Јас само да се пофалам ги однесов Пап тестот, микробиолошките брисеви исто испитав крвна слика мокрача и прогрестерон... Сега ги чекам резултатите. Можам конечно да кажам собрав храброст да почнам се од нула повторно , но гледам светла иднина... иако ова чекање ме убива, но кај е Господ никој не е. Ве гушкам сите и нека кај сите се исполнат нашите желби што поскоро да гушкаме мали бебчиња....
Се ставаат 40 суви смокви во тегла со ладно цедено маслиново масло да стојат 40 дена, потоа се јаде по една на гладно од сабајле. Рецептов го прочитав овде, уште не сум го пробала јас.. се надевам ќе ни помогне
Да Ви пуштам мал апдејт на целата моја ситоација. Безразлика што ќе се случи можеби на некој ќе помогнам. Срце мое јуначко не издржа и бев на преглед во New Born Clinic кај Др Хаџи Лега. Не го знам докторот доколку имате искуства споделете. Мене конкретно ми остави добар впечаток од прва... ќе видиме. Има бременост која била многу рана. Јас треба да сум 5 недела и 3 дена, а излегува како да е 4та недела,меѓутоа Др не е сигурен мисли дека се две не едно,за 10 дена ми закажа да се видиме пак. Се надевам се ќе е добро
Чекај, чекај... Докторот мисли дека се ДВЕ?!?! Како две? Мислиш две бебчиња?? Лелеееее, пресреќна сум!! Дај Боже се' да биде во најнајдобар ред! Онака, школски да си износиш со лесно, радост, мир... Гали меше и олабави се, дефинитивно имаш причина за славење. Сепак има нешто таму внатре што од живот блика!! Те гушкамм
Фала ти многу, ми ја стопли душата со твојот коментар. Се што си посакуваш да ти биде реалност во најскоро време. Да, мисли дека се две сакусчиња меѓутоа не е сигурен сеуште, мора да се чека. А ја еден тип на чоек што сака да чека... што да ти кажам ама морам. Дааај Боже од твоја уста во Божји уши како викаат. Ќе пробам тешка сум со олабавување али ќе пробам.
Зависи што чувствуваш. Консултирај се со лекар, прашај дали можеш Неуробион да земеш. Мене ми помага колку толку..
Абе, изгледа докторот сакал да те предупреди, за после кога ќе одеш по 10 дена - да не паднеш директно на г*з (оти јас да сум - би паднала, дефинитивно)! Затоа тој така ти има речено, да си имаш во предвид Те , односно сега веќе би било - ВЕ гушкаммм Господ што побргу да не израдува сите. Амин
Ми стигна крвната слика. Се е во ред само што железото е мн намалено и докторот ми рече да земам терапија за железо. Исто и го испитав хормонот прогрестерон и беше исто низок ( 2.0 ) и ми рече дека не настанала овај пат овулација. Имам место за паника? Ги чекам пап и микрпбиолошките брисеви, па да ми дојди и да испитам хормони па на контрола. Ме загрижува мн проблемов со прогрестеронот, не ми даде никаква терапија туку да напрајме уште некое следење.... Имајте најубава вечер до крајот на годинава нека се исчисти темава, никој на светов не заслужува да ја води оваа борба. Незнам што би без вас, иако не се познаваме, ние сме ЖЕНИ , КРАЛИЦИ , ЛАВИЦИ И секако еден убав сончев ден МАЈКИ. ВЕ САКАМ.