Тестовите не се секогаш најсигурни, боцни се ако не ти е мака, од кај знаеш може некоја скриена среќичка е Ајде ќе бидне, нема умор, малку психички одмор и олабавување и пак како нови ќе сме Мене пак ми касни требаше по некои мои пресметки петокот или саботата да добијам. Вообичаено немам редовен циклус, ама по хормоналните терапии примани зимава така ми се среди се ми иде од 28 до најмногу 30 ден, а претходно од 35ти па и до 45-46 ден ми идеше. И претходниве месеци годинава се навреме и требаше и септември така, ама се си мислам стрес од патиов може ми е, се некако глава ме боли ми делува тука на одмор ќе добијам, ама што знам може и не. Сепак главоболки не ми личи на рана бременост, што знам веќе @BGbgBGbg честито, ај да не повлечеш и нас тука од темава кон полни мешиња, со лесно бременоста
Мислам дека имам проблем со хормоните поради целиот хаос што ми се случи, а и си имам историја со хормонален дисбаланс. Имав надеж дека можеби е бременост зошто бевме баш активни и плус се виде дека имало овулација на ехо. Ама сега веќе немам надеж, тестот го правев 14 дена после ехо и не ми се верува дека е грешен. Ќе чекам да добијам па ќе проверам хормони. Очигледно ми е судено да се шетам по болнички ходници цел живот и тоа е.. Тебе ти посакувам да не добиеш и да ни се пофалиш со позитивен тест наскоро.
Нема "судено", туку има нешто што се нарекува "самоостварувачко пророштво", self-fulfilling prophecy, психолошки феномен. Малку верба во сопственото тело, малку "разговор" со универзумот/Господ, малку верба и позитивна енергија. Со среќа, сите имаме по некое мало чудо и ти посакуваме да ти се случи
Ти благодарам, нема ''судено'' , бриши тоа од мисли што мислиш дека ти е судено, судено ни е сите да наполниме раце Се ќе бидне во свое време, е после која радост ќе ни биде не можам да замислам, кога ќе се случи ќе сфатиме сите, еден ден, радост ќе ни се малишанчињата наши
@Anaksunamoon @Idedemja се трудам со сите сили да не ја губам вербата, уште таа ми остана. Се молам секој ден за тоа мое мало чудо. Ама некогаш има денови кога едноставно не оди.. Среќа во целата несреќа е што собирам сила и станувам после секое паѓање. Да се откажам секако нема, зошто нема нешто што посакувам повеќе од тоа да доживеам да го слушнам зборот мамо. Фала ви, вашите зборови за поддршка и те како ми помагаат во процесот.
Мила, да знаеш дека ќе слушнеш. Само тие што се откажале не успеале. Ти посакувам тебе што поскоро да се израдуваш
Феминки дали има некоја примано терапија со метформин и ппсле колку време останала бремена ? Јас ги пиев бидејќи имав нередовна менструација и покачен тестестерон....бацки до сите
Метформинот е за регулација на инсулин и го даваат кај ПЦОС , јас го пиев 18 месеци ( и други лекови за стимулација ) после 18 месеци останав бремена .
Здраво девојки, по подолго време се решив да пишам. 6 месеци се обидуваме за бебе, прилично сме активни но се уште нема ништо. Редовен циклус, ПАП уреден но забележав во последните 2 циклуси т.е. точно пред овулација розеникав исцедок. Пијам Ovunorm и фолна по препорака од гинеколог меѓутоа сето ова време што изминува прилично ми создава притисок. Кои испитувања сте ги правеле, какво искуство? Мојот гинеколог сака да се чека до година дена меѓутоа имам 32 години и едноставно сакам да се убрза некако процесот барем на елиминација во случај нешто да не е во ред. Благодарам
Мила и јас сум на твоја возраст и ние се обидуваме ама сеуште ништо.... и кај мене ПАП беше уреден, јас имав проблем со нередовен циклус па ми направија испитување на хормони и ми беше покачен тестестерон а исто така немав ни редовно овулација, па со терапија Метформин ми се среди циклусот и хормонот... исто и јас пијам фолна ама уште нема ништо..... Дали имаш проверено хормони?
Партнерот нека направи спермокултура и спермограм, со тоа би се исклучил машки фактор. За тебе брисеви и хормони на трет ден од циклус. Ако е сѐ во ред, следно хсг за да се види проодноста на јајцеводите. Искрено, јас не би чекала. И онака поголем дел од испитувањата се на приватно, барем мирна ќе ти е главата. Ви посакувам успех на сите, чистка да се направи темава. ❤️
Благодарам за советот, поради редовен циклус досега немам правено проверка на хормони. Дефинитивно мора да се почне од некаде
Ти благодарам за советот, ако ништо друго барем психичкиот момент да се ослободи. Бидејќи интуицијата ми вели дека нешто не е како што треба.
Микробиолошки тестови направили? И ние првиот пат 6 месеци се "мачевме", излезе дека имавме уреаплазма, се лечи со антибиотик, ама ги оневозможува сперматозоиди да пливаат.. По тоа за брзо време останав. Пред овој вториот пат, испитав наследна тромбофилија, заради една неуспешна бременост, која следеше по успешната. Ова нема потреба да испитуваш, матичниот ќе ти каже, ама за превенција (тука на форумот + во опкружувањето дознав дека секоја втора трудница е со мутирани гени) можеш да примаш метилирана фолна-чиста форма на фолна киселина која нам "мутантите" не ни штети. Со среќа, побрзо да се читаме во труднички, со други прашања
Да, микробиолошки тестови исто така уредни. Земам фолна поточно Abopholic meta на abopharma нормално по препорака на гинеколог. Искрено гинекологот ми е многу опуштена,теоријата нејзина е дека треба време, стандард муабет...
Здраво девојки Пишувам за да ми олесни Цел живот сум со нередовен циклус но со првата бременост немав никаков проблем, се случи брзо и беше школски пример. За следната бидејќи паузата е поголема и годините повеќе по препорака на гинеколог пиев овунорм. Само што почнав за 2-3 недели видов 2 цртки, но бременоста заврши со спонтан и киретажа. После тоа испитувања и се по ред, па пауза, па вакцина и поминаа 6-7 месеци. За тој период мене циклусот редовен ко никогаш до сега, мислам дека точно во саат ми доаѓаше на 30 дена. Кога решивме пак да почнеме да пробуваме, почнав да пијам и овунорм убедена дека се ,,магичното стапче,, но мене ми се одложи циклусот. Не само што немав овулација кога би требало да имам, мислам дека ја имав 2 недели подоцна но некако слабо ги чувствував симптомите. Како и да е и тогаш пробувавме со мм, но од тогаш се поминати 16 дена, циклус уште немам а тестот од сабајле негативен. Има ли можеби некој слично искуство. Секако ако не добијам до недела ќе закажам на доктор. Но чудното е што имам грчеви од време на време за добивање и градиве некои денови ме болат повеќе некои како ништо да не чувтрвувам. Извинете на долгиот пост
Овунорум не се хормонски апчиња? Јас ги мислам дека се за оние кои немаат овулација?! Додуше, не сум имала проблем, ама може и тебе ако си немала реална потреба да ти делуваат како контрацептивни пилули? Нека ме корегира некој, јас така ги сфаќам овие хормоналните пилули..
Не се хормонски апчиња. Покрај витамини и антиоксиданси, содржат и мио-инозитол кој се смета дека поволно делува кај жени со ПЦОС.
Здраво Феминки. Зад мене се 6 овулации кои завршија безуспешно, без бременост. Гинекологот ми препиша Овунорм. Ме интересира дали прави некоја промена во циклус, дали се накачува килажа со него?