Поддршка за сите оние што сакаат да забременат

Дискусија во 'Бременост' започната од bik23, 29 октомври 2010.

  1. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.812
    Допаѓања:
    99.185
    Па членката што ја почна темата се споредува.

    "Едноставно природата ги надарила со плодност, и покрај нив се осеќам помалку моќна. Не толку способна за имање деца."
    Ова е од нејзе напишано. Не ти личи на споредување?
    Од кога моќноста се мери со способноста за имање деца?
     
    На kikikikirika, Kris80, Peace Lily и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.471
    Допаѓања:
    183.654
    Пол:
    Женски
    Членката кажа и дека е свесна дека не треба така и дека има потреба да разговара со стручно лице, ама ајде да и го изанализираме секој збор, да ја стаиме на клада и да донесеме заклучок дека посакува нешто туѓо.

    И се тоа во тема за поддршка. Оукеј.
     
    На elenaklasik и Nikolina35 им се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.880
    Допаѓања:
    18.757
    Пол:
    Женски
    Точно е дека секој си знае колку го боли за нешто што нема, јас не се сомневам дека тебе и на сите кои сакаат второ им е тешко.
    Ама треба да се има обзир дека не е исто да немаш дете, и да се бориш со неплодност за второ трето.
     
    На elimkd, tajci83, marijamarkoska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.471
    Допаѓања:
    183.654
    Пол:
    Женски
    Тука сме за поддршка на сите. Или ќе си ги мериме болките па чија ќе е поголема заслужува повеќе поддршка од другите или како?
    Зошто воопшто да се наметнува таков гилт трип на едните, кога можеме сите да сочувствуваме едни со други?

    Девојката ја читам некое време, самата е свесна дека чувствата и се погрешни, ама и е тешко да се избори со нив. Ај да ја дотепаме оти некој нема деца воопшто.
     
    На elenaklasik, Nikolina35, Jana06 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    И ова мислам дека е индивидуално. Околу мене имам неколку различни примери, а можам да замислам колку ги има глобално. Мене желбата за второ ми е поголема отколку што ми беше за првото. Првото сакав да се случи ама не копнеев толку многу како сега и бев трпелива.

    Имам една другарка што после 7 години од првото дете остана бремена. Првото како од шала се фати непланирано, па после две неуспешни бремености конечно сега е бремена и има панични напади од страв.
    Другата забремени брзо после првото и плачеше цела бременост дека не можела да сака друго дете освен првото.
    Една имам што после 3 години обиди забремени и сега во бременост се убива од алкохол.
    И најинтересната што си го сака тоа едно детенце што го има и не сака второ зашто желбата и била да биде единец, да има се што ќе посака, да не дели со никого и да направи совршен маж од него :wasntme:

    Не е ни важно кој што сака, колку и кога. Важно е на крајот на денот да си легнеме среќни и насмеани каква и да ни е желбата.
     
    На Kaja991, Ceneva, stsmua05 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.812
    Допаѓања:
    99.185
    Па да, во тема за поддршка каде поддржуваме една група на жени, а напаѓаме други.
    Јас па не сум знаела дека жената која лесно зачнува треба да раѓа 2,3,5 деца само затоа што некоја друга мисли дека е себична и и' ја потхранува нејзината анксиозност со своето однесување и ја нервира со своите изјави дека за повеќе деца требаат повеќе пари и сл.
     
    На kikikikirika му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.471
    Допаѓања:
    183.654
    Пол:
    Женски
    Oh, my...
    Целосно и ги вадиш од контекст муабетите на членката за да направиш поента.
    Нека ти биде. Немам намера ниту воља да дискутирам повеќе на темава.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Anaksunamoon

    Anaksunamoon Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    1.843
    Пол:
    Женски
    Аха, по троа забегавте со муабетот.. Мислам дека во тема осетлива како оваа, освен коментари за поддршка, треба да се воздржиме од други коментари
     
    На naturallmess, spasovskam, GIGI69 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. marijamarkoska

    marijamarkoska Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2017
    Пораки:
    1.296
    Допаѓања:
    2.350
    Пол:
    Женски
    Предобра ми беше намерата...да утешам и да се мисли позитивно, а зборовите ми беа извадени од контекст и мн лошо потенцирани. Мислам дека за секој од нас е добро да се мисли дека од нашата болка има и поголема, наместо да семисли зошто некој е посреќен од мене. Се надевам нема да продолжи во лоша насока муабетов во темава :) и мислам дека членката добро ме свати и на неа влијаев баш позитивно како што ми беше намерата.
     
    Последна измена: 5 септември 2021
    На baby 5, le.soleil, elenaklasik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.930
    Допаѓања:
    12.104
    Пол:
    Женски
    Што си го издвоила ова? Од кај знаеш дека баш ова го мислела кога велела споредување? Ќе ме цитирала самата членка.
    Ова беше кажано за луѓе кои се одмеруваат на некој начин колку деца би посакале толку би имале, ама дека не сакаат повеќе, нели не им се раѓа, па нема да раѓаат.
    За таков тип на луѓе го напишав. Такво чувство ми оддаваат. И особено кога кажуваат такви коментари пред други кои знаат дека имале сопка при забременување.
    А потоа наведов примери за луѓе кои ги дефинираат децата како дар како нешто најсвето. За овие не велам ниту мислам дека се одмеруваат, туку се гледа дека сакаат деца и се благодарни што ги имаат. И пред нив не се осеќам така, туку добивам повеќе желба за уште едно дете.
    Џабе ти е издвоениот пасус, си се истрчала само.
     
  11. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.930
    Допаѓања:
    12.104
    Пол:
    Женски
    Шо си срцка... :hai:
     
  12. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.812
    Допаѓања:
    99.185
    Полна си фрустрации и љубомора.
    Кога би си го гледала повеќе сопствениот живот и твоето дете, а помалку туѓите животи и туѓите деца, верувам би ти било полесно.
    Се надевам ќе научиш да бидеш благодарна за тоа што го имаш, а не сите да ти се криви за тоа што го немаш.
     
    На kikikikirika, Peace Lily, An-na и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.691
    Допаѓања:
    21.363
    Пол:
    Женски
    Ви се чудам како имате енергија да правите непотребни дискусии и да кукате за работи што реално не се до толку трагични и можат да се сменат ако си поработите на мајндсетот.

    Вие со по едно, две деца што копнеете по друго дете бидете му благодарни на Бог и на животот што имате едни мали очи што ве гледаат секој ден и сте им цел свет. Имајте осет дека сте во тема каде 90% од членките се мачат за да добијат барем едно дете и не бидете себични со вашето филозофирање на несоодветно место.

    Искрено не ме интересира кој ќе се пронајде и навреди и стојам зад секој збор. Себични сте и максимално без емпатија. Да, на секого неговата болка и копнеж му се најголеми, ама малку осет!

    Никој не ми е крив за се што ми се случи, ама читајќи ве вас испаѓа дека после се јас треба да се убијам. Ако вас ви е тешко што не можете да имате или не можете да се решите дали да имате уште деца што да кажат жените што плачат за барем едно?

    Имајте осет бе жени осет!
     
    На Mumoftwo30, Iliana88, Anturium и 36 други им се допаѓа ова.
  14. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella Браво за секој збор! Апсолутно се согласувам со тебе.
     
    На spasovskam и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.471
    Допаѓања:
    183.654
    Пол:
    Женски
    Да разјасниме:

    1. На темава дававме поддршка на членка што сака второ. Повторувам П О Д Д Р Ш К А, (за што всушност е темата, тотално нерелевантно за кое по ред се работи). Поддршка меѓу девојки во иста ситуација.

    2. Тргна во друг правец откако се вмеша трета членка со - "посакувањето туѓо оти не било прво". Wtf?! |(

    И
    3. Сепак излезе како што мислев. Темава сепак е за одмерување болки и едните треба да поќутуваат оти веќе имаат едно, неблагодарни едни тие, нема што да копнеат по друго, трето, петто, оти иначе немаат осет и се себични, оти повеќето тука сеуште немаат.

    Ги избегнувам темиве токму поради фактот што скоро никој не гледа објективно, туку секој си поаѓа од својата болка. И нормално се некој има поголемо право од друг, се некој треба да поќути, и тоа едно што го имаш низ нос ќе ти го извадат. Очигледно не смее да ти е тешко за второ оти веќе имаш едно. Ма какво плачење, стисни заби таму, таман работа, неосетни и неемпатични едни. Ајде сега сите да престанат да зборат за своите татковци, оти иначе немаат осет и се скроз неемпатични према нас што немаме и бескрајно ни недостасуваат во животот. Нашите татковци нема да се вратат, ама овде сите ќе станат мајки порано или подоцна. Ајде секој некаде да престане да збори за нешто што го има или прави, зошто некој секогаш ќе се најде погоден иако не треба. Не е реално нели. Секој да си се посвети на својот мајндсет најарно, не на туѓиот. Секој води свои битки, малку безобразно е да се обезвреднува туѓата болка зошто ти имаш своја.

    Ама тешко е да се прескокне коментар што не ти се допаѓа. Одма мора да се одмеруваме и докажуваме кој е побитен. Тоа е работата.


    За крај, на сите ви посакувам подеднакво да ви се остварат цртките кои ги посакувате, да ги победите демоните без разлика за кое по ред дете се работи. Болката е таа.

    Да порачам на сите што си имате болка за второ, трето итн.. треба и имате право отворено да разговарате за тоа, оти вашето ментално здравје е исто така битно, и без некој да ве убедува во спротивното и да ви создава вина. Тука не сте добредојдени и нема да наидете на разбирање очигледно, побарајте од модераторите да ви направат друга тема.
     
    На naturallmess, fana, Kris80 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    540
    Допаѓања:
    2.284
    Пол:
    Женски
    Сега прочитав што ти се случило и многу ми е жал, за жал сум го поминала тоа и знам како тие.
    Доколку ти треба разговор слободно пиши ми, те гушкам.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Што ли барам сеуште на форумов...
     
    На Anaksunamoon, LucyLu и elenaklasik им се допаѓа ова.
  18. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    540
    Допаѓања:
    2.284
    Пол:
    Женски
    Има такви периоди :rofl:
    Се мислиш, па пак и така во круг и пак се враќаме назад :lol:
     
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Па да, се враќам за брз одговор на анонимно прашање, за неколку членки што комуницираме во инбокс. А вака... Ај подобро да си поќутам.
     
  20. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.346
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Во ваква тема каде што сите на некој начин имаме потешкотии нормално е да дојде до недоразбирање, секоја од нас доживува стрес, па нормално на различен начин реагираме сите. Излишно е да зборуваме за случајот што го кажа членката бидеќи на некој начин таа се почуствувала навредено и сакаше да се искаже, најдобро таа ги познава луѓето и знае во каква насока го водат муабетот. Сите мои пријатели знаат за мојата ситуација и никогаш не сум се чувствувала како членката бидеќи секогаш се избегнуваат такви теми и се бираат зборови, иако половината се со деца а останатите бремени не дозволуваат недоличен муабет на маса.
    Кога сме кај БОЛКАТА за прво и второ дете се разбира дека не е иста и не може ни да биде. Да се има дете значи да се стане родител. Сите што имаат потешкотии за првото се плашат дали воопшто некогаш би се оствариле во таа улога, додека другите веќе се оствариле во таа улога (или што би рекла јас бог ги благословил) имаат желба за поголемо потомство тоа е различно, барем јас така сваќам. Едните копнеат по зборот МАМО, додека другите веќе секојдневно го слушаат. Далеку од тоа дека треба да останат на едно и не треба да се борат за поголемо потомство… За мене се два различни поими овие две работи… ЖЕЛБАТА е иста но БОЛКАТА барем јас мислам не.
    Темата е за сите иста но барем поимите не ги мешајте ве молам …
     
    На Ceneva, Sandra Stojanova, spasovskam и 7 други им се допаѓа ова.