Здраво девојки, официјално одлучивме да пробуваме за бебуш, се надевам дека нема да се дружиме многу во оваа тема, туку во труднички ќе си пишуваме сите Треба да направам некои испитувања пред да останам бремена или? Еднаш годишно секогаш си правам пап, брис и ехо.
Не, пробувајте си прво и дај Боже да биде што поскоро. Ако евентуално не бидне во следните 6 месеци можеш да си направиш основни испитувања. Земи си фолна да пиеш ако веќе не си почнала и со среќа.
Ти благодарам многу, не сум почнала со пиење, ќе си читкаме за апдејт иако е сеуште многу рано. Фолната оди со рецепт така? Извинете со прашањата, се ми е ново ова.
Не, не ти треба рецепт. Можеш од било која аптека да купиш. Според мене подобра е метилираната од обичната. Побарај на Now или Solgar, добри се.
Што даваат сега докторите во замена за Циклопрогинова ? Бидејќи, како што разбрав, Циклопрогинова ја нема веќе на пазарот.
Правев сабајлево, негативен. Најверојатно имам некое хормонално пореметување. Не можам веќе, се изморив. Што сака нека биде.
Ти посакувам да се изненадиш како мене кога најмалку очекуваш и тоа да биде за многу брзо време одмори малку од лекари па кога ќе собереш сила ако има потреба на едокринолог.
После 4 години КОНЕЧНО две цртки . . . . Морав негде да пишам радоста е неизмерна, форумов ми беше и е од огромна подршка БЛАГОДАРАМ МНОГУ само позитивни мисли до сите .. .. ..
Ти упатувам најискрени честитки! Со лесно да си износиш, да си здрава, жива, среќна и ти и твоите најблиски! Господ нека дава секаде, да се усреќат сите што си чекаат бебе што побргу!