Секс е секс, се додека е незаштитен секогаш има шанса за бременост. Не за џабе сперматозоидите се наречени пливачи и не џабе се лачи лигав секрет во овулација. Само уживајте во позата што ви е убава и ќе бидне
Последна менст. на 14.08,понекогаш чувствувам како гадење и мали болки во стомакот,но вчера и денес приметив кафеав исцедок.Пијам овунорм,фолна и вит.Ц. Дали е овулација и дали некоја има исто искуство како моето.(По 8 месечни обиди за бебенце, сеуште нема позитивни резултати)
Немам некое големо искуство , но кога пробувавме со маж ми тие пози не ги “користевме” затоа што сакавме бебе. Само во мисионерска завршуваше и “doggy” .
Ако вие не сте ги користеле, не значи дека кај некои нема да бидат ефикасни. А вакви написи од новинари кои напишале нешто само колку да напишат, непоткрепени со никакво стручно мислење, не значат ништо.
Не кажав дека нема да бидат ефикасни кај некои парови , само размисли логично како сперматозоиди те би патувале подобро до јајце клетката. На крај краишта кај сите е индивидуално некои со години пробуваат во сигурните пози па не доаѓа до бременост без да постои друг проблем, ти напоменав дека немам многу искуство во пробување ама дека тие пози успеаа кај мене од прв пат.
Честитки, со лесно до крај. Јас во понеделникот примив втора доза, сега го чекам циклусот за 6 дена па почнуваме пак со обиди. Фала ти
На сперматозоидите им треба време да стигнат до јајце клетката. Не се случува тоа во истиот момент. Па логично, позата и не е битна за патувањето на сперматозиодите
Pozd druga tema ali sum nova ne znam kade da prasam dali znae nekoj kade moze da se napravi hsg na kanali vo skopje privatno ? Vi blagodaram
Почнале значи и во ремедика. Пред 2,5 години немаа, јас си побарав и правев кај др.Бојаџиев во Систина. Злато од човек.
Не прават ХСГ во Ремедика. @Somea ХСГ приватно во Скопје прават во Систина, околу 6000 денари и кај Толовски, 4200 денари.
Можеби прашањето не е за овде но ке прашам. Дали некоја од вас имала искуство со мацина трева (очајница). Велат дека помагала и кај запуштени јајцеводи. Ја пијам веке еден месец, зедов три дози така ми кажаа па ќе видиме. Единствена промена што осетив е кога добив циклус (инаку прв циклус после спонтан аб) јас никаква тегоба не осетив. Првиот ден секогаш сум имала болки. Јас многу верувам во билки и во народна медицина. Како се лечеле порано нашите баби, прабаби со билки со природни лекови.
Јас имав на ендометриум и плус уште една и пиев антибиотици, на контрола сум пред трансфер да проверам дали се излечила. Како ја откри?
Па мажот ми имаше мака и беше на уролог имаше некоја инфекција пиеше панцеф,во меѓувреме јас направив брисеви дали е нешто бактериски и на брисевите испадна дека ја имам оваа бактерија,матичната ми даде панцеф и мене и некој вагиналети се надевам брзо ќе ја снема,инаку од кога беше на уролог не сме имале односи без кондом овој месец се чуваме здравје за наредниот ако биде се како треба.Малку се разичарав ама тоа е.