Абе едни години што ги имаш Сеуште си во цутот на младоста бе Јас 30 имам, по клиникиве со девојче ми се обраќаат
Жени, бев два дена надвор од мк, сабајлр дојдов и седнав на лаптопот, гледам порно мм. Си глеал. Мн се натажив, а се трудиме за бебенце.. Се осеќам како предадена не знам...
Ajде и ти сега дека знаеш, ами колку пати го правел тоа, а поим си немала. Сосема нормално е и не треба воопшто да бидеш тажна или разочарана.
Здраво, треба да правам трета инсеминација, при прегледот ми открија полип на матката Доколку не биде успешна инсеминацијата( а нема да биде) наредниот месец треба да ми го вадат Дали имате искуство во врска со полип
Не го зимај тоа при срце, тоа им е еден вид издувен вентил, и на нив понекогаш им треба да тргнат мисли . Сама си кажа не си била тука па ете се снашол, што ти кажа погоре членката кознај колку пати гледал а не си видела. Не е превара, тоа е еден вид нормална ситуација
Годините немаат некое значење. Јас останав природно бремена на 33 првпат (после 6-7месеци овиди), на 34 од првпат што заврши со мисед на близнаците, и сега на 38 од прв обид. Докторот може и некоја друга агенда има. Знам дека со ковидот никој не сака да шета по доктори, ама за сѐ да си барате второ мислење, или ако се сосем спротивни и трето.
Дојдов само да искоментирам за спермограмите. Мн дезинформации има на темава, навистина се нервирам кога читам. @Freckles. спермограмот е добар. @Bebetoo волуменот е мал, концентрацијата е добра и заедно вкупниот број на сперматозоиди е океј. Но сепак би се консултирала јас за волуменот со доктор. Зависи и после колку дена апстиненција е правен. @BGbgBGbg A+B треба да е поголемо од 32%, идеално е А да е над 25%, ама секако дека зависи и од вкупниот број на сперматозоиди како што си пишала. Нашиот спермограм е сличен како тој на @Freckles. , само вкупниот број не ни е толку добар, ама арен е. Ниту еден доктор не ни кажа дека со таков спермограм не се останува природно бремена. Конкретно моја другарка сега е бремена природно, пред пораѓај , со морфологија под 10% правилни, А исто така прилично под 25%. Исто има и други случаи такви на форумов. Не е баш математика во прашање, се мешаат тука повеќе фактори. Да беше кај мене се идеално ќе забременев досега со нашиот спермограм, или да беше идеален спермограмот од мм, над 25% брзо прогресивни (прогресивни има и брзи и бавни, едните се А, другите се Б) со концентрација 100ка и со правилна форма 80% може пак ќе бев бремена, иако кај мене не е се идеално, ама па не е ни лошо. Се на се, после определен период ако не дојде до бременост, пожелно е да се почне со други процедури, да се бараат стручни доктори итн. @Бебе25 хахаххаха абе ме изнасмеа на сета мака. Зошто така сигурно " ако е успешна инсеминацијата (а нема да е)" ? Ти посакувам од срце да биде @Flooora96 зошто се разочара? Сакаше да апстинира за поголема количина на сперма или едноставно зошто мастурбирал? Ако е второто, нема што да се разочаруваш, најнормална работа, добро само малку е незгодно кога ќе начекаш докази Ајде женски поздрав до сите
Ме примате ли во групава? Искрено се надевам дека овој месец ќе биде. Три дена пред добивање сум. За нареден месец имаме закажано испитувања. Инаку со полицистични јајници сум. Неколку години сум со терапја на метформин и еутирокс.
Те примаме и дај боже што побрзо да се префрлиш во труднички и да не повлечиш сите Пушти слика кога ќе правиш тест, стискам палци
Од толку што се преокупирав и после толку негативни тестови почнав глупости да сонувам. Сум правела тест. Излегол позитивен и трчам на мм да му покажам. Ми го давам тестот во рака а тој ми вика тоа е тест за корона. И на крај се разбудив. И цело време се обвинувам. Дали поради тоа што сум со полицистични јајници се мачиме толку време. За мм овој месец закажавме спермограм па ќе видиме за понатамошни испитувања.
Фала ви на сите шо ме утешивте, се осетив некако дека не сум доволна па ај да си сврши работа, како и да е.. Не знам точно кога ми била овулација, расположението ми е безвезс, де вака де така, хормоните ми се побркани, ке ми текне ке си заплачам за една проста работа, иам некои чудни бодежи у матката ме затега, а до следна менструација имам уште 11 дена.. Гладна сум, нејадена а не ми се јаде..
@MarijaMi90 фала многу, не можам да опишам колку многу ме смиривте сите тука. гушки до сите! @Flooora96 драга знаеш дека здрав начин на исхрана е многу битен нели? Направи си овошна салата, или касни си мусли со јаткасти плодови и овошје, битно мораш да појадуваш.
Мене ми се појави полип во тек на бременост, сеа за сеа го следиме ама здравје после пораѓај ќе се отстрани, на ГАК ми рекоа дека е мал зафат кој трае 30мин, едноставен и лесен после функционираш нормално. Поздравче и не се секирај.
На трет ден доцнење, вчера имав силни менс болки и мислев ми пробива. Од сабајле бев со влошка цел ден ништо. Синоќа на бришење имав како розеникава крв помешана со бело прање, а сабајле влошката чиста. Еве денес сеуште не ми пробило и сега немам ништо на бришење. Збунета сум, не знам дали да го рачунам за менс или за имплантациско. Можно е толку касно имплантациско дури на 32 ден од циклус?
Добро утро мили мои! Бев на фоликулометрија имам убав фоликул и препорака утре да се боцнам со Ovitrelle за да прсне. И од вечер активни да сме веќе. Искуство со ова? Прв пат слушам па да знам дали да го барам по Скопје и во кои аптеки.